Убо ни го начукаа.
Само се надевам нема да има посериозни повреди.
Па уште и порталиве наши објавуваат глупи вести од типот: Навивачите изненадени, Јунајтед одбил понуда за Мегваер!!! Па со ваков распоред, дури и еден Мегваер ни е потребен и нормално дека ќе одбијат понуда. Со стаклениот Варан, кој да не го почудам добро се држи сезонава...доволно е една повреда и/или суспензија на Мартинез и да останиме само со Линделоф на стопер позиција. Тогаш да, колку и да плукаме по Мегваер, може колку толку да помогне во овој турбо набиен распоред. Баскуз плус со повредата на ВДБ тоа е уште еден голем хендикеп. Марсијал да не го спомнувам колку е нестабилен.
Се надевам дека ќе земат уште некој на позајмица во средината, затоа што тешко ни се пишува со распоредов. Ќе издишат повеќето ќе папсаат. Во таква ситуација, сакајќи да сме конкурентни на 4 фронта, може лесно да останиме со прстот в уста и навидум одличната сезона да се претвори во уште едно разочарување. Затоа, мора барем уште еден средина да дојде и да останат главните играчи фит до крај. Сигурен сум дека Тен Хаг го има тоа на ум и дека добро ќе го изменаџира ротирањето на играчите.