UEFA Champions League - Season 2022/23

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во ЛШ?


  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Одличен крај за Атлетико, мило ми. Чолохохохохохо најпреценетата индивидуа во светот на фудбалот.
 
Не сметам дека е Чоло преценет, едноставно не е тренер за напаѓачки фудбал и екипа која што ќе инвестира многу во засилвуања како Атлетико што направија, посебно со Феликс. Чоло е идеален тренер за underdog екипа, да се дефанзивно скоцкани и да чекаат на контри, со просечни играчи ќе вади страшни резултати. Ама кога ќе треба тимот да му диктира темпо и да напаѓа, катастрофален, барем од тоа што го имам гледано во ЛШ, во Лига не знам како играат, кој гледа таа фармерска лига со две екипи. :X3:
 
Ова шо се деси последните минути за во учебници е.
Судијата свири крај, сите со наведнати глави полека се упативаат на кај тунелот,по неколку секунди му сигнализираат од вар собата дека имаше контакт со рака, скока цел тим на Атлетико, мафта со рацете као демек игра со рака, Чоло се моли во позадина, аве Марија пурисима, навивачите во шок.
Го гледаш Караско затрчан и си викаш Господе Боже, шо ти згрешив толку за вака да ме казнуваш.
Ја рога в голман братот топката, се одбива во друг играч, овој ја мава во пречката, пак му се враќа во нозете на друг соиграч, шутира овој и Караско спречува директен удар во празен гол:pos:
 
Овој Едвардс, 10-кава од Спортинг е страшен играч. На моменти имат некој потези, ко Меси да го гледам (нормално, даааааааааааалеку е од Меси), левак, знајт гол да дајт + го имат фудбалов во мал прст.

Гледам на веќе 3 години играт во Португалија, годинава потпишал за Спортинг...чудно ми е шо никој не го спомвит, али ако продолжит вака прашање на време кој ќе го "намерачит" прв од поголемиве клубој

Веќе го зборат по Англиските медиуми. Сабајлево читав статија за дечково.
 
Колку само Баерн епизодно ја силува Барселона последните неколку години, неможам да се сетам на друг познат тим во поблиска иднина да имал слична судбина...

Арсенал исто од Баерн...
 
Типичен торбеш во Трокадеро - Будва сред средношколска екскурзија баш како што кажа. Има друштво со уште двајца, се дружат постојано, секаде одат и се двојат од водичот и целата група - сами шетаат. Педерка is a must и обавезно внатре во задниот патент има 2 неотворени кутии Винстон плаво додека во предниот патент отворената и изгужваната кутија со уште 2 останати цигари. Едвај чека да седне у некоја шашава биртија или пивница, да ги допуши цигарите и да затера троа муабет со двајцата другари. Не е дојден многу многу по факултативите и знаменитостите од екскурзијата, чисто е дојден да пие и да тера коперациски муабет сред Европа.

Ronhill или Ronhill со ментол се пушеа тогаш, али ОК :icon_lol:
 
Инаку сеа го гледам тимов и си викам Тухел како ќе им легне на Атлетико ако се решат да мењаат. Со Феликс на вингбек има да бидат топоини што би рекле битолчани.
 
Инаку сеа го гледам тимов и си викам Тухел како ќе им легне на Атлетико ако се решат да мењаат. Со Феликс на вингбек има да бидат топоини што би рекле битолчани.
Ако случајно Симеоне си замини во скоро време, се шпекулира за Луис Енрике како негов наследник. После тоа некогаш во иднина на Торес не му бега столчето.
 
Белерин ќе заличи веќе еднаш на човек?
306981789_1107041769916388_4626479062428181630_n-jpg.345131
 
Навивачите на Камп Ноу вечерва :cuc: :cuc: :cuc:

Поим за тоа како се сака и поддржува клубот и во добро и во лошо.
Само така да продолжат :love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom