Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Истата грешка и оваа сезона ја праиме. Минатата се ослонивме на Петковски кој по четири гола им даваше на Кадино, а сега е случај со Симе Христов. Со еден шпиц и со дете втор не се иде во Прва лига. И денес гол не сме дале, а сме играле дури 120мин.
Прерано е да се збори, ама не е на арно како што тргнало. Мириса на потполно идентично сценарио како прошлата сезона. На страна секоја утакмица 0-0 или 0-1. Ја не знам што мислам луѓето задолжени за спортскиот дел, ама ростерот е далеку од дефиниран.
У моментов иаме двајца стопери и едно изнудено решение во Мартин Блажевски на кого тоа не му е ни природна позиција. Да не забораиме дека Мишковски е веќе 36 години.
Што доколку фали Глишиќ? Повторно неаме алтернатива ни за него.
Во нападот иста слика како лани. Еден класичен шпиц и младинец за бекап со еден сениорски настап во кариерата.
Зимоска бараа изговор дека немало доволно квалитетни слободни играчи на пазарот, а сега што ќе биде причината!? Ене го Јашароски уште е без клуб. Што се чека не знам...
Пријатели вака во декември сигурно со една нога нема да сме во Прва лига... ќе глеаме пак мачење до крај. Нека им биде јасно!
 
Давидоски на позајмица во Локомотива, Ѓорѓиевски во Тетекс
 
топ гостување у мак. каменица, ми се допаѓа... ;)
 
Младиот Серафимов одличен вчера. Погоди пречка, учествуваше во акцијата за првиот гол и асистент за вториот гол. Мислам дека си го обезбедува местото за еден младинец, а второто ќе го бркаат Јусуфи или Парталко.
Симе одличен гол постигна. Мислам дека во него добиваме покомплетен напаѓач од еднодимензионалниот Фичо.
Не ми се свиѓа грешките што ги правеа Панта и Блажевски на средина, по кои паднале двата гола на Пелистер.
 
Ајде една убава вест. Ќе се носат уште три нови имиња, еден е шпиц. Не знам кои се точно.
Да не бидат само некои од тие што се на проба моментално (Папули, Николов и сл.)...
 
Ајде една убава вест. Ќе се носат уште три нови имиња, еден е шпиц. Не знам кои се точно.
Да не е шпицот Боби Божиновски ? :D Не дека е лош играч, али реално веќе е многу стар...
 
Да не е шпицот Боби Божиновски ? :D Не дека е лош играч, али реално веќе е многу стар...
Па Боби не е шпиц. Иначе топ би ни дошол како џокер. Со еден потег знае да реши утакмица стариот...
 
Па Боби не е шпиц. Иначе топ би ни дошол како џокер. Со еден потег знае да реши утакмица стариот...
У Ѓорче претежно играше шпиц со црнецот, најмногу ради тоа што веќе не може да трча ко порано…
 
Гледам на видеата добри долги пасови знае да даде што за наша лига стварно е реткост да се надеваме дека ќе напреднува во Вардар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom