Се надевам дека и членовите кои сметаат дека овие мерки се цивилизациска придобивка ќе ја увидат големата слика затоа што не се работи веќе за кршење на основните човекови права, туку за нешто повеќе.
До одредена мера сме еднакви (за препораките), но дали сме и за мерките? Овие мерки ја уништуваат економијата, а прва тоа ќе го осети онаа 1/3 од населението која живее во сиромаштија. Потрошувачка кошничка од месец до месец е во раст, одредени производи веќе имаат и двоцифрена инфлација, а трендот на платите (/социјалната помош) не може да го следи трендот на цените. Тоа е сериозен проблем. Ама лесно им е на докторите кои си се сладат со чоколади и зборуваат за мерки додека тој дел од населението јаде леб и супа.
Вториот сериозен проблем е буџетскиот. Данокот на добивка може да се одложи 3 години, односно загубата може да се пренесе на наредните 3 години. Голем дел од фирмите, пред сѐ оние кои работат со увоз-извоз се соочуваат со тешки загуби во однос на добивката која ја остварувале претходните години или работат со загуби. Тоа значи и намалени буџетски приходи, а расходите се во тенденционен раст.