Дечки, дали постои во државава субјект под името Агенција за води?
Ми треба нешто околу водите, и еден човек ми спомна за некаква си таква Агенција за води да се обратам, ама ниту човекот знае конкретно каде се наоѓа таквата агенција.
Знае ли некој дали и воопшто постои Агенција за води?
На интернет кога пребарував не пронајдов никакви податоци за таква агенција, само ова го пронајдов од 2019 година текст дека уште не е формирана таква агенција, како било изборно ветување на актуелната владеачка партија која во 2016 кога биле во опозиција имале предизборно ветување дека ќе формираат Агенција за води, но во текстот од 2019 пишува дека не е формирана Агенција за води. Еве и линк