Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
23 април 2012
Мислења
427
Поени од реакции
598
Џабе милион анализи, ако не ги тепаме Аргентина и Холандија, и барем една репрезентација во наредна фаза (значи, вкупно три натпревари), џабе континуираното учество на првенствата зашто очигледно тоа воопшто нема позитивен ефект врз репрезентацијата, дури секоја година сè полошо и полошо поминуваме.
А вака според тебе како гледаш да ја добиеме Холандија? Со 5-1 одбрана со брз центар со квалитет на играчи ?
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.994
Поени од реакции
3.611
Абе дури и да не пројдат група, пак ќе имаат 3-4 натпревари за играње. Искуство плус им е. Епа сега се повреди Томи, тоа е. Нема сигурно Кире да влегува да игра бек. Нека играат овие двајца, а ете може да проба и со Костески на позиција бек или со некој десен бек. А Серафимов има потенцијал во него - може треба во Вардар да дојде да се стегне малку како Тале и да почне да игра (има тој скок шут во него). :icon_lol:
Многу се критикува. Имаме пред нас и младинско ЕП (конечно излегување од Б-дивизијата) и кадетско СП, а веројатно и кадетско ЕП. Доста нови млади ќе собираат искуство и ќе се наметнуваат да играат во репрезентацијата. Тоа е што е, тие се играчите горе долу.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.773
Поени од реакции
8.878
Де бре сте се запнале за него и од уста не сте го извадиле. Шо има толку лошо напишано шо сте го занејќиле.
Чоекот е магистер за сите овие новинари во Македонија ова го работи од 16та год зборува перфектно шпански, италијански, француски и нормално англиски.
Акредитации не зема и се шлепова ко скопските квази новинари него работи со странски агенции и е дописник за нив.
Ако тоа ви смета незнам...

Да бе она со колумните седмерец е најдобра оти само за вас пиши а појма нема во животот.

Бидете реални еднаш во животе а не комплекси да вадите.
Што скокаш? му реплицирав на другарчето твое Горан кој сам спомна дека новинарите не критикуваат кај треба зашо зимаат кешарица од Кире или федерација. Само кажав факт, што и он го потврди во продолжение дека овој плус му ја пишува страната итн. Па после како сакаш тој ист профи новинар да удри критика тамо каде што треба. Ме заболе мене и за него и за другите. Ти кажуем како стојат работите. Како бе не зема акредитаци, ти знаеш ли како се влегува на натпревар? не земал акредитации..Нема везе, никој нема комлекс од никого само вистината малце боли. И те разбирам и тебе као негово другарче одма скокаш тука. Гледај малце реално.;)
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
А вака според тебе како гледаш да ја добиеме Холандија? Со 5-1 одбрана со брз центар со квалитет на играчи ?
Не би се нафаќал да давам анализи зашто не сум ги гледал Холандија нешто внимателно.

Сепак, што да гледам како да ја добиеме Холандија!? Америка без никаква традиција за ракомет нè престигна (ги тепаа Мароко), а ние со функционална лига, два пати европски првак (без разлика што е со странци), долгогодишна традиција, континуирано учество на европски и светски натпреварувања цела деценија, Кире Лазаров, СЕХА лига итн. ќе правиме виши математики како да ги тепаме Холандија и Аргентина... Сè освен поминување во наредна фаза и минимум три победи значи дека тотално погрешно се водат работите за овој спорт во државава.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.758
Поени од реакции
71.531

Не заебавај, Америка не престигнала што ги тепала Мароко, а ние вчера игравме со кандидати за медал.
Мароко не памтам неогаш да играле на СП, така што таа победа ништо не значи.

Реално, ни падна многу група, каде што нема изразит аутсајдер. Можеби тоа е Аргентина, ама далеку се од екипи кои се аутсајдери во другите групи. Па во повеќето групи има и по два тима што се класи под нас и аргентинците.

Треба да се намали со очекувањата и да се сфати дека толкав е квалитетот.
Играчите се млади, ама неквалитетни. Да, ќе добијат на искуство, ќе напредуваат дополнително во иднина, ама никогаш нема да бидат класа играчи. Не може да споредуваме со минати првенства, затоа што имавме еден играч од топ класа како Кире, бекови како Миркуловски кои играа и во странство со години и покрај одбрана играа и напад, одбранбени како Јоновски и Велко во најјаки денови, Мојсо е подобар од сите наши бекови во моментов, пикер како Столе кој беше капитен во екипа која два пати освојува ЛШ итн.
Што имаме сега? Само Манасков е играч кој изградил кариера на ниво, Митревски е топ голман и то је то.
Се' друго е просек на европско ниво (како Тале, Кузмановски и Томовски) и остатокот се играчи кои се добри само за македонска лига.

Прво се едносмерни играчи. Пешевски игра напад, одбрана не игра. Па Столе на стари години ја крена играта во одбрана, гризеше и напред и назад. Одбрана играме со Никола Маркоски, да не беше смешно, ќе беше трагично.
Друг одбранбен играч е Младеновиќ. Млад и неискусен, кој плафон ќе му биде да стане јак колку Кукоски.
Па рака сечам дека во моментов тромиот Мишевски ќе одигра подобро првенство во одбрана. Кукоски никогаш не доби шанса, а не е ништо послаб од овие играчи што ги земаат за одбрана.

Јас не знам што толку се гледа во овој Ѓорѓиев. Никогаш не ме уверил дека ќе биде талент. Прво за одбрана е тотално неспособен. Конституција никаква, слаб, млитав. Карапалевски моментално ќе завршеше многу повеќе работа, има сенс да разигра дечкото. Па и Танкоски исто. Тука Кире си ги исфорсира своите и затоа јадеме лајна.
Никаква игра до крилата, тотално бескорисни бекови. Ти ниедна топка да не дадеш на крило цела утакмица, нема што повеќе да се каже за креаривноста на бековите. Сакаме на брза транзиција да дадеме гол, не затворат ли тогаш, отиде возот во позиционен напад. Види ги само десните бекови, тежок хендикеп. Серафимов тотално разочарување, дно проби дечкото. И он и Јагуриновски се метро и желба за растење, не можат ни противничко крило да чуваат во одбрана, а не па бекови. Резервите на бековска позиција голот не може да го видат, а не да шутнат на гол. Во последни 10 минути влагаат резервите на Норвешка, дечкото ни прави серија 6 гола од 6 шута. А ние се палиме до 27 години ни се млади играчите, среќни сме што стапнале на терен, додале три топки и пет фрлиле во аут или кај противникот. Натпреварот го завршивме со 17 технички грешки, тоа доволно говори за нашата игра.
Зема Кире ќе им продава брз ракомет на норвежаните. Па, секој напад ни го запираа одма, а им овозможивме толку многу напади што можеа 50 гола да ни дадат. Ние немавме 5 напади во кои добро се постави нашата одбрана. Цело време ни играа 1 на 1, не постоеше одбраната, ги вадеа од патики со 1-2 движења. Тие се играчите, го имаш Младеновиќ што до вчера го чувал Мите Караиванов со 50 години во мак лигата, Никола Маркоски што е неподвижен од 2010 година и треба да чува противнички пикер, Јагуриновски чува бекови повисоки глава и пол од него и плус го имаш Тале кој се враќа од повреда. Толку е.

Ние ниту имаме, нити ќе имаме состав да се надигруваме со било која од топ 10 селекциите.
Плафонот за нас е пробиен со самото тоа што елиминиравме јаки селекции во баражот (што искрено не очекував) и максимум ако ги добиеме аргентинците или холанѓаните.

Кире можеше да смени со неколку играчи кои не ги зема, ама не дека драстично ќе се променеа работите.
Оди со 4 пикери од кои само еден игра одбрана. Петров и Пешевски како ѓулиња, нема шанси да ти играат одбрана. Стојковиќ е многу млад, немаше потреба да го земе уште на ова првенство. Мене Лазаревски од Вардар многу повеќе ќеиф ми прави, пргав е, игра и напред и назад, ако ништо друго во одбрана подобро ќе покриваше. Никола Маркоски е завршена приказна, тотално бескорисен.

Кај нас се прави нереална слика затоа што со секоја победа се креваат сите до небо на страни кои објавуваат платени статуси. Никој не следи ракомет, само краен резултат и изјави од селекторот. Реалноста е таа, можеме да се носиме со Холандија, многи повеќе отколку со Норвешка, иако треба Кире многу да менува. Треба да заборави на брканица по теренот, ама ко ќе ми текне какви ни се опциите за позициона игра, треба да извади некое многу подобро решение. И секако шансата да ја бараме со Аргентина.

Единствен помлад играч што може да напредува е Атанасијевиќ. И Кире не го селектираше за првиот натпревар, што мислам дека е од тактичка природа и токму тој ќе биде изненадување за следните два натпревари.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2012
Мислења
3.457
Поени од реакции
5.907
Абе кај ќе ја тепаме Холандија , не си прајте филмој , па мислам и дека ни со Аргентина нема да тепаме.
Одбраната ни е катастрофа на секоја утакмица ќе бидиме +33 гола примени , а реално напаѓачки плафон ни е 25-26 гола .
Така да едино ако имат голманите свој ден со 15+ одбрани .
Од тие од Алкалоид едино само тој пикерот Стојковиќ има ракомет во него , баш има предиспозиции другите се ниво на просечна мак екипа вклучително и тој Џонов од Пролет .

Инаку се гледа колку е саатот да играше Павле во Алкалоид ќе беше најфорсиран играч ова првенство , ама дека не ојде и продолжи во Пелистер не е ни во состав .
Без разлика и да беше во Вардар пак иста приказна ќе беше.

За жал во наредниот период Лазаров и Мукаетов со своите потези ќе ни напрат да ни се одмили репрезентација, ама не смееме истата грешка како шо ни ебаа матер со Фудбалска репрезентација.
Ако продолжи ваквата шема ќе мора притисок да летат од РФМ и да се најди друг спонзор , а треба да се врати и организирано навивање и на фудбал оти ни ебаа матер ни ја зедоа фудбалската репрезентација планинари од Зајас.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
Не заебавај, Америка не престигнала што ги тепала Мароко, а ние вчера игравме со кандидати за медал.
Мароко не памтам неогаш да играле на СП, така што таа победа ништо не значи.

Реално, ни падна многу група, каде што нема изразит аутсајдер. Можеби тоа е Аргентина, ама далеку се од екипи кои се аутсајдери во другите групи. Па во повеќето групи има и по два тима што се класи под нас и аргентинците.

Треба да се намали со очекувањата и да се сфати дека толкав е квалитетот.
Играчите се млади, ама неквалитетни. Да, ќе добијат на искуство, ќе напредуваат дополнително во иднина, ама никогаш нема да бидат класа играчи. Не може да споредуваме со минати првенства, затоа што имавме еден играч од топ класа како Кире, бекови како Миркуловски кои играа и во странство со години и покрај одбрана играа и напад, одбранбени како Јоновски и Велко во најјаки денови, Мојсо е подобар од сите наши бекови во моментов, пикер како Столе кој беше капитен во екипа која два пати освојува ЛШ итн.
Што имаме сега? Само Манасков е играч кој изградил кариера на ниво, Митревски е топ голман и то је то.
Се' друго е просек на европско ниво (како Тале, Кузмановски и Томовски) и остатокот се играчи кои се добри само за македонска лига.

Прво се едносмерни играчи. Пешевски игра напад, одбрана не игра. Па Столе на стари години ја крена играта во одбрана, гризеше и напред и назад. Одбрана играме со Никола Маркоски, да не беше смешно, ќе беше трагично.
Друг одбранбен играч е Младеновиќ. Млад и неискусен, кој плафон ќе му биде да стане јак колку Кукоски.
Па рака сечам дека во моментов тромиот Мишевски ќе одигра подобро првенство во одбрана. Кукоски никогаш не доби шанса, а не е ништо послаб од овие играчи што ги земаат за одбрана.

Јас не знам што толку се гледа во овој Ѓорѓиев. Никогаш не ме уверил дека ќе биде талент. Прво за одбрана е тотално неспособен. Конституција никаква, слаб, млитав. Карапалевски моментално ќе завршеше многу повеќе работа, има сенс да разигра дечкото. Па и Танкоски исто. Тука Кире си ги исфорсира своите и затоа јадеме лајна.
Никаква игра до крилата, тотално бескорисни бекови. Ти ниедна топка да не дадеш на крило цела утакмица, нема што повеќе да се каже за креаривноста на бековите. Сакаме на брза транзиција да дадеме гол, не затворат ли тогаш, отиде возот во позиционен напад. Види ги само десните бекови, тежок хендикеп. Серафимов тотално разочарување, дно проби дечкото. И он и Јагуриновски се метро и желба за растење, не можат ни противничко крило да чуваат во одбрана, а не па бекови. Резервите на бековска позиција голот не може да го видат, а не да шутнат на гол. Во последни 10 минути влагаат резервите на Норвешка, дечкото ни прави серија 6 гола од 6 шута. А ние се палиме до 27 години ни се млади играчите, среќни сме што стапнале на терен, додале три топки и пет фрлиле во аут или кај противникот. Натпреварот го завршивме со 17 технички грешки, тоа доволно говори за нашата игра.
Зема Кире ќе им продава брз ракомет на норвежаните. Па, секој напад ни го запираа одма, а им овозможивме толку многу напади што можеа 50 гола да ни дадат. Ние немавме 5 напади во кои добро се постави нашата одбрана. Цело време ни играа 1 на 1, не постоеше одбраната, ги вадеа од патики со 1-2 движења. Тие се играчите, го имаш Младеновиќ што до вчера го чувал Мите Караиванов со 50 години во мак лигата, Никола Маркоски што е неподвижен од 2010 година и треба да чува противнички пикер, Јагуриновски чува бекови повисоки глава и пол од него и плус го имаш Тале кој се враќа од повреда. Толку е.

Ние ниту имаме, нити ќе имаме состав да се надигруваме со било која од топ 10 селекциите.
Плафонот за нас е пробиен со самото тоа што елиминиравме јаки селекции во баражот (што искрено не очекував) и максимум ако ги добиеме аргентинците или холанѓаните.

Кире можеше да смени со неколку играчи кои не ги зема, ама не дека драстично ќе се променеа работите.
Оди со 4 пикери од кои само еден игра одбрана. Петров и Пешевски како ѓулиња, нема шанси да ти играат одбрана. Стојковиќ е многу млад, немаше потреба да го земе уште на ова првенство. Мене Лазаревски од Вардар многу повеќе ќеиф ми прави, пргав е, игра и напред и назад, ако ништо друго во одбрана подобро ќе покриваше. Никола Маркоски е завршена приказна, тотално бескорисен.

Кај нас се прави нереална слика затоа што со секоја победа се креваат сите до небо на страни кои објавуваат платени статуси. Никој не следи ракомет, само краен резултат и изјави од селекторот. Реалноста е таа, можеме да се носиме со Холандија, многи повеќе отколку со Норвешка, иако треба Кире многу да менува. Треба да заборави на брканица по теренот, ама ко ќе ми текне какви ни се опциите за позициона игра, треба да извади некое многу подобро решение. И секако шансата да ја бараме со Аргентина.

Единствен помлад играч што може да напредува е Атанасијевиќ. И Кире не го селектираше за првиот натпревар, што мислам дека е од тактичка природа и токму тој ќе биде изненадување за следните два натпревари.
Очекував детален reply од Коњаникот Сабја. :D
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.114
Поени од реакции
1.844
Што скокаш?
За то дека прозивате се што не ви одговара, го пцуете во неколку наврати чоек кој е нај професионален новинар и кој добива 90% од акридатициите преку други медии кој немаат допирна точка со наши федерации. Само комплекс имате набиене се шо не е од вашата вукојебина не чини иако ни ти не си со некое такво педигре но си земаш за право да прозираш.
И самиот знаеш дека дувлото скопско не дава ни ронка од тоа шо може да се придобие.
Класичен пример ти е Седмерец кој освен една колумна неделно нема заслуга за ништо друго и тие колумни се или за 61ва или за Алкалоид.
Биди ти реален и не скокај ко прле.
Позади тој новинар кој го прозивате има 15г искуство на финале UCL, F4 Еuropa League, учества на светски европски првенства.
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.944
Поени од реакции
9.580
Доста глупости се изнапишани на последниве 2-3 страни.
Реалноста е дека само со Аргентина мојме да парираме и тоа до негде и тука е шансата наша само за подолг опстанок на првенството и поквалитетни натпревари и искуство да соберат некој од младиве играчи. Холандија не е непобедлива ама со онаа нивна брзина и нашата спретност тешка работа.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.773
Поени од реакции
8.878
За то дека прозивате се што не ви одговара, го пцуете во неколку наврати чоек кој е нај професионален новинар и кој добива 90% од акридатициите преку други медии кој немаат допирна точка со наши федерации. Само комплекс имате набиене се шо не е од вашата вукојебина не чини иако ни ти не си со некое такво педигре но си земаш за право да прозираш.
И самиот знаеш дека дувлото скопско не дава ни ронка од тоа шо може да се придобие.
Класичен пример ти е Седмерец кој освен една колумна неделно нема заслуга за ништо друго и тие колумни се или за 61ва или за Алкалоид.
Биди ти реален и не скокај ко прле.
Позади тој новинар кој го прозивате има 15г искуство на финале UCL, F4 Еuropa League, учества на светски европски првенства.
Па тогаш тој новинар што не искритикува малце тамо каде треба и кога треба? Или дека зима кешарица нема да критикува и се ќе биде топ? Прозивам тамо каде што има основа, искрено ме заболе дали е скопски, битолски или кривопаланечки новинар. Му реплицирав на Горан пошо он прв го критикува КИро дека има низ пропусти и дека се праат пиздарии и дека е оставен така без критика бидејќи македонските педерски новинари цицаат пари и имаат интереси без разлика дали од Киро или од некој друг. Само кажав дека вашиот е најблизок со Киро, и дека од него нема критика, на што се надоврза дека он плус му ја води страната. А тој седмерец што го спомињаш многу често знае да ја лупне вистината у очи. Од тоа што ја имам читкано до сеа, не знам зашо баш него ми го дае за пример ама ок. А кој го пцуел вака него да ми кажеш, пошо не сум видел. Ја имам искоментирано за гол порталот пошо знам некои работи, и према Вардар и према некои други ствари, и само сум рекол да не се сфаќа сериозно пошо знам позадина. Нити сум пцуел против него нити ништо. Нема везе ја отрувме темава со ствари кои немаат везе. Само да се знае, се додека нема критичко новинарство, и само лижење г'з на одредени фаци (Кире, Стерјев, Михајло, Антиќ, Сејдини) нема да не биде,само ќе биде полошо. И не беше поентата колку искуство има, дали имал финале ЛШ ова она, него дека е безгласен куропушач. Ваљда бар малце се разбравме. Пак ти викам не сфаќај лично, еве и да ти е познаник, критиката е насочена само кон тоа дека е безгласна буква.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.677
Инаку се гледа колку е саатот да играше Павле во Алкалоид ќе беше најфорсиран играч ова првенство , ама дека не ојде и продолжи во Пелистер не е ни во состав .
Уште утре ако не е во состав, тогаш во право ќе си
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.457
Поени од реакции
5.907
Не заебавај, Америка не престигнала што ги тепала Мароко, а ние вчера игравме со кандидати за медал.
Мароко не памтам неогаш да играле на СП, така што таа победа ништо не значи.

Реално, ни падна многу група, каде што нема изразит аутсајдер. Можеби тоа е Аргентина, ама далеку се од екипи кои се аутсајдери во другите групи. Па во повеќето групи има и по два тима што се класи под нас и аргентинците.

