Инаку, за овој проблем, по 2 ипол месеци натегања, од Телеком ми рекоа дека имало системска грешка, и ми пуштале послаба брзина од договорената, да поднесам приговор, да добијам некое обештетување. Ми рекоа дека ќе ја корегираат грешката и дека ќе ја пуштат договорената брзина, 100/100. Откако направив муабет, после некој сат направив тест 90/90 беше нетот. Арно ама, после некој сат, си се врати на под 50/50, и еве 2 дена пак не качува над оваа брзина. Више не знам што да им правам, овие од корисничка изгубени се.
Ако до толку си одлучен да бркаш Интернет пристап преку безжична мрежа наместо преку мрежен кабел - кој секогаш е загарантирано најстабилна мрежна врска и никогаш нема да биде целосно заменет од страна на безжична мрежа - повели купи си втор рутер и него конфигурирај го.
Убаво е тоа што порано си ги добивал посакуваните Интернет брзини преку безжична мрежа, но тоа речиси никогаш не зависи ниту од тебе, ниту од телекомуникацискиот оператор - без разлика кој е операторот.
Брзината на безжичната мрежа секогаш зависи од повеќе фактори:
- Дали твоите уреди кои ги користиш за безжично мрежно поврзување ја поддржуваат истата Wi-Fi ревизија која ја користи рутерот кој ти го дале на користење, од тука следува прашањето дали го меѓувреме ти го смениле рутерот или дали ти си го сменил мобилниот телефон/лаптопот/таблет компјутерот;
- Дали имаш гипс картон во домот, или си ставил во меѓувреме, бидејќи алуминиумските профили кои го држат гипс картонот ја слабеат безжичната мрежна врска;
- Дали имаш соседи кои користат свои безжични мрежни врски на истата фреквенција, односно на истиот безжичен мрежен канал на кој работи твојот рутер - доколку одговорот на ова е да, тогаш самото постоење на повеќе мрежни врски на истиот безжичен мрежен канал создава безжичен судир на сигналите и тоа само дополнително ќе го ослабнува безжичниот мрежен сигнал од твојот рутер;
Ниту еден оператор не ти гарантира максимална Интернет брзина преку безжична мрежна врска - ова слободно можеш да го прочиташ и во претплатничкиот договор кој го имаш потпишано со било кој оператор, дури и ако порано си бил задоволен од безжичната мрежна врска, појавата на нови фактори во домот или од кај соседите - особено ако живееш во станбена зграда - ги менува околностите, а со тоа и квалитетот на услугата.
Затоа Телекабел најпаметно постапуваат од самиот почеток, до денешен ден им даваат на своите корисници само модеми, дали кабелски модеми за кабелски Интернет, дали оптички модеми за оптички Интернет, но рутери не им даваат. Корисник на Телекабел кој сака домашна безжична мрежа ќе треба да си купи свој рутер и самостојно да си ја брка таквата проблематика.
Македонски Телеком повеќе од 3 години - од октомври 2019 па наваму, повеќе не се замара со поплаките на корисниците за слаб безжичен мрежен сигнал - барем кога станува збор за поплаки од корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - откако почнаа да им го даваат на тие корисници малку поновиот рутер од Хуавеи, моделот HG8145v5. Рутерот доаѓа со големи антени и зрачи со двојна широкопојасна безжична мрежна врска преку Wi-Fi 5 ревизија, односно Wi-Fi ac - едната на стандардните 2.4 гигахерци, а другата на 5 гигахерци.
https://forum.huawei.com/enterprise/en/huawei-hg8145v5-an-informative-product-review/thread/763941-100181
Рутерот има смалена ревизија кај која антените се поставени странично, но моделот е истиот.
https://www.blibli.com/p/ont-huawei-echolife-hg8145v5-dual-band-2-4g-dan-5g/ps--YOS-70120-05173
А од ноември 2022 па наваму, Македонски Телеком по ново им го дава на корисниците на својата оптичка телекомуникациска мрежа новиот модел FGA2233 од Техниколор, брендиран за Македонски Телеком и наменет исклучиво за корисници на Македонски Телеком.
Овој понов модел зрачи со Wi-Fi 6 ревизија, односно Wi-Fi ax и за него па уште помалку се замараат доколку пристигне поплака од корисник за безжичната мрежна врска.
Така да, за мир во куќа, најдобро ти е да си купиш втор рутер, некој поскап модел од над 2.500 денари кој зрачи со Wi-Fi ac или уште подобро Wi-Fi ax, па намести си го каде сакаш и конфигурирај си го како сакаш.
Ќе треба да пуштиш мрежен кабел од рутерот кој ти го имаат дадено на користење од Македонски Телеком до рутерот кој ќе го купиш, едниот крај на мрежниот кабел ќе треба да завршува во било која мрежна порта која не ја користиш за MaxTV - доколку воопшто користиш MaxTV, се разбира - а другиот крај на мрежниот кабел ќе треба да завршува во WAN или Internet портата на рутерот кој ќе го купиш. Потоа ќе треба да го конфигурираш самостојно како што ти е објаснето во упатството кое ќе ти дојде со самиот рутер кој ќе го купиш и крај на приказната.