Имаше тука калкулации уште колку ракети им останале на Русите и како ги потрошиле резервите дека во Март им останале уште неколку стотина ракети. Минатата недела Украинците изјавија дека во рок од неколку дена ги погодиле 130 крстосувачки ракети. И двете страни 8 години се спремале за ова, Русија има преголеми резерви на оружје и муниција наследени од СССР кој се има спремано за војна со цел напад. Описот во прозападните медиуми пред некој месец кога веќе е очигледно на каде оди работата беше: small incremental but unstoppable advances. Тенеке експертот пишуваше дека само села зазимале, еве тие села веќе го и обиколуваат Лисичанск и не ќе може војската да се повлече. Иста судбина ги чека и другите градови.
Украина игра на време, не е битно колку војска ќе загубат се додека Русите имаат загуби и се надеваат на вмешување на НАТО или Русите да под притисок од внатре и да се изморат од војната и да се повлечат. Нато обучена војска со доста НАТО оружја губи, гејмчејнџерот M777 испадна ништо посебно особено кога има видеа каде ги уништуваат со дронови, па и во артилериски битки и Украина изјави дека моментално само 1/3 е фукнционална. Бајрактарот снимаше видеа кога имаше километарски незаштитени колони, сега се спомнува само кога онаму по балтикот народ собира донации да купат Бајрактар за Украина од Турција.
Падна стравот од страшната Руска армија, си покажаа дека може да имаат погрешни или пак нелогични потези, огромни колони на уништено оружје имаше, доста тенкови оставени така. Но исто така и дека се брзо адаптираат и затоа сега имаат незапирливо напредување без разлика колку оружје ќе им прати НАТО на Украина.
Се им иде дека овие источно азиски земји ќе не окупираат на еден или на друг начин во иднина.

Oсвен ако чичко Сем реши на време да им носи демократија ама презафатен е со носење демократија во Украина и Русија.