Треба да се намали со очекувањата и да се сфати дека толкав е квалитетот.
Играчите се млади, ама неквалитетни. Да, ќе добијат на искуство, ќе напредуваат дополнително во иднина, ама никогаш нема да бидат класа играчи. Не може да споредуваме со минати првенства, затоа што имавме еден играч од топ класа како Кире, бекови како Миркуловски кои играа и во странство со години и покрај одбрана играа и напад, одбранбени како Јоновски и Велко во најјаки денови, Мојсо е подобар од сите наши бекови во моментов, пикер како Столе кој беше капитен во екипа која два пати освојува ЛШ итн.
Што имаме сега? Само Манасков е играч кој изградил кариера на ниво, Митревски е топ голман и то је то.
Се' друго е просек на европско ниво (како Тале, Кузмановски и Томовски) и остатокот се играчи кои се добри само за македонска лига.

Прво се едносмерни играчи. Пешевски игра напад, одбрана не игра. Па Столе на стари години ја крена играта во одбрана, гризеше и напред и назад. Одбрана играме со Никола Маркоски, да не беше смешно, ќе беше трагично.
Друг одбранбен играч е Младеновиќ. Млад и неискусен, кој плафон ќе му биде да стане јак колку Кукоски.
Па рака сечам дека во моментов тромиот Мишевски ќе одигра подобро првенство во одбрана. Кукоски никогаш не доби шанса, а не е ништо послаб од овие играчи што ги земаат за одбрана.

Јас не знам што толку се гледа во овој Ѓорѓиев. Никогаш не ме уверил дека ќе биде талент. Прво за одбрана е тотално неспособен. Конституција никаква, слаб, млитав. Карапалевски моментално ќе завршеше многу повеќе работа, има сенс да разигра дечкото. Па и Танкоски исто. Тука Кире си ги исфорсира своите и затоа јадеме лајна.
Никаква игра до крилата, тотално бескорисни бекови. Ти ниедна топка да не дадеш на крило цела утакмица, нема што повеќе да се каже за креаривноста на бековите. Сакаме на брза транзиција да дадеме гол, не затворат ли тогаш, отиде возот во позиционен напад. Види ги само десните бекови, тежок хендикеп. Серафимов тотално разочарување, дно проби дечкото. И он и Јагуриновски се метро и желба за растење, не можат ни противничко крило да чуваат во одбрана, а не па бекови. Резервите на бековска позиција голот не може да го видат, а не да шутнат на гол. Во последни 10 минути влагаат резервите на Норвешка, дечкото ни прави серија 6 гола од 6 шута. А ние се палиме до 27 години ни се млади играчите, среќни сме што стапнале на терен, додале три топки и пет фрлиле во аут или кај противникот. Натпреварот го завршивме со 17 технички грешки, тоа доволно говори за нашата игра.
Зема Кире ќе им продава брз ракомет на норвежаните. Па, секој напад ни го запираа одма, а им овозможивме толку многу напади што можеа 50 гола да ни дадат. Ние немавме 5 напади во кои добро се постави нашата одбрана. Цело време ни играа 1 на 1, не постоеше одбраната, ги вадеа од патики со 1-2 движења. Тие се играчите, го имаш Младеновиќ што до вчера го чувал Мите Караиванов со 50 години во мак лигата, Никола Маркоски што е неподвижен од 2010 година и треба да чува противнички пикер, Јагуриновски чува бекови повисоки глава и пол од него и плус го имаш Тале кој се враќа од повреда. Толку е.

Ние ниту имаме, нити ќе имаме состав да се надигруваме со било која од топ 10 селекциите.
Плафонот за нас е пробиен со самото тоа што елиминиравме јаки селекции во баражот (што искрено не очекував) и максимум ако ги добиеме аргентинците или холанѓаните.

Кире можеше да смени со неколку играчи кои не ги зема, ама не дека драстично ќе се променеа работите.
Оди со 4 пикери од кои само еден игра одбрана. Петров и Пешевски како ѓулиња, нема шанси да ти играат одбрана. Стојковиќ е многу млад, немаше потреба да го земе уште на ова првенство. Мене Лазаревски од Вардар многу повеќе ќеиф ми прави, пргав е, игра и напред и назад, ако ништо друго во одбрана подобро ќе покриваше. Никола Маркоски е завршена приказна, тотално бескорисен.

Кај нас се прави нереална слика затоа што со секоја победа се креваат сите до небо на страни кои објавуваат платени статуси. Никој не следи ракомет, само краен резултат и изјави од селекторот. Реалноста е таа, можеме да се носиме со Холандија, многи повеќе отколку со Норвешка, иако треба Кире многу да менува. Треба да заборави на брканица по теренот, ама ко ќе ми текне какви ни се опциите за позициона игра, треба да извади некое многу подобро решение. И секако шансата да ја бараме со Аргентина.

Единствен помлад играч што може да напредува е Атанасијевиќ. И Кире не го селектираше за првиот натпревар, што мислам дека е од тактичка природа и токму тој ќе биде изненадување за следните два натпревари.
Така е ќе заборавев , па Карапалевски и Танкоски за овај Џонов и Ѓорѓиев се Карабатиќ.
Абе која тактичка причина Павле , не гледаш во филм влезе ќе игра скандинавски ракомет против Норвежани а главен играч во одбрана ми игра Никола Марковски тотално неподвижен и други ко него ... За таков ракомет ти требат играчи околу 1.9 1.95 кој играт во два правци и 10 играчи за во ротација минимум.

Овие ретардирани беа сите селектори шо до сега форсираја спора игра со цврста одбрана оти немаме фонд играчи овај со Алкалоид играчи ќе игра брз ракомет против Норвешка хаах.

Пишав и погоре од младите само во Павле и тој пикерот од Алкалоид имам надеж и тие треба да се форсират баш на ова првенство . Посебно со Норвешка каде што немавме шанса требаше да играт тие двајца.
Како и да е ми се чини дека тотално скроз погрешно тактички се припремаја за ова првенство т.е. наместо со цврста одбрана и спор напад , се форсира брза транзиција и трчање , а за тоа немаме играчи .
На Европското ги гледав сите утакмици на Холандија и тие играт уште побрз ракомет од Норвешка така ќе ни ја дупнат глата.
Автоматски споено мислење:

Уште утре ако не е во состав, тогаш во право ќе си
Можи да влези место Југориновски шо е повреден , инаку немаше шанса , ама сега го викна она детето од Вардар како замена и баш да видиме.
Инаку да види играч од Алкалоид место Павле нема шанса .
 
chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Кире како играч во ред селектор да му се забрани моментално само кај нас може директно да водиш национален тим без грам искуство како тренер на некој клуб. Човекот треба уште многу многу леб да јаде да се докаже како селектор не дека некој не оправи ама неможе одма да се стави селектор без никакво познавање да вредеше нешто ке беше како помошник во Нант или Загреб да се научи. Плус што трупови имаме како играчи е друга тема.Само не ми е јасно пак некоја политика се води зошто не се викнати Димитровски Димитриевски од Ваљадолид Кизиќ од Пелистер Танковски Карапетревски Ончев Ангеловски втор стрелец е во Австрија Мемедовиќ втор стрелец во Швајцарија Трајановски од Франција лига два.Или пак на некој не му одговара па некои анонимуси од квази клуб Алкалоид да се промовира како играч.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.693
Поени од реакции
22.310
Не е поврзано со репрезентацијата, ама не гледам друга соодветна тема за ова :

Ѓорги Начевски и Славе Николов како еден од осумте парови за кој се верува дека во периодот од 2016та до 2017та учествувале во наместени натпревари.

Истотака, како еден од примерите е наведен нерешениот резултат помеѓу Вардар и Веспрем во 2016та од СЕХА лигата кој заврши 28-28.

Член од
1 април 2018
Мислења
2.099
Поени од реакции
4.094
Само не ми е јасно пак некоја политика се води зошто не се викнати Димитровски Димитриевски од Ваљадолид Кизиќ од Пелистер Танковски Карапетревски Ончев Ангеловски втор стрелец е во Австрија Мемедовиќ втор стрелец во Швајцарија Трајановски од Франција лига два.Или пак на некој не му одговара па некои анонимуси од квази клуб Алкалоид да се промовира како играч.
:pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom