Не знам дали после Saving Private Ryan и 1917 ни треба сега уште една ваква гола анти-воена порака. Не знам ни дали после сите екранизации на делото на Ремарк, ни треба сега уште една. Два пати ќе добие Оскар за најдобар филм, екранизација на исто дело?
Што кажа овој филм, што не го кажа оној од 1930-та?
Филмот е компетентен. Дали е тоа доволно, во светло на војната во Украина, Холивуд повторно да искористи прилика за праќање на политички/идеолошки пораки, давајќи му Оскар за најдобар филм? Има шанси. Они и така докажаа дека примарно им е водење идеологија, а не водење на индустрија за забава.
И покрај тоа што е компетентен, не мислам дека е материјал за Оскар за најдобар филм. Додуша не му ја пратам конкуренцијата. Ама ако има наслови како Ваканда и сл., зошто да не. Ете нека пратат порука дека рат е срање.
Инаку, у нормален оскаровски амбиент, не би му дал Оскар за најдобар филм. И покрај тоа што е историски и канонски автентичен, филмски компететнтен, атмосферичен, сепак суштински не е ништо повеќе од гола анти воена порака.
Таква е и книгата. Таа книга ме натера да ги прочитам и другите од Ремарк. Приказната продолжува во пост воениот живот.
Суштински филмов сака да го прави потполно истото што го прават Saving Private Ryan и 1917, ама полошо. Да не му дува у грб политичкиот момент со војната во Украина, ќе беше само добар филм, но не за главен Оскар.
Come and See (1985) останува ултимативниот анти воен филм.