Zlate, ne treba tolku licno da te zasegaat anti woke nebitni komentari kako sho vikas.
Darling, единствено што ме засега кај анти-woke коментарите е што се бетер од Топ Шоп диспечерите, Јеховините сведоци и продавачите од call-центар сервисите, собрани заедно! Цитрони ми ги направија! ОК де, сфативме поента, олабавете сега. Инаку, далеку сум од woker, ама во случајов - Нетфликс ја направија кралицата на факинг Англија црна во една серија, они се засекирале за жената на синот на кралот на џуџињата од измислен свет. (!) Мислам, хелллоооооу... Тоа е, во такво време живееме, помирете се со фактот и move on. Што ќе постигнете (освен што одново и одново ќе ми ги правите цитрони) ако продолжите да верглате во место за истото?
Ti nemas nikakvi dobivki dali serijava ke uspee ili ne.
Точно, исто како што нема да имаат никакви добивки ни Берик ни кој беше уште еден погоре - ако не успее.
Ova na Amazon im e sekako "side hustle", kako i ona so patuvanje u svemirot, posto se multi milijarderska korporacija koja dnevno pecali mozebi 500 milioni samo od Amazon servisite na dostava i AWS.
Isto kako sho Disney najveke pecali od igracki, Disneyland i taka natamu.
Amazon moze da napravi uste 30 sezoni samo oti imaat pari za sprdanje bez razlika na rejting na fanovi, nefanovi itn sfakas? Ne oti 25m gledaci gledale(Brojka sho ke opaga od epizoda na epizoda)
Да бе, така е тоа. Тие од Амазон си рекле - ај да си ги фрламе парите, и така ни се многу. Ако не е за парите, барем за престиж е. А престиж како ќе добијат ако немаат фан-база? Значи баш заради бројот на гледачи можат да ја обноват или не, а не заради бројот на анти-woke коментари, како што сугерирате.
Toa ne e nikako povrzano so kvalitetot na serijata, sho nikako ne e dosledna na izvornata literatura koja ne zasluzuva i ne treba da ima s02.
Никој не рече дека е тоа поврзано со квалитетот на серијата. А кога сме кај изворната литература, тука те чекав! Тука вам ви лежи болката, не само во овој случај, туку во секој еден - што очекувате секое едно дело based on или inspired by друго, да е идентично со оригиналното. Серијава НЕ Е адаптација на книгите, мора да го сфатите тоа. Инспирирана е од нив, и од светот на Толкин, тоа да, но е сосема ново дело од нов(и) автор(и), и како такво, по мое мислење си беше сосема ОК. И јас имам замерки за првиве две епизоди, не дека немам. Далеку беше ова од ремек дело, ама дека е до таа мера лошо како што фановите на Толкин велат дека е, не е. Кога збореа за серијава пред премиерата имаше коментари за лоша костимографија, евтино CGI и сл. А испадна дека баш тоа е најјаката страна на серијава. Затоа велам дека ги надмина моите очекувања - очекував срање, а гледав сосема ОК 2 епизоди.
uste mi nemas prosteno za potsetuvanjeto od GOT?
Офтопик би било да објаснувам за тоа тука, само ќе кажам дека јас немам за што да ти простам за тој случај, само ми падна жал за тебе, искрено, зашто те замислив како личност која немало кој да ја гушка кога била мала.