- Член од
- 21 ноември 2011
- Мислења
- 1.645
- Поени од реакции
- 1.009
- Локација
- Severo Jug
- Веб-сајт
- www.youtube.com
Ај пак ќе проверам деенс после 12 пошо погоре сум пишал вчера во 11 и кусур. Сабајлево беше истата ип. Онака ме интересира не дека е битно
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Инаку, за овој проблем, по 2 ипол месеци натегања, од Телеком ми рекоа дека имало системска грешка, и ми пуштале послаба брзина од договорената, да поднесам приговор, да добијам некое обештетување. Ми рекоа дека ќе ја корегираат грешката и дека ќе ја пуштат договорената брзина, 100/100. Откако направив муабет, после некој сат направив тест 90/90 беше нетот. Арно ама, после некој сат, си се врати на под 50/50, и еве 2 дена пак не качува над оваа брзина. Више не знам што да им правам, овие од корисничка изгубени се.Не те разбирам што сакаш да кажеш. Во мојата ситуација, до 2018, имав 60/60, и беше 60/60. Го сменив пакетот на 50/50 во 2018, беше 50/50 брзината. Сега го сменив на 100/100 пакетот, а брзината е 45/45. А во договорот вика дека ќе дадат барем 60/10 ако не можат 100/100. Им се бунев, викаат тоа е. Пробај со кабел, друго не можеме. А зошто да не можат, кога порано си беше 60/60 на wifi. Ќе видам да го раскинам договорот ако не може да се подобри ситуацијата. Ме интересира дали некој има искуство со Телекабел 150/150, само што пуштија оптика во зграда кај мене.
Инаку, за овој проблем, по 2 ипол месеци натегања, од Телеком ми рекоа дека имало системска грешка, и ми пуштале послаба брзина од договорената, да поднесам приговор, да добијам некое обештетување. Ми рекоа дека ќе ја корегираат грешката и дека ќе ја пуштат договорената брзина, 100/100. Откако направив муабет, после некој сат направив тест 90/90 беше нетот. Арно ама, после некој сат, си се врати на под 50/50, и еве 2 дена пак не качува над оваа брзина. Више не знам што да им правам, овие од корисничка изгубени се.
Имаш 3 опцииДа, знам доста од работиве кои ги напиша. Јас живеам во Аеродром во стамбена зграда. Од почеток на 2005 имав АДСЛ на Телеком, а оптика од почеток на 2014. Уште го имам Huawei EchoLife HG8245H рутерот што ми го дадоа во 2014. Еве денес земав и постар лаптоп да го тестирам со мрежен кабел, и брзината беше некаде 92/90, што е океј. Но ова за wifi-то, брзиниве се по 40/40, 30/30, збориме со уреди на 20 см од рутерот. Во една од собите во станот ми е под 1/1, на некои 5 метри од рутерот. Претходно низ ѕид ми била брзината скоро 60/60 на пакет 60/60. Сега драматично е опадната брзината на wifi-то.
Ставив еден постар tenda рутер како појачувач на сигнал да делува, и иако прави некоја разлика, во собата од 1/1 ја качи на 15/15 некаде, пак не е на некое завидливо ниво. Најверојатно што викаш, нешто му пречи на сигналот да се шири, ама интересно ми е тоа што и до самиот рутер wifi-то не крева над 50/50 никогаш, освен пред некој ден кога зборев со корисничката поддршка на Телеком на мејл, и прашав зошто во тоа мојтелеком сметката, виртуелен техничар страната, пишува дека пакетот е 60м а треба да е 100м, па ми се извинија рекоа дека е техничка грешка, и после некој сат рипна на 90/90 на wifi, ама после пак по старо.
А и интересно, до него кога сум (рутерот), покажува јачина на сигнал 99%.
Не ти останува истата опремаДали со обнова на договор даваат од новите рутери што им се на Телеком?
Само доколку имаш дефект/проблем или земеш поразличен пакет што таа опрема што ја имаш неможе да го овозможи тоа(пример сакаш да приклучиш уште 3 телевизори), тогаш се менува опремата.Дали со обнова на договор даваат од новите рутери што им се на Телеком?
До каде се со Оптиката во Радишани ? од летоска се поставени подземните инсталиции само црева но не и оптичкиот кабел гледам на нивните бандери летоска поставуваа санудучиња и толку
Ти благодарам за одговорот ,имам поднесено барање за 1 ден добив одговор дека работеле и дека многу бргу ќе биде тоа е некаде август септември поднесеноСтанбените згради на улица Радишанска и улица Скоевска се целосно покриени, бандерите низ цела улица Скоевска се покриени за куќите, а и добар дел од бандерите на споредните улици кои се раскрстуваат со улица Скоевска се покриени за куќите.
Бандерите низ село Радишани исто така се покриени за куќите и за објектите, но не знам до каде.
За останатите улици не знам, но знам дека летото 2022 имаше офанзива за проширување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком низ Радишани, а добар дел од постоечките корисници на бакарната телекомуникациска мрежа веќе се префрлени на оптичката телекомуникациска мрежа.
Најдобро ќе биде да си поднесеш барање за префрлување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во салон или да се јавиш во Контакт Центарот на 070 122 и од таму да ти поднесат барање, па ќе дознаеш за 1 до 2 недели дали постои техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на твојата адреса на живеење.
Техничкиот зафат е бесплатен и трае од половина час до 2 или 3 часа во зависност од околностите на терен - големина на куќа/стан, оддалеченост од најблиската бандера - доколку станува збор за куќа, или од најблиското катно сандаче - доколку станува збор за стан.
А да, и за сите заинтересирани: никогаш не потпишувајте нови обврзувачки претплатнички договори доколку сте се префрлиле на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, освен ако така сакате. Добар дел од гребаторите кои работат продажба ќе се обидат да ве залажат дека ако сте се префрлиле или планирате да се префрлите на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, ќе морате да потпишете нов обврзувачки претплатнички договор - вообичаено на 2 години - или во спротивно ќе ве исклучат.
Не им верувајте ниту збор, немате никакви обврски да потпишувате нови обврзувачки претплатнички договори ниту со Македонски Телеком, ниту со било кој друг телекомуникациски оператор, а гребаторите од продажба само се обидуваат да остварат месечна бројка на нови корисници или старонови корисници кои успеале да ги убедат да потпишат нови обврзувачки претплатнички договори.
Ти благодарам за одговорот ,имам поднесено барање за 1 ден добив одговор дека работеле и дека многу бргу ќе биде тоа е некаде август септември поднесено