Резултатите беа повеќе или помалку очекувани.
Рома беше сигурна, Реџина, Сампдорија и Лацио истотака. Не очекував ваква бламажа на Интер, на целосно спремен со 80 000 навивачи полн стадион, онакви катастрофални испади на тренерот и играчите. Јуве ме изненади истотака, мислев дека ќа им ја пушти на Катанија, но сепак праведни 1-1 за да има шанса и за опстанок на Парма. Милан очекувано загуби од Наполи, само не очекував дека светлосините од Неапол ќе бидат така убедливи.
Во врска со ЛШ, како и ова коло така и следното тифозите на Милан ќе си рачунаат три лесни поени, но пак да ви кажам дека тешко ќе се дојде до бодови против силниот Удинезе. Можеби реми, но не се знае... Фиорентина ќе имa не така тешко во Торино, кај веќе сигурниот истоимен клуб. Сампдорија нема што да изгуби и ќе игра само за престиж против Јувентус.
Борбата за титулата.
После денешното разочарување, мислам дека екипата на Интер го испушти последниот воз за освојување на скудетото. Во екипата нема играчи со таков менталитет и со таква смиреност кои би можеле да го издржат ионака силниот притисок на Рома. Кога против една немотивирана Сиена беа, влегоа тотално несконцентрирани и целосно ја потценија... како ли само ќе се прикажат против Парма која грчевито се бори за опстанок. Плус Интер има лоша традиција против овој тим на гости, така да во моите очи ваква е сликата: повеќе шанса му давам на Катанија и Зенга да ја сопрат волчицата и да ја скројат успешно сезоната на Интер, отколку на Манчини и неговите срамни и детинести миленици. До денес судбината беше во рацете на Интер, веќе не... Манчини дозволи судбината да му ја кројат фенерџиски тимови кои се борат за опстанок.
Дали ќе се повтори 5 мај 2002 година... не можам да потврдам или негирам.
Ама, барем после ова за едно сум сигурен. Ќе летаат глави во Милано. Гарантирам.