Не сакав да го рушам про-Хрватска расположението од вчера, ама реално најмалку покажаа од сите репрезентации кои сеуште се во игра (сметајќи ги и Франција и Англија).
Она на што е за восхит кај хрватите е карактерот и пожртвуваноста која ја покажаа (особено против Бразил), а од играчите Модриќ и голманчето. Најискрено, резултатот од вчера против Бразил беше многу повеќе по вина на јужноамериканците, отколку заслуга на Хрватска. Беа доста послаб противник, Бразил имаше повеќе шанси, им даде гол школски и фудбалски и потоа го направија она аматерското што е карактеристично за нив: одлетаа напред и дозволија контра напад во 117 минута, при поволен резултат.
Претешко е да се прогнозира било што, но според мене, во моментот сметам дека победникот од Франција-Англија вечерва ќе биде голем фаворит за освојување на светската круна.