...ти велиш „Не“, а не јас, штом можат на медицински лица да се дерат за време на ноќни дежурства, па и по некој бокс да летне, што пак не и администрацијата да не си го добие кога работа со папири, а не со пациенти?
...апсолутно секаде каде одам ако има празен шалтер, ама да ја работи истата услуга како другиот што ми треба, веднаш реагирам, реагирам и за приватни муабети со странки додека другите чекаат, реагирам на све што не е во склад на човечки вредности и култура и така треба сите да бидеме, па ќе се поправат работите!
... еднаш влегов во Х банка, додуше имаше сеуште време, но вработената ја мрзеше да даде некои податоци и да ми даде некоја банкарска услуга при крај на работно време, па нивното „не работи системот дојдите утре“ или „нема интернет дојдете утре“ убаво ми беше пласирано, знаев дека ме излажа, па не ме мрзеше да се јавам телефонски да се провери „тоа неработење на компјутер“, па кога и зазвони телефонот, па одговорот „не не, работи све е во ред“ и ме погледна и ми рече да пријдам да ми ја заврши банкарската услуга, јас и’ го погледнав беџот и и’ се обратив по име дека ја почитувам нејзината претходна „примедба“ дека била заглавена со интернетот и дека „утре ќе се дојдам повторно кога ќе преработи интернетот“ и реков пријатно и си заминав, дали се засрами или не, дали ќе се поправи или не, тоа останува на нејзина култура и избор!
... дали во договорот со Кам или друг маркет пишува која работна позиција се има и што му е обврска на потписникот на договорот?
... точно! ме нервира кога 5, 6 пати се повторува „ госпоѓица Жанета да се јави на каса, а таа никаде ја нема? па ајде друга ќе повикаме уште три четири пати, нормално ли е тоа, тоа е силување на купувачите за интерни проблеми, земите си токи воки и разговарајте, не сите да ве слушаме, па тоа „госпоѓица“, па „господин“ па кога ќе дојдат на каса намрштени и со обраќање на „ти“ како од селски атар излезени со никаква култура,а повикани со „госпоѓица“ бре бре, јас повикувам поради неработење на касата која е должна да работи, не може од 4 каси само една да работи во најголемата гужва.
... за лична карта се чека две три недели ама дома не седиш на ред таму, знаеш што значи 20 минути да се чека на каса, а истите вие кое 20 минути ви изгледа како ништо во маркет на каса, на лекар не можете да почекате ни 5 минути веднаш нервозни? каде е тука споредбата?