95 американски филмски награди (Оскари 2022)

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2022


  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ја трици јадам ко викам слаб филм. Сега пати хаха :kezec:
Не ми фати око уште кога искочи, знам @Комита Ултрас коментираше дека го исклучил после пола саат. Ама веќе почнав да ги гледам новиве, па да бидам у тек.

Овој осеќам ќе ги собере сите награди за технички аспект.
Не знам какви се правилата ама според мене филм со cgi не треба ни да се доближи до било каква награда. Или нека уведат таков Оскар, најбоље cgi.
A овој ќе земе за најбоље кинематографија а ко праеле 200 души на компјутер. И јас знам да снимам таков филм.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
All Quiet on Western Front - досаден, како и книгата.Го гледав уште дента кога го ставија на нетфликс, ама не пишав дека мислам оти само пофалби собираше, па да не контрирам.
Добро е, не сум била само јас со тоа мислење :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Не ми фати око уште кога искочи, знам @Комита Ултрас коментираше дека го исклучил после пола саат. Ама веќе почнав да ги гледам новиве, па да бидам у тек.

Овој осеќам ќе ги собере сите награди за технички аспект.
Не знам какви се правилата ама според мене филм со cgi не треба ни да се доближи до било каква награда. Или нека уведат таков Оскар, најбоље cgi.
A овој ќе земе за најбоље кинематографија а ко праеле 200 души на компјутер. И јас знам да снимам таков филм.
Оценава чисто ради технички што е направен профи.
Звук бонбона, костимографија, шминка, сцените со борба ептен реално делуваат
, али приказната не ми се свиѓаше. И до крај не се поврзав со ликовите, заправо ми беа антипатипни, приказната некако штура ми беше, преразвлечена.
Штом не ти фаќа око по 20 минути, не губи време, горе-долу истото се случува и во останатите 2 саати.
А оцената за некој ден сигурно ќе ја смалам на 3.
После 2 месеци доаѓаш на моето. Пати бе, пати за изгубените 3 саати :D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Мене уште ми стои во Continue Watching на Нетфликс, се мислев дека некогаш ќе му се вратам, ама тешко. Сака да прикаже нешто филмов, ама јас сакам само да заврши, и замисли после само 20 минути гледање. Немам против CGI филмови, ама ми смета кога главен фокус е уствари тоа. Нема никаква поврзаност со ликовите и со приказната. Имале прилика да направат мега јак филм, ама освен на CGI друго ништо не работеле. Џабе ти е цела техника кога приказната не ти ја бива. Имам желба годинава се што ќе биде кандидат да изгледам, ама филмов ќе си остане таму кај 20/30та минута.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.987
Поени од реакции
37.271
Од авион се гледа дека не ни искочиле на терен туку цел филм го напраиле позади зелен екран.
Има премногу CGI. Дури и чадот во скоро сите сцени беше направен компјутерски, а да не зборам за огнот од огнофрлачите кој од авион се гледа дека е вештачки. Ама сетот е реален, не е снимено ништо во студио. Снимен е во воена област блиску до Прага, Чешка, место кое го користеле за изведување воени вежби, а за време на снимањето било буквално едно огромно мочуриште (значи калта е реална :P ). Еден од рововите зафаќал простор од преку километар должина и 600 метри ширина.

Инаку, ова е адаптација на истоимениот роман на Ерих Марија Ремарк. Трета таква (првата, знаете, има земено Оскар за најдобар филм пред околу 90-тина години). Приказната е таа, не знам што очекувате да биде прикажано повеќе, мене ми беше супер во тој поглед - одличен анти-воен филм со иста поента како романот - да ги прикаже хорорите на Првата светска војна, за време и по битките. Не се премногу важни тука ликовите (тоа ме потсети малку и на Војна и мир, филмот од Русија кој го гледав неодамна во Filmovision предизвикот: во третиот дел на истиот има околу 40 минути војна на екран за време на кои не се појавува ни еден од главните актери, само 40 минути ужас!).
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
адаптација на истоимениот роман на Ерих Марија Ремарк
„На запад ништо ново“ е превод на насловот кај нас, без она западен фронт. :)
И што очекуваш интересно да напише машко што се вика Марија :D
Автоматски споено мислење:

Се зезам Zlatikevichius од секогаш ми било необично дека машко а Марија му е средното име. :)
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.987
Поени од реакции
37.271
„На запад ништо ново“ е превод на насловот кај нас, без она западен фронт. :)
„Im Westen nichts Neues“ е оригиналниот наслов на книгата, „Im Westen nichts Neues“ е оригиналниот наслов на ИСТОИМЕНИОТ филм. ;)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
„Im Westen nichts Neues“ е оригиналниот наслов на книгата, „Im Westen nichts Neues“ е оригиналниот наслов на ИСТОИМЕНИОТ филм. ;)
Не знам германски, ама мислев дека како на англиски и оригиналот спомнува фронт. :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.987
Поени од реакции
37.271
2/15: Joyland (2022) - Пакистан

1672350574676.png

Зошто баш овој го избрав да го гледам втор? Од две причини: 1. никој од тука го нема гледано, 2. најмногу GB ми зафаќаше, па да ослободам простор да симнам уште нешто. Многу комплициран филм. Комплициран до негледливост. Не дека не сум гледал чудни филмови или дека толку многу ми сметаше LGBT plot-от, ама имаше навистина чудни и несфатливи за мене моменти кои не можев на друг начин да ги објаснам освен со тоа дека режисерот сакал да ни продаде една пропаганда за родовите, сексуалноста и други курови што се тресат во ладна вода, а што се во преден план на Запад последниве години. И гледајќи го како таков, како LGBT филм од држава во која LGBT-то е забрането (претпоставувам, зашто и самиов филм е забранет во државата што ја претставува, Пакистан, што е и своевиден куриозитет), не можев ништо повеќе од 4 или 5 од 10 да му дадам. Ама последните 20 минути режисерот го носи во сосема друга насока со еден плот твист кој веројатно никој не го насетил никогаш, исто како ни јас, и тие последни 20 минути што ги догледав со кнедла во грло, а особено последната сцена од некоиси 3-5 минути ја дигнаа оценката повеќекратно. Верувам, или барем сакам да верувам дека стоечките овации на премиерата на филмов во Кан биле баш заради тие 20 минути, а не за било што што се случуваше пред тоа, зашто верувам дека и на режисерот се пред тоа му било небитно и го користел само како средство за да стигне до целта. Зашто последните 20 минути се сосема друг филм од се пред тоа. Конечна 7/10 од мене. И иако сметам дека ова е аутсајдер, некако како да се сомневам во тоа и мислам дека може да се протне до номинација.

Баш би сакал да слушнам и друг коментар за филмов. Ѕирнете го.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.367
Не знам дали после Saving Private Ryan и 1917 ни треба сега уште една ваква гола анти-воена порака. Не знам ни дали после сите екранизации на делото на Ремарк, ни треба сега уште една. Два пати ќе добие Оскар за најдобар филм, екранизација на исто дело?
Што кажа овој филм, што не го кажа оној од 1930-та?

Филмот е компетентен. Дали е тоа доволно, во светло на војната во Украина, Холивуд повторно да искористи прилика за праќање на политички/идеолошки пораки, давајќи му Оскар за најдобар филм? Има шанси. Они и така докажаа дека примарно им е водење идеологија, а не водење на индустрија за забава.
И покрај тоа што е компетентен, не мислам дека е материјал за Оскар за најдобар филм. Додуша не му ја пратам конкуренцијата. Ама ако има наслови како Ваканда и сл., зошто да не. Ете нека пратат порука дека рат е срање.
Инаку, у нормален оскаровски амбиент, не би му дал Оскар за најдобар филм. И покрај тоа што е историски и канонски автентичен, филмски компететнтен, атмосферичен, сепак суштински не е ништо повеќе од гола анти воена порака.
Таква е и книгата. Таа книга ме натера да ги прочитам и другите од Ремарк. Приказната продолжува во пост воениот живот.
Суштински филмов сака да го прави потполно истото што го прават Saving Private Ryan и 1917, ама полошо. Да не му дува у грб политичкиот момент со војната во Украина, ќе беше само добар филм, но не за главен Оскар.
Come and See (1985) останува ултимативниот анти воен филм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom