Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
4 март 2017
Мислења
2.234
Поени од реакции
6.371
На толку промашени пенали и зицери, поразличен исход ќе беше чудо.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Исланд играше во своите можности, а ние си потфрливме кога најмногу требаше. Сто пати ја искршија стативата, башка и два нереализирани пенали. Исландскиот тренер стално знаеше кога да викне тајм-аут. Тоа на претходната утакмица му беше проблем на Савевски и затоа беше само реми. Криво ми е! Сакав еден успех на домашен терен и гледав до тоа бар полуфинале да видиме. Публика имаше уште повеќе со Исланд и тоа требаше да се искористи. И кадетите така со Португалија во 1/8-финале пред 3 години. Кога најмногу треба се паѓа. :cenzura: Девојките не изиграа лошо и факт е дека и лоши судии имавме четири меча по ред, ама и без тоа можеа барем бод да освојат со Исланд.
Не знам што да очекувам за следниве утакмици, мислам ќе си го изиграме она македонското и ништо нема да бидне. Во секој случај искуство плус за наредното јуниорско ЕП. :toe:
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Инаку, интересно е што во 1/4-финалето ќе играат Исланд против Холандија, две екипи кои беа во Б-дивизијата. Исланд загуби од нас во финалето, а во другите групи Холандија, како и Македонија, ја освои лигата Б. Шпанките кои беа во Б-дивизија исто солидно изиграа на првенството и имаа доста тешка група со Унгарија и Франција. Фарските Острови беа блиску со Португалија до пласман во топ16, а ја победија Австрија.
Мислам дека треба да ги тргнат тоа Б-дивизиите и да се врати на она како што беше, квалификации - група со 4 екипи и толку. Тоа некако и нас повеќе ни одговараше.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.639
Поени од реакции
4.243
Солидна генерација, но освен Младеновска која е буквално во светски рамки еден од најголеми таленти и можеби голманките, нема нешто што во моментов ветува. Ниту еден од бековите, освен двата десни (Младеновска и Дуковска) не даде гол од 9 метри против европските репрезентации. Толку лесно поставуваа одбрани сконцентрирани само на Ива и ја принудуваа да шутира од невозможни позиции што направија девојчето да има ужасен процент на реализација, некаде околу 40% и приметливо и влијаеа и на самодоверба. Сестрите Коцеви и Ризовска делуваат на мини Моника Јаневски. Огромно срце, пробивност, влагање во дуели ама хендикепот со шутот ги прави ограничени во квалитет. Ако било која од нив изгради и шут игра можат да станат сосема солидни играчи и на европско ниво, за нас би било феноменално да станат она што требаше да стане Керамичиева.
Савевски истите грешки како и кај сениорките. Ја утепа Дуковска (бек) со игра на крило за каде што нема изграден шут па уште и на првенство каде за прв пат се игра без лепак на топка. Ужасни 1/5 имаше и со Шведска и со Исланд од таа позиција, било кое десно крило да си играше таму многу веројатно ќе играа четвртфинале. Тотално понижувачки за сите десни крила во таа генерација. Дуковска ја има несреќата да игра на позиција со Ива и Кипријановска, тешко дека ќе се пробие до репрезентација освен ако некоја од овие две не фати голема удолница. Крајно сељачка реакција на Савевски и кон Чурлиновска (4 најдобра голманка на првенството) со Германија при една лошо фрлена топка во контра. На камери се виде дека со иронична насмевка го проследи она тоа, ама според онаа од 24 ракомет или и опцул мајка во дерењето или директно ја опцул мајка и која била на трибини, не можев да сфатам од пишаното, ако некој бил таму @aletem може да каже што се десило.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
На камери се виде дека со иронична насмевка го проследи она тоа, ама според онаа од 24 ракомет или и опцул мајка во дерењето или директно ја опцул мајка и која била на трибини, не можев да сфатам од пишаното, ако некој бил таму @aletem може да каже што се десило.
Не отидов на таа утакмица и на онаа последната со Хрватска. Ме исцедија против Шведска и Исланд и не можев, башка и знаев дека двете ќе ги изгубат баш на најмакедонски начин - поготово таа со Германија беше баш тоа!
А што знам наводно Савевски избувнал и опцул мајка. Не му е прв пат такво нешто да направи. :icon_lol:

И да, мислам дека девојките ќе ја победеа и Холандија во 1/4-финале ако го добиеја Исланд. Ама вака 12-то место. Истава генерација ќе игра и на ЕП јуниорско (благодарение на пласманот во А-дивизијата лани) и на наредното СП на кое ќе бидеме домаќини. Па, ај може ќе се погоди некоја лесна група и овој пат ќе стигнеме барем до 1/4-финале. Очајно ни треба некој успех на домашен терен!
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
76
Поени од реакции
45
Судиите не оштетија премногу со Исланд,реално добро изиграа ракометарките.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.918
Поени од реакции
16.188
има ли некој купено карти за еп? :)
малце солени за наш стандард, ќе има полнење на трибини најверојатно со деца од ракометни школи.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Добро е изрекламирано првенството. Ме интересира како ќе изиграме и дали ќе успееме една (Холандија или Романија) да ја добиеме и да продолжиме во втора рунда.

има ли некој купено карти за еп? :)
малце солени за наш стандард, ќе има полнење на трибини најверојатно со деца од ракометни школи.
Разбрав дека картите ќе бидат со попуст, бидејќи РФМ ќе субвенционира 40% - веројатно за македонската публика.
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.666
Реалноста е висок пораз од сите три. Холанѓанките според составот изгледаат нешто послабо од претходните години, претпоставувам дека тука ќе ја бараме шансата. Со Романија ми се чини дека Неагу и Пинтеа сами ќе не тепаат. :D

Како и да е треба да им се даде поддршка. Многу млад состав имаме а потешки противници не можевме да извлечиме.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.918
Поени од реакции
16.188
Добро е изрекламирано првенството. Ме интересира како ќе изиграме и дали ќе успееме една (Холандија или Романија) да ја добиеме и да продолжиме во втора рунда.

Разбрав дека картите ќе бидат со попуст, бидејќи РФМ ќе субвенционира 40% - веројатно за македонската публика.
Првенството е голем настан за држвата после долго време, а почнаа по медиуми да го најавуваат пред недела и ипол за тоа, на мрт ко официјален броадкастер (соработка со арена) од вчера почнаа да даваат најава дека ќе вршат преноси.
Интересот од народот е доста слаб, а се удараме во гради дека сме ракометна нација, најверојатно само кога имаме инстант успеси :)
Не верувам и дека со попустот за карти ќе има повеќе од 3000 гледачи, башка во нашата група нема ниедна од Данска, Шведска, Норвешка, барем од тие земји одат пензионерите на европски светски првенства.

Може некој и тема да отвори ако има слободно време, па да дискутираме таму.
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.951
Поени од реакции
9.581
Ние не сме никаква ракометна нација едноставно во тој спорт сме имале континуитет на СП и ЕП народот секоја година пред ТВ ја гледаше репрезентацијата прво женската во 90тите па Кометал беше тука после тоа машката репрезентација па Вардар. Прво срамно е да град со големина на Скопје неможе една сала да ја исполни со публика од минимум 3000-4000 гледачи на клупско и репрезентативно ниво. Од Европското не се очекува нешто да направиме,тешка група а и нема па и лесна едноставно нашето ниво е лошо во женскиот репрезентативен ракомет и за вакво едно натпреварување. Искуство нека соберат и добро е шо ќе се појават на еден ваков настан.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Под грч играме, плус Франција стандард игра добра одбрана. Разликата е во контри каде мислам едно 6 гола ни дадоа. Да го минимизираат тоа девојките и мислам дека барем да не е очигледен резултатот на крај би било добро.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Ние не сме никаква ракометна нација едноставно во тој спорт сме имале континуитет на СП и ЕП народот секоја година пред ТВ ја гледаше репрезентацијата прво женската во 90тите па Кометал беше тука после тоа машката репрезентација па Вардар. Прво срамно е да град со големина на Скопје неможе една сала да ја исполни со публика од минимум 3000-4000 гледачи на клупско и репрезентативно ниво. Од Европското не се очекува нешто да направиме,тешка група а и нема па и лесна едноставно нашето ниво е лошо во женскиот репрезентативен ракомет и за вакво едно натпреварување. Искуство нека соберат и добро е шо ќе се појават на еден ваков настан.
Не е срамно, женскиот ракомет едноставно е помалце пратен. Погледни ги и Цеље и Подгорица исто беа полу празни сали. Искрено ја бев и пријатно изненаден очекував и полошо
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Криво ми е за последната утакмица. Девојките играа доста солидно во прво полувреме, а се трудеа и во второ - само многу стативи и пропуштени зицери. Од друга страна мислам дека во прво полувреме бајаги простор и оставаа на крантовилана Неагу - бар да и ги пратеа шутевите за да и ги бранат. Со Холандија играа катастрофално лошо, ама денес далеку повеќе се трудеа. На еврокупот играа многу подобро на гости и со Црна Гора, со Словенија, па и со Норвешка. Се надевам дека девојките ќе ја добијат Грција или Косово за противник во баражот и дека ќе успеат да остварат пласман на СП. Ова беше и добро за Ризоска и Младеновска што одиграа по нешто. Тие и наредна година ќе играат и на кадетско и на јуниорско ЕП, па ќе биде дополнителен плус за нив.
 
Пријатно ме изненадија со играта во првото полувреме, бев спремен да идам во теретана очекувајќи дека ќе не расштимаат, видов егал па си останав до пауза :icon_lol:

Таа игра ми дава за надеж дека сме на прав пат. Млада е генерацијава, мислам дека најдоброто од оваа генерација тек следи со оглед на тоа дека најголемиот дел се до кај 24 години. За 4-5 години ќе си ги гледаме на Европско кај ќе матиме калкулации.

Не може да се очекува врвен дострел зашто на Европсково играме благодарение на фактот што организираме но за старт редовно појавување на големи собири и трасирање на пат за помладите е сосема океј и нешто што у моментов да се понуди ја би го прифатил со двете раце.

Не го гледав второто ама у првото не изгледаше дека Романија заслужи да добие.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom