Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сакам само да го пофалам Бен Вајт, игра надвор од првичната негова позиција за да направи простор за Салиба да игра и одлично се прилагоди, игра многу храбро и цврсто, одлична проценка има кога да влезе во блок и има неколку легендарни пожртвувани блокови. Има некои играчи што може да ги лупне его да речат “аа што има јас да играм надвор од позиција, јас сум 50 милиони, нека играат другиве“, но не е таков, се гледа дека е присебен играч и успехот на тимот му е на прво место. Барем одбраната ни е средена со одлични играчи за ротација (ако се сите здрави).
 
Ја мислам Вајт дека може да се прилагоди на уште една позиција, ДМ. Али вајда Артета го има пробано на тренинг и не го бивало, а баш сакам на некоја утакмица да го видиме.
 
Ме загрижува формата на Жезус. Убави се за гледање тие продирања низ одбраните ама искрено веќе заборавив дека може да постигне гол. Утакмицава ако не ја тепаат срамота ќе биде.
 
Не ме загрижува се додека се труди и има удел во секоја акција и се додека другите даваат голови.
 
А кој да дава голови ако не главниот напаѓач добро почна ама како што изминува сезонава се повеќе си иде на неговите статистики од минатите сезони.Од 12 ПЛ утакмици само на 4 бил стрелец со ова темпо нема да постигне ни 15 голови во ПЛ преслабо за прв напаѓач не можи цело време да чекаме на дваесет годишни деца да ни бидат први стрелци како Мартинели и Сака.Грешката веќе е направена и не верувам во сезониве што идат да се инвестира во првотимски шпиц тоа можи скапо да не кошта сезониве што идат.
 
види ги муабетиве после 5-0 резултат и после прво место со само полоша гол разлика од Сити... Не бе не заслужуваме ништо ние. Да разберам да се мачиме во напад и да фалат голови, тогаш океј, ама вака...
 
Како што гледаш бинарни станаа утакмициве во последно време се 0-1,1-0 цела утакмица да се стегаш и тоа со доста слаби екипи е изгубе свежината тимов нема квалитета замена за никого.Еди како мува без глава е трча бе компас никаква замисла нема крила ни за лек Нелсен некни даде 2 гола вчера камен а и скоро цел тим не знаеше кај тера фалеше уште да ни изедначат а и не беа далеку од тоа а последни се во една Швајцарска лига.И добро велиш сега за сега добри се резултатите ама нема игра сега ни вчера ни со ПСВ тогаш комотно петарда можевне да примиме а и со Саутемптон катастрофа беше играта а Лидс не надигра и не заслушија да изгубат.
Утеха ми е што се уште 2 утакмици после ќе одморат малку ама пак треба да се донеси некој во јануари едно квалитетно крило и еден за средина иначе црно ни се пишува.
 
Последно уредено:

Вториот тим ни е на рамниште на Чемпионшип. Секој тим од ПЛ може да го добие.
Вчера Роб Холдинг го претрчуваа како да не постои.
Самби Локонга е се поизвесно дека не е материјал за Арсенал.
Ел Нени беше солиден, но сепак се враќа од повреди.
Нкетиа не е за на крило, тоа е јасно. Не знам зошто вчера не играше Жесус десно, лево Нелсон, шпиц Еди.
Жесус пак како да е проколнат. Вчера буквално беше потешко она да се промаши, отколку погоди. Исто така утна и со Форест.
Одличен играч е, ама како да чувствува товар што нема дадено гол.

Виера нема снага. Многу дуели губи дечково. Има техника, има потенцијал, ама на терен кога го гледам како пробува да дрибла како Казорла, знам дека е изгубен дуел.

Нелсон би бил добар како замена на крило после 70-та. Затоа мора ново засилување зимово + играч во средина, замена за Џака, во случај Ел Нени да остане замена за Парти.

Тирни вчера МОТМ. Брилијантна партија. Сеуште не знам зошто игра Томијасу лево. Знам тактичка замисла за да може Џака да се приклучува во напад, ама многу поопасни сме со Тирни кога ќе удвои со Мартинели.

Со оглед на тоа што еден Лацио отпадна, а Јунајтед се втори, одлично е што завршивме први и избегнавме еден натпревар. Само, не верувам да може долго да се оди со овој втор тим понатаму, ќе треба првотимците да играат ако сакаат успех во ЛЕ.
 
Проблемот во фановите е што гледаат само бројки, а не гледаат колку проблематичен за чување е Хесус. Уште во јули се објаснував дека неговото присуство е отварање простор за сите околу него. Ако сте приметиле, немаме главен голгетер. Пример, Џака е исто опасен колку и Мартинели, Сака, Одегард....

Сите горе доле имаат ист број на голови и асистенции. Ставете се на место на дефанзивец и да играте против него. Класа дриблер, не смееш да му оставиш простор. За да го чуваш него, некој друг од нас ќе добие повеќе простор и од никаде ќе никне гол. За тоа е донесен Хесус.
 
Муабетот за Жесуз. Фирмињо во Ливерпул исто така никогаш не бил голгетериште но затоа отвараше простор за Салах и Мане кој даваа по 20тина голови. Додека нападот функционира како целина и дава голови не гледам дека е проблем кој ги дава.
 
Да секако секој повеќе би го сакал Жезус отколку Халанд,Кејн,Лева и др и не даваа Мане и Салах по 20 гола поради Фирмино туку поради тоа што се класа сами по себе.Додека беше Жезус во Сити не гледам некое крило да им давало по 20гола значи не отварал баш простор како што треба;). Шала на страна Мане и Салах и со Жиру ке ги имаа истите статистики не бадијала оваа сезона вложија 80м во Нунез ок можи сеуште не функционира како што треба ама во годиниве што следат сигурно ке биде далеку подобар голгетер од Жезус.
Али ајде ќе видиме ќе кажи времето кој ке биде во право не се будали најдобриве екипи што идат по класа голгетери а не некој како Жезус пр Барса за исти пари го зеде Лева а можеше да го добие Жезус кој е 10 години помлад чудно.
 
Ke му се стават сите на Жезус при првиот меч каде Арсенал нема да даде гол. Веќе 8 утакмици е без постигнат гол.
 
Да секако секој повеќе би го сакал Жезус отколку Халанд,Кејн,Лева и др и не даваа Мане и Салах по 20 гола поради Фирмино туку поради тоа што се класа сами по себе.Додека беше Жезус во Сити не гледам некое крило да им давало по 20гола значи не отварал баш простор како што треба;). Шала на страна Мане и Салах и со Жиру ке ги имаа истите статистики не бадијала оваа сезона вложија 80м во Нунез ок можи сеуште не функционира како што треба ама во годиниве што следат сигурно ке биде далеку подобар голгетер од Жезус.
Али ајде ќе видиме ќе кажи времето кој ке биде во право не се будали најдобриве екипи што идат по класа голгетери а не некој како Жезус пр Барса за исти пари го зеде Лева а можеше да го добие Жезус кој е 10 години помлад чудно.
Секој тренер има различна филозофија. Наше е да ја гледаме големата слика. Јас сум сигурен дека Халанд нема да ги силува до толку противниците ако игра кај нас бидејќи не е тип на играч што Артета го преферира на таа позиција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom