Искрено немам никакви информации, и не можам да тврдам дека е нешто така или не, но со голема доза на резерва би ги зел информациите од штаб/клуб. Секој си ја тера својата агенда и никој не е за верување.
Како прво, што е тоа подобра понуда?
- Повеќе пари?
- Подолг/ посигурен договор?
- Подобри услови за тренинг и разој?
- Поголема минутажа на важни натпревари?
Што е тоа уцена?
Чисто сумњам дека има играч што би одбил подобра понуда по овие параметри само за да дреми на клупа во репрезентација. Особено финансиската. Најјаките секако ќе добијат 90% од минутажата независно од клубот во кој играат, така што влез како 16ти играч секако нема некој голем бенефит.
За играчите ракометот е работа/професија. Скоро секогаш клучен фактор се финансиите, нека не ви раскажуваат приказни. Истото важи од Норвешка до Јапонија. Суштински разлики во размислувањето на еден играч нема (чест на ретките исклучоци).
Од друга страна тоа што е очигледно е следното:
- До овој момент Вардар и натаму делува дека има најголем буџет - дали така ќе остане после Јануари ќе видиме
- Алкалоид се чини има драстично подобри услови за развој на млади играчи од останатите клубови (sports science, техника на тренинг, аналитика и сл.) - ова се многу примамливи работи за млади таленти.
И на крај, државата инвестира во спортот за да се врати бенефит за неа, а не за да храни нечие его. Се инвестира во клубовите преку ваучери со цел да се појача лигата и репрезентацијата. Ако некој планира да работи спротивно на интересите на граѓаните (на пример финансирање на клуб со криминал), на талентите родени во Македонија (на пример форсирање на странци пред нив) или на репрезентацијата (клубски интереси пред репрезентативни) тогаш тој клуб никако не смее да биде помаган од државата.