Се согласувам и јас со критиките. Не дека е ситуацијава критична или алармантна, на хартија сме посилни од поголемиот дел од лигава и делува дека сме подобри и од главните конкуренти, Пелистер и Гостивар. Меѓутоа, како да не ја сфатија лекцијата од лани, повторно оставаат простор да се доведат во неизвесна ситуација наместо многу порешително да се влезеше во сезоната со состав кој ќе беше убедливо најсилен во лигата. И лани вака зборувавме, ги потценивме Воска и нивните засилувања, па на крајот Силекс ни беше крив што не им пуштил или судиите што носеле сомнителни одлуки, а ние пропуштавме бодови на „лесни“ гостувања.
Воопшто не ми се допаѓа останувањето само на Ристески и Мишковски како штопери, Никола најдобрите партии ги пружи според мене првата полусезона во 3-ка позади, и не ми е толку стабилен во дуо, а Мишковски, каков и да е, има 35 години, крпењето и покривањето со Блажевски и овој Вецески, каде што воопшто не би играле на природна позиција ми е глупост, а ако веќе не можеа да најдат подобра опција можеа да го задржат Стојанов или евентуално Стојковски, како проверена опција од лани, или пак Иван Мицковски како у21 играч наместо да носат енигма како Папули. Тенки сме и на бековските позиции, освен Глишиќ другото се младинци, тој Матеј Николов врска немам кој е искрено.
Единствено во средниот ред имаме ширина, Мицевски, Вецески, Николовски, Јаневски и плус како у21 играчи Јусуфи, Давидовски, Цветков, Дошев. Нападот пак шкрипи, останавме без Керим кој беше меѓу покреативните играчи лани, ќе видиме како Јаневски ќе го замени, според CV би требало да е поквалитетен играч, останавме и без Шиле кој иако во години и скоро некорисен, реши неколку утакмици со еден потег во првата полусезона, а и останавме и без Фичо, ваков-онаков ни беше најдобриот стрелец. Попзлатанов нема потреба да го дискутираме, одлично засилување, баш такво какво што требаше да целиме, Христов за 2 лига е ок засилување, го имаме и Демир, а Десниќ според мене е тотално непотребен и требаше да се донесе наместо него некој саглам класичен шпиц, Величковски е премлад, а крилните позиции секако ни беа покриени, а и на Христов поприродна позиција му е лево крило.
Олеснителна околност е што Пелистер се бетер од нас во нападот, па веројатно уште повеќе ќе се мачат со дефанзивни екипи на тешки гостувања, ама средниот ред и одбраната им се сосема солидни и не се за потценување, ќе видиме Гостивар колку ќе се носи и како Ќерим и Фичо ќе се покажат кај нив.