Days of Darkness
Иако ова е ера на телекомуникациската технологија, која ги има окупирано сите сфери од (социјалниот) живот, Жуан-Марк е самоизолиран и доста осамен. Неговите деца живеат во светот на "виртуелноста", а неговата сопруга е посветена на кариеризмот. Па така од сцените кога ги вози со кола, кога се вози во трамвајот (каде буквално сите други разговараат на телефон), појадува сам, немо пробува да комуницира со неговата мајка, се сцени поминати во психички мрак.
Живот му е досаден, репетиторна неинтересна рутина, па често се отсекува од реалноста со својата бурна имагинација.
И работата му е монотона, службеничка, со која ги разочарува сите граѓани, независно од нивната праведност, истата не кореспондира со правичноста на законот.
На самиот почеток мислев дека сите фантазии ќе бидат стимулирани од сексуална побуда, но потоа гледаме дека се разнолики во зависност од приликата во која се наоѓа.
Интересен, несекојдневен филм, кој малку ме потсети на Cashback. 7
Дел од филмот го гледав без превод, што ми претставуваше извесен проблем. Но и голема благодарност до Анон затоа што го стави самиот филм. Сам не го најдов, го немаше по апликацииве.