FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Ако идејата на Фелини за овој филм била критика и исмевање на луцудноста и опиеноста за општеството со политичките идеали, приказната му е промашена. Ако имал идеја да ја насмее публиката, претпоставува дека хуморот изветреал со текот на годините.
Мислам дека идејата е да ни даде слика за животот на обични луѓе во обично италијанско приморско гратче без некоја повисока цел. Мислам дека е пораснат во вакво место и сака да направи омаж на неговото детство, барем јас така го сфатив филмов.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.244
Amarcord

Филмот го видов како една алегорија на животот во фашистичка Италија. Ми беше филм со сензибилитет и рафиниран стил, типичен за Фелини како остар критичар и сатиричар на општествените појави. Иако морам да признаам дека „Ла Страда“ ми беше далекуууу подобар. Во сите филмови на Фелини преовладува носталгичност, меланхоличност, испреплетени со одлични музички акорди.
Приказ на родното место на Фелини и инспириран од пријателството и животот на неговиот другар Тито, на интересен начин носталгично вметнува автобиографски елементи. Федерико Фелини е режисер кој преку разни метафори и иронија создава вистински уметнички дела. Освоен Оскар за најдобар странски филм.
Дефинитивно е филм кој не може да помине само 1 гледање.
7/10
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.524
Поени од реакции
29.026
Amarcord (1973)

Nope. На два-три пати имам пробано да гледам филмови на Фелини и не сум успеал, па така и овој. Филмов да беше снимен во денешно време, на крај можеше комотно да иде like & subscribe for more, пошо го сфаќам ко некој влог на режисерот за некој си живот во некое небитно гратче. Од 4ти пат успеав да