Реприза на финалето од Русија 2018?
Англија подобри денес ама јалово, све џабе кога немаат завршница, го немаат тоа финалното што треба да им достави голови и лабави мечови. Иако Саутгејт им донесе финале на ЕП и полуфинале на прошлото СП сепак според мене не го вади максимумот од екипата. За разлика од пред 15-20 години кога имаа стварно преценета екипа со 1-2ца асални играчи сега имаат стварно ок екипа ама со теле ко Саутгејт тоа е. Доста време типот фураше со тројка позади, нешто скроз нетипично за островски фудбал, па понатака средина со двајца копачи стрикно дефанзивно ориентирани, па имаше период кога играше со дупли бекови, едноставно у неговиот мандат како селектор делеше бламчиња и днопертизи у повеќе форми.
Франција можеби го изигра најслабиот меч на првенството а победија на крај во регуларен дел и се единствената екипа што не играше продолженија од сите полуфиналисти што може многу да значи за завршницата од турнирот. Против Мароко се огромни фаворити, иако Мароканците покажаа дека се страшно добро организирана екипа и може да бидат многу незгодни. Имаат само 1 примен гол и тоа е автоголот против Канада, а играа против екипи ко Белгија, Хрватска, Шпанија, Португалија... Сепак, доста се уморни што се виде во последните 15тина минути против Португалија и плус имаат мислам проблем со повреди на првотимци, денес ако не се лажам двајца не им играа, а згора на тоа им се повреди и капитенот Саиз. Ако сево ова го земеме во предвид и го додадеме неискуството на Мароко тогаш би требало Франција да оди понатаму, али до сеа видовме доста изненадувања па не би се чудел и ако испадне Франција.