- Член од
- 4 март 2017
- Мислења
- 2.234
- Поени од реакции
- 6.371
На толку промашени пенали и зицери, поразличен исход ќе беше чудо.
Не отидов на таа утакмица и на онаа последната со Хрватска. Ме исцедија против Шведска и Исланд и не можев, башка и знаев дека двете ќе ги изгубат баш на најмакедонски начин - поготово таа со Германија беше баш тоа!На камери се виде дека со иронична насмевка го проследи она тоа, ама според онаа од 24 ракомет или и опцул мајка во дерењето или директно ја опцул мајка и која била на трибини, не можев да сфатам од пишаното, ако некој бил таму @aletem може да каже што се десило.
Разбрав дека картите ќе бидат со попуст, бидејќи РФМ ќе субвенционира 40% - веројатно за македонската публика.има ли некој купено карти за еп?
малце солени за наш стандард, ќе има полнење на трибини најверојатно со деца од ракометни школи.
Првенството е голем настан за држвата после долго време, а почнаа по медиуми да го најавуваат пред недела и ипол за тоа, на мрт ко официјален броадкастер (соработка со арена) од вчера почнаа да даваат најава дека ќе вршат преноси.Добро е изрекламирано првенството. Ме интересира како ќе изиграме и дали ќе успееме една (Холандија или Романија) да ја добиеме и да продолжиме во втора рунда.
Разбрав дека картите ќе бидат со попуст, бидејќи РФМ ќе субвенционира 40% - веројатно за македонската публика.
Не е срамно, женскиот ракомет едноставно е помалце пратен. Погледни ги и Цеље и Подгорица исто беа полу празни сали. Искрено ја бев и пријатно изненаден очекував и полошоНие не сме никаква ракометна нација едноставно во тој спорт сме имале континуитет на СП и ЕП народот секоја година пред ТВ ја гледаше репрезентацијата прво женската во 90тите па Кометал беше тука после тоа машката репрезентација па Вардар. Прво срамно е да град со големина на Скопје неможе една сала да ја исполни со публика од минимум 3000-4000 гледачи на клупско и репрезентативно ниво. Од Европското не се очекува нешто да направиме,тешка група а и нема па и лесна едноставно нашето ниво е лошо во женскиот репрезентативен ракомет и за вакво едно натпреварување. Искуство нека соберат и добро е шо ќе се појават на еден ваков настан.
Пријатно ме изненадија со играта во првото полувреме, бев спремен да идам во теретана очекувајќи дека ќе не расштимаат, видов егал па си останав до паузаКриво ми е за последната утакмица. Девојките играа доста солидно во прво полувреме, а се трудеа и во второ - само многу стативи и пропуштени зицери. Од друга страна мислам дека во прво полувреме бајаги простор и оставаа на крантовилана Неагу - бар да и ги пратеа шутевите за да и ги бранат. Со Холандија играа катастрофално лошо, ама денес далеку повеќе се трудеа. На еврокупот играа многу подобро на гости и со Црна Гора, со Словенија, па и со Норвешка. Се надевам дека девојките ќе ја добијат Грција или Косово за противник во баражот и дека ќе успеат да остварат пласман на СП. Ова беше и добро за Ризоска и Младеновска што одиграа по нешто. Тие и наредна година ќе играат и на кадетско и на јуниорско ЕП, па ќе биде дополнителен плус за нив.