Македонски серии

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Каква поддршка, што ќе им е ако првата сезона била успешна? Нели и продавале во Шведска, веројатно направиле некој денар.
Па сакаат парица од буџетот, а тие пари од продажбата да си ги стават во џеб. Една колешка што ми викаше, ако се мислиш зошто нешто се дешава во државава како што се дешава, знај дека е за пари.

Не само во Шведска во цела Скандинавија ја продадоа и плус Србија мислам.

Првата сезона им беше снимена со пари од Агенција за филм (читај наш џеб). Имаше некој причи дека договорот бил да испорачаат епизоди по 30 минути, а епизодиве што се снимени биле околу 18-25 минути мислам. (Немам проверено точно колку им трајат).

Ај што не испорачале како по договор, ај што успешни биле и ја продадоа во 4-5 земји, пак народот да ги спонзорира. Ево цврц. .i.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
Кај можи да се најди Преспав сезона 6
Некој торрент ?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Зошто серијата за Кочо Рацин се држи во бункер, а продуцентот и натаму добива пари од државата?

Агенција за филм: Не е наша надлежност зошто „Црвениот поет“ не се емитува

На Агенцијата за филм не и е важно дали ќе се емитува серијата за која потрошија 23 милиони денари. Оттаму велат дека од продуцентот на „Црвениот поет“ добиле финална копија и извештај и нивните надлежности завршувале тука.

– „Играната серија е завршена и целокупната документација како наративен извештај за реализација, финансиски извештај за потрошени средства, копија од серијата се предадени во архивата на Агенцијата за филм, а со тоа и обврските кои продуцентот на серијата бил должен да ги заврши со цел исплата согласно член 4 став 1 алинеја 3 од Договорот за финансирање на серијата се исполнети.“ – Велат од агенцијата за филм.
Што лоповска земја ќе бевме, страшно нешто…
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Никогаш нема да ја видиме оваа серија. Прво ќе си ја префрлаат топката: продуцент - Министерство - Агенција - МРТ, за на крај да фати некој пожар или поплава каде трајно ќе биде уништена. Обично така бива кај нас. :(
 
Освен ако има цензура, што после толку време и напори на Алфа да ја емитуваат не ми делува уопште дека има цензура, кривицата е кај продуцентот.

МРТ имаа изјавено дека им е побарано пари за да ја емитуваат, што ако е точно е лакомост на продуцентите. Апсурдно е откако со државни пари е снимена, пак со државни пари да плаќаме за да ја емитуваат.

Алфа изјавуваат дека откако побарале да ја откупат и да ја емитуваат во термин кој му одговара на продуцентот, продуцентот им одговорил дека Алфа не била телевизија со национална фреквенција. Смешки.

За сега Агенцијата да изјавува дека продуцентот си ја завршил работата со тоа што ја снимил и доставил серијата и документацијата и они не биле надлежни за тоа дали ќе се емитува. На што дроги се бе, мамето мамино и која петарда им ги смислува изјавиве. Па они ако не се надлежни, кој треба да е. Они ги делат парите за снимање од државен буџет, мора да гледаат секој филм да иде у кино и секоја серија што ја спонзорирале да се емитува.
Ај ако не, нека се снимаат само филмови и серии и нека си ги ставаат у бункер, народот нека ги храни филмаџиите и ѓубрињава на функција, а они нек си снимаат филмови за 5 луѓе у Агенција. :mad:

како не се најде бар една будала од тие што ја имаат серијава, да ја ликне на интернет курец да попушат и продуценти и агенција…
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
како не се најде бар една будала од тие што ја имаат серијава, да ја ликне на интернет курец да попушат и продуценти и агенција…
Нема толку паметни вработени од тоа партиските ботови. Со бомбиве гледаш дека некои уште незнаат меил да отворат а некои сметаат дека ворд, ексел и пауер поинт се врвно познавање во областа на компјутерите.
Еден познаник околу 40 г негде , врбаотен во јавна институција ми се пофали дека на работа им купиле нови компјутери и го зезам да си инсталира јаки игрици да си игра додека седи 8 саата. И го прашувам што компјутери се, перформанси, графички, матични ... ми вика од тие новите црните се :pos:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Агенцијата за филм има право да ја преземе сопственоста од продуцентот доколку серија финансисрана од народни пари не се емитува во рок од една година, вели поранешната директорка на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска, која го има потпишано државното финансирање за „Црвениот поет“ посветен на македонскиот револуцинер Коста Солев Рацин, кој никако да се емитува веќе шеста година по ред.
Извор
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ама сеедно е. Агенцијата за филм секако нема да ја емитува, значи џабе само се млати празна слама. Кој сака нека е сопственикот, едноставно таа серија им боде очи на Бугарите и нема да го види светлото на денот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ама сеедно е. Агенцијата за филм секако нема да ја емитува, значи џабе само се млати празна слама. Кој сака нека е сопственикот, едноставно таа серија им боде очи на Бугарите и нема да го види светлото на денот.
Да, али фино е да се прочита дека од Агенцијата тропаат празна слама.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Тони Михајловски и Игор Џамбазов имаат во план да направат серија во кој ќе се глумат самите себеси. Ова го изјави Тони кај Бомбакис во емисијата/ подкастот.

Имаат некоја продукција која не ја спомна по име што сакала да финансира да се сними.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Телевизиската серија во развој „Авантурите на една турбофолк принцеза“ на авторите Андреј Волкашин (Andrey Volkashin) и Петар В’лчев (Peter Vulchev), а во продукција на OXO, ќе биде дел од CineLink Drama програмата на 29-то издание на SARAJEVO FILM FESTIVAL од 12 до 18 август. За време на програмата, авторите и продуцентите на серијата ќе имаат можност да го презентираат проектот пред филмски и телевизиски професионалци, продуценти и дистрибутери од цела Европа.

Серијата го следи патот на шармантната и несмасна девојка Васка во остварување на нејзиниот сон да биде балканска музичка ѕвезда, потпомогната од нејзината избувлива менаџерка Ебони. Овој телевизиски проект, кој се развива во изминативе 2 години, годинава веќе имаше едно успешно претставување на интернационален филмски форум во Будимпешта, каде го привлече вниманието на продуценти и селектори на програми од Централна и Источна Европа.

„Авантурите на една турбофолк принцеза“ е серија на кој работиме веќе подолго време и сме многу возбудени што ќе имаме можност да го презентираме проектот токму на филмскиот фестивал во Сараево, како водечки регионален настан, бидејќи сметаме дека овој проект има полн капацитет за регионална соработка и успех. – вели продуцентот на серијата Пеце Талески.

CineLink Drama е специјално дизајнирана програма во склоп на CineLink Industry Days со цел да ја помогне регионалната телевизиска индустрија преку презентација на квалитетни проекти во развој, но и здружување на професионалци од различни области, како што се сценарио, продукција, режија и емитување.

Повеќе може да прочитате на официјалната веб страна: https://www.sff.ba/en/news/11941/cinelink-industry-days-reveals-projects-selected-for-cinelink-drama
 
За серијата добиле од HBO соработка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom