СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Штета Роналдо што не влезе, ќе беше друго, го чуваа за финале.
 
Џабе процентите од пред некој ден...

Свака част за Мароко, во полуфинале ептен без притисок ќе играат, можеби ќе направат изненадување уште едно:cuc:
 
Мароко со дизајн на дрес како Македонија пред 20 години ги чисти фаворитите еден по еден и стигна до полуфиналето. Епа браво!!!

Прегледај го приврзокот 358302Прегледај го приврзокот 358303

Замислете финале Хрватска - Мароко :cool:
Не мислеме, сакаме!

А исто и не сакаме Хрватска да победи, кој ќе го гледа тоа курчење насекаде.

Еве кој ќе победи, вчера го постирав ама мош голем дел не го видел од 100-те страни испишани.

 
Прва африканска екипа која ќе игра во полуфинале на Светско.
Прекрасно.

Каква ѕверско организирана екипа е Мароко. Како клуб од елитата. Страшен колектив.
Секој си ја знае улогата. Без Мазрауи и Огар, нема проблем. Подеднакво квалитетни нивните замени Ел Јамит и Алах.
Под конец.

Победава на Мароко, а и онаа на Хрватска вчера, му даваат смисла на ова глупаво првенство.
На Мароко му фали само квалитетна навала за да освои светска титула а тој проблем го имаат многу репрезентации меѓу кои и Хрватска.
 
Од колку е закажана дискусијата Роналдо vs Меси?
Ајде порано ако може, оддамна не сме читале.
 
Боно ајле ги извади Мороканците, како и да е, победникот од вечер стига до финале според мене, па би рекол и дека најверојатно освојува, кој и да е Европска земја само да е.
 
Откако продолжија 8 минути, Мароко имаа неколку моменти каде можеа да украдат од времето глумејќи повреда, особено при оние дрски фаули да им пресечат контри. Напротив, овие стануваа и одма почнуваа со акција, не трошејќи ниту една секунда.
Да беше обратна ситуација, Бруно, Роналдо и остали циганчичи ќе се утепаа од лежење тие 8 минути.
Респект за ваков фудбал. Можеби напаѓачки не се најдобрата репрезентација ама во одбраната грмат и играат тимски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom