Не би се нафаќал да давам анализи зашто не сум ги гледал Холандија нешто внимателно.
Сепак, што да гледам како да ја добиеме Холандија!? Америка без никаква традиција за ракомет нè престигна (ги тепаа Мароко), а ние со функционална лига, два пати европски првак (без разлика што е со странци), долгогодишна традиција, континуирано учество на европски и светски натпреварувања цела деценија, Кире Лазаров, СЕХА лига итн. ќе правиме виши математики како да ги тепаме Холандија и Аргентина... Сè освен поминување во наредна фаза и минимум три победи значи дека тотално погрешно се водат работите за овој спорт во државава.
Не заебавај, Америка не престигнала што ги тепала Мароко, а ние вчера игравме со кандидати за медал.
Мароко не памтам неогаш да играле на СП, така што таа победа ништо не значи.
Реално, ни падна многу група, каде што нема изразит аутсајдер. Можеби тоа е Аргентина, ама далеку се од екипи кои се аутсајдери во другите групи. Па во повеќето групи има и по два тима што се класи под нас и аргентинците.
Треба да се намали со очекувањата и да се сфати дека толкав е квалитетот.
Играчите се млади, ама неквалитетни. Да, ќе добијат на искуство, ќе напредуваат дополнително во иднина, ама никогаш нема да бидат класа играчи. Не може да споредуваме со минати првенства, затоа што имавме еден играч од топ класа како Кире, бекови како Миркуловски кои играа и во странство со години и покрај одбрана играа и напад, одбранбени како Јоновски и Велко во најјаки денови, Мојсо е подобар од сите наши бекови во моментов, пикер како Столе кој беше капитен во екипа која два пати освојува ЛШ итн.
Што имаме сега? Само Манасков е играч кој изградил кариера на ниво, Митревски е топ голман и то је то.
Се' друго е просек на европско ниво (како Тале, Кузмановски и Томовски) и остатокот се играчи кои се добри само за македонска лига.
Прво се едносмерни играчи. Пешевски игра напад, одбрана не игра. Па Столе на стари години ја крена играта во одбрана, гризеше и напред и назад. Одбрана играме со Никола Маркоски, да не беше смешно, ќе беше трагично.
Друг одбранбен играч е Младеновиќ. Млад и неискусен, кој плафон ќе му биде да стане јак колку Кукоски.
Па рака сечам дека во моментов тромиот Мишевски ќе одигра подобро првенство во одбрана. Кукоски никогаш не доби шанса, а не е ништо послаб од овие играчи што ги земаат за одбрана.
Јас не знам што толку се гледа во овој Ѓорѓиев. Никогаш не ме уверил дека ќе биде талент. Прво за одбрана е тотално неспособен. Конституција никаква, слаб, млитав. Карапалевски моментално ќе завршеше многу повеќе работа, има сенс да разигра дечкото. Па и Танкоски исто. Тука Кире си ги исфорсира своите и затоа јадеме лајна.
Никаква игра до крилата, тотално бескорисни бекови. Ти ниедна топка да не дадеш на крило цела утакмица, нема што повеќе да се каже за креаривноста на бековите. Сакаме на брза транзиција да дадеме гол, не затворат ли тогаш, отиде возот во позиционен напад. Види ги само десните бекови, тежок хендикеп. Серафимов тотално разочарување, дно проби дечкото. И он и Јагуриновски се метро и желба за растење, не можат ни противничко крило да чуваат во одбрана, а не па бекови. Резервите на бековска позиција голот не може да го видат, а не да шутнат на гол. Во последни 10 минути влагаат резервите на Норвешка, дечкото ни прави серија 6 гола од 6 шута. А ние се палиме до 27 години ни се млади играчите, среќни сме што стапнале на терен, додале три топки и пет фрлиле во аут или кај противникот. Натпреварот го завршивме со 17 технички грешки, тоа доволно говори за нашата игра.
Зема Кире ќе им продава брз ракомет на норвежаните. Па, секој напад ни го запираа одма, а им овозможивме толку многу напади што можеа 50 гола да ни дадат. Ние немавме 5 напади во кои добро се постави нашата одбрана. Цело време ни играа 1 на 1, не постоеше одбраната, ги вадеа од патики со 1-2 движења. Тие се играчите, го имаш Младеновиќ што до вчера го чувал Мите Караиванов со 50 години во мак лигата, Никола Маркоски што е неподвижен од 2010 година и треба да чува противнички пикер, Јагуриновски чува бекови повисоки глава и пол од него и плус го имаш Тале кој се враќа од повреда. Толку е.
Ние ниту имаме, нити ќе имаме состав да се надигруваме со било која од топ 10 селекциите.
Плафонот за нас е пробиен со самото тоа што елиминиравме јаки селекции во баражот (што искрено не очекував) и максимум ако ги добиеме аргентинците или холанѓаните.
Кире можеше да смени со неколку играчи кои не ги зема, ама не дека драстично ќе се променеа работите.
Оди со 4 пикери од кои само еден игра одбрана. Петров и Пешевски како ѓулиња, нема шанси да ти играат одбрана. Стојковиќ е многу млад, немаше потреба да го земе уште на ова првенство. Мене Лазаревски од Вардар многу повеќе ќеиф ми прави, пргав е, игра и напред и назад, ако ништо друго во одбрана подобро ќе покриваше. Никола Маркоски е завршена приказна, тотално бескорисен.
Кај нас се прави нереална слика затоа што со секоја победа се креваат сите до небо на страни кои објавуваат платени статуси. Никој не следи ракомет, само краен резултат и изјави од селекторот. Реалноста е таа, можеме да се носиме со Холандија, многи повеќе отколку со Норвешка, иако треба Кире многу да менува. Треба да заборави на брканица по теренот, ама ко ќе ми текне какви ни се опциите за позициона игра, треба да извади некое многу подобро решение. И секако шансата да ја бараме со Аргентина.
Единствен помлад играч што може да напредува е Атанасијевиќ. И Кире не го селектираше за првиот натпревар, што мислам дека е од тактичка природа и токму тој ќе биде изненадување за следните два натпревари.