Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Само што го гледав Pearl, му доаѓа како prequel на X и поради тоа што е срцка и многу ми се допадна ја прогуглав Mia Goth и по некоја коинциденција баш денес полни 29 години :LOL:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.266
После долго време успеав да изгледам неколку филма, а покрај репризите на Rush Hour 1 и 2 (добро е што ги репризирав, затоа што сум заборавил колку добри филмови се правеа во тоа време, со одличен хумор кој денес, за жал, не поминува), ги гледав Uncharted и Bad Times at the El Royale.

Збор-два од мене. Uncharted доби повисока оцена отколку што реално заслужуваше затоа што ме освежи. Не барав ништо од филмот, го пуштив колку да се олабавам и го добив тоа. Приказната е повеќе од предвидлива, нема некоја длабочина во ликовите ниту пак некои wow backstories, се е некако шаблон и не се ни потрудиле да истражат малку подлабоко. Но, мислам дека секој филм од овој калибар треба да има барем една незаборавна сцена, и за среќа Uncharted ја имаше - последната сцена со бродовите ми беше одлична и уживав во секој кадар, и таа некако ми го „извади“ филмот. Тоа е тоа, ништо посебно но лабаво, Uncharted е уште еден доказ дека авантуристичкиот жанр е доста специфичен иако не изгледа така. Затоа на прсти се бројат вредните дела од овој жанр.

Bad Times at the El Royale бара многу трпение. Самиот факт дека филмот трае 2 ипол часа ме направи малку скептичен, но го ѕирнав кастот и сфатив дека одамна не сум гледал филм со Џеф Бриџис, па се одлучив да му дадам шанса. Филмот, и покрај тоа што е долг, е многу бавен во првиот еден час. Сцените во првиот чин траат по околу 10 минути, но одличниот кастинг си го прави своето и му дава темпо на раскажувањето. После првиот час филмот некако „ме фати“ и не ме пушти се до крајот. Доста необична, а во исто време и видена структура на раскажување. Потсеќа на Тарантино, но со помалку зборови и разглабање каде што треба и не треба. Напротив, мислам дека ова е еден од оние филмови кои ти го вреднуваат трпението и те наградуваат со нешто, било што, дали тоа е сценографија, глума или дејствието (овде е нелинеарно), но на крајот на денот може да биде и Love или Hate филм, нема некоја средина. Мене ми се допадна, а искрено изненаден сум од Крис Хемсворт, не мислев дека знае да глуми. Режисер е типот од Cabin in the Woods.
 
Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763
После долго време успеав да изгледам неколку филма, а покрај репризите на Rush Hour 1 и 2 (добро е што ги репризирав, затоа што сум заборавил колку добри филмови се правеа во тоа време, со одличен хумор кој денес, за жал, не поминува)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не да му прошло времето на овој Halloween од 78ма, туууууууууууууууууууууууууу.
Треба да се забранат вакви филмови, жими се. Да се гледаат до одредена година и после да се избришат.

Бил страшен гарант таму у 78ма у кино коа им го пуштале, и после традиционално секоја година на ноќ на вештерките идел по телевизии, го имаше и кај нас знам, бла бла бла, и останал у сеќавање како филм од детството.

Максимум до 95та година требало да дозволат да го гледа широка маса.

Не дека барам нешто да ме исплаши на мои 30 години ама дај барем нека има нешто што ќе се осети, некој трилер, нешто, да не биде дебилно сето тоа и ретардирано.

Па Хичкок е 30 години постар од филмов па и ден денес ти крева влакна на глава дури и кога репризираш некои од култните негови дела.

Мада ни Халоуин не ми е ништо крив мене, што кур барам да гледам ваков филм кога убаво ги одбегнувам тие да ги наречам култни филмови од некое време за кои и господ знае дека губат на квалитет со тек на годините.

И така малце да похејтам, одамна не сум урлал. Мада мирно е и ова, обично знам да ве тагнувам вие со 8ци, 9ки на летербокс, па да ве прашувам да ми се правдате овде ко да сум Мартин Скорсезе лично и персонално.

Добро утро на сите освен на мене.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.543
Поени од реакции
29.114
@Shawn Spencer вреди да се трошат скоро 3 часа на All Quiet on the Western Front? Не ми фати око први 20 минути, па го прекинав ради должината. Гледам 3.5 си му дал.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.179
Поени од реакции
10.178
@Shawn Spencer вреди да се трошат скоро 3 часа на All Quiet on the Western Front? Не ми фати око први 20 минути, па го прекинав ради должината. Гледам 3.5 си му дал.
Оценава чисто ради технички што е направен профи.
Звук бонбона, костимографија, шминка, сцените со борба ептен реално делуваат, али приказната не ми се свиѓаше. И до крај не се поврзав со ликовите, заправо ми беа антипатипни, приказната некако штура ми беше, преразвлечена.
Штом не ти фаќа око по 20 минути, не губи време, горе-долу истото се случува и во останатите 2 саати.
А оцената за некој ден сигурно ќе ја смалам на 3.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.331
Поени од реакции
84.517
Bad Times at the El Royale бара многу трпение. Самиот факт дека филмот трае 2 ипол часа ме направи малку скептичен, но го ѕирнав кастот и сфатив дека одамна не сум гледал филм со Џеф Бриџис, па се одлучив да му дадам шанса. Филмот, и покрај тоа што е долг, е многу бавен во првиот еден час. Сцените во првиот чин траат по околу 10 минути, но одличниот кастинг си го прави своето и му дава темпо на раскажувањето. После првиот час филмот некако „ме фати“ и не ме пушти се до крајот. Доста необична, а во исто време и видена структура на раскажување. Потсеќа на Тарантино, но со помалку зборови и разглабање каде што треба и не треба. Напротив, мислам дека ова е еден од оние филмови кои ти го вреднуваат трпението и те наградуваат со нешто, било што, дали тоа е сценографија, глума или дејствието (овде е нелинеарно), но на крајот на денот може да биде и Love или Hate филм, нема некоја средина. Мене ми се допадна, а искрено изненаден сум од Крис Хемсворт, не мислев дека знае да глуми. Режисер е типот од Cabin in the Woods.
Пати малку од таа болест (предолги сцени), али денес, ми личи, дека тоа е како пандемија некоја. Премногу често ми се случува кај некој филм да приметам дека нема сврхаат сврха неколку долги сцени и дека ја би ги скратил оваму или онаму. Најголем пример ми е на Зак Снајдер филмон со зомбија.
Сепак не би рекол дека многу трпение треба за филмов (го гледав кога излезе). Го задржува вниманието, не осетив премногу досада.
Вана би Тарантино, или можеби некаков трибјут на него, како и да е, ми се чинеше релативно компетентно склопен.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.215
Поени од реакции
8.315
@wot пошто го гледаше во кино dont worry darling она јебачина каква беше реакцијата во салата?

Ми легна филмов, Флоренце откина со улогава

следен е 16ноември Нетфликс The wonder не се пропушта и ова :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom