Ако имаше последниве 2 па и 4 години некаква "златна" генерација, тогаш тоа е онаа на Англија.
Ок, можеби имале подобри генерации на хартија особено 2006та, ама тогаш и конкуренцијата беше каде-каде подобра од моменталнава. Денешнава генерација е далеку посплотена, по-организирана, покоординирана од претходните генерации.
Саутгејт мора да лета, едноставно досега ниедна 50-50ка не доби освен против Германија на европското на факинг домашен терен со целата еуфорија од публика и тн. Ги упропасти во корен.
Мада и енглезиве бе, како народ се скроз неадаптибилни и нефлексибилни.
Судијата секако беше тапа, ама да очекуваш дека некој ќе ти суди по ПЛ стандарди и цела утакмица да кукаш, за мене е аматеризам прав.
Никој никогаш нема да игра брзо темпо и ритам на вакви турнири. Толку ли е тешко да сфатат дека цела континентална Европа игра пострплив и попретпазлив фудбал и да се адаптираат ? Иако еве, и они се адаптираа и играат попретпазливо, ама сепак, оваа утакмица играа баш како просечна англиска екипа - играње брзо само колку да се игра брзо.
Континентална Европа игра клинички точен фудбал, 1 шанса и гол, нема тука безброј промашувања... Во Англија реално по 200 нафрлувања и шута се дешаваат за да падне гол. Истото се прелева и на репрезентацијата.
Тоа е, голот беше и закаснета реакција на Мегваер. Дури и автогол негов може да се каже. Толку требаше, џабе што изигра цела утакмица и првенство на ниво, кога баш кога е најбитно он направи кикс.
Штета што и оваа генерација фудбалери, исто како и Бразил, се срушија како кула од карти заради катастрофален тренер.