Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.617
- Поени од реакции
- 33.777
Сите тие работи се важни само ако се иде на потпишување мир. Тогаш границите може да останат така, и не мора да останат со оглед на околностите и фактот дека нема да може истовремено и Украина воено да биде/остане проблем за Русија, и Русија да постои. Нешто ќе попушти од двете. Русија или ќе ја реши заканата, или во блиска иднина ќе им се деси полоша војна на нивна територија.Зависи кои. За Лиман и Изиум два месеци жестоко се бореа за секоја педа, па после ги изгубија во рок од две недели. Херсон брзо го освоија ама го изгубија без борба а и со тоа нивниот foothold на десната страна од Днепар. Враќање сега пак преку реката, нема теорија пак да се оствари.
Но ако РФ ја добијат војната, ако убедливо и темелно воено ја поразат Украина (значи и САД/НАТО), тогаш буквално ќе можат да прават што сакаат. Не Изјум и Лиман, тогаш за Киев ќе зборуваме и буквално ќе можат да ја расцепкаат Украина на делови.
Колку е ова реално, останува да видиме. Но јас не би го ставил во сферата на невозможното.
Па не се статистички информации, ни ти ни никој не седнал да прави списоци со регистарски броеви на опремата, да проверува дека иста опрема не е 30 пати сликана од различни агли, колку погреби имало, итн... Наивно е ако врз основа на ова формираш мислење.Не знам кои погрешни информации се тие. Уништен тенк е уништен тенк. Слики од погреби на стотици специјалци од ВДВ не знам како се лажираат, посебно кога самите Руси ги објавуваат. И половина од тие слики и информации да се фејковачи, бројките пак се страшни.
Имаат загуби и Русите, ама колку господ знае. Очигледно не толку за да влијае воено, или политички дома. Тоа е она што е важно.
Инаку ако сакаш показател за загуби на двете страна, тргни од тоа дека убедливо најмногу војници и на двете страни гинат од артилерија. Тргни од фактот дека Русија гаѓа 8-10 пати повеќе со голем калибар (155мм) муниција, ова е од западни извори а за помалите калибри гранати и да не споредуваме. Епа некој што гаѓа толку многу пати повеќе со најдометната и најубиствената артилериска муниција, не може да нема и убедливо поголемо загуби. Не за џабе САД не само ЕУ државите, туку и од цел свет почнаа да прибираат 150-155мм гранати. Маф им е работата.
Пак ќе кажам, се додека руските загуби не влијаат воено на фронт, или политички дома, сето ова е само академски муабет. Нема реално влијание, барем засега.
Мислам малку логика, влегоа со помалку од 200 илјади војници и скоро година водат војна. Како не пропаднаа, како не се поразени ако навистина имаат толку големи загуби како што зборат западните. Некој лаже, ама фактите на терен не лажат.
Лево.целата територија десно од Днепар.