Господинот Спилберг добива Оскар за полубиографскиот The Fabelsman. Не дека е нешто посебно филмов, ама е добар, класика Спилберг у негов стил без многу замарање, убаво раскажување, можда превише се 2 ипол саати али океј, вреди да се изгледа. Сеа не знам баш кои детали се точни кои не, ама ко што имам читано би требало да е точна аферата на мајка му со другарот на татко му.
Пол Дејно има добра улога, добар актер е тоа копиле иако порано многу сакав да го тепам. Не знам како што се води, ама најверојатно споредна улога е.
Оваа Мишел Вилијамс ми е тотално нехаризматична па до негде и антипатична појава. Дали ја мразам поради Хит Леџер, не знам, ама за кур не ја бива.
Од другиве, Banshees of Inisherin ми беше просек, ништо посебно а многу очекував од ова дуо, или трио. На крај испадна мехара, некоја метафора за граѓанската војна у Ирска, без многу актери, бла бла, немаше некој изразит хумор, тераше поента за другарство и братсво цело време. Нека лапа Оскар братот Колин.
Тој шведскиот Triangle of Sadness тотално дно од филм, нит смешен, нит ништо, 3 саати сатира ебате тоа, најочаен правец у хуморот е сатира. Фчерашни новости тип на хумор.
Тој не смее никаков Оскар да земе, класично модерно преценување на филмовите.
Аmsterdam, The Northman, RRR мрш од било каква битна награда или номинација.
Шпанскиот God`s Crooked Lines не знам дали влага у некаква конкуренција, мада не ми е тоа филм за било каков Оскар. Нека иде у интернационални на крај краева.
Не знам од другите земји какви се правилата и дали постојат вакви листи како овие Злате што ги пушта, да видиме од странската понуда што има. Јас еден корејски гледав пред некој месец, Casssiopeia се вика, драма со една млада самохрана мајка која живее со ќерка и која во раната животна фаза ќе добие Алцхајмер дијагноза. Убава емотивна драма, не гледам дека е нешто популарен, не мрда бројкава на гласачи на имдб.
Има добар избор годинава, Сем Мендес, Ињариту, Демиен Чазел овој бе 3 саати дали е нормален, The Menu ми фаќа око и најверојатно Армагедон види го Ентони Хопкис 110 години има уште работи.
Се надевам нема да има многу гејови мејови феминизам вокеризам курсетресизам за да не се нервирам, а и вас да не ве нервирам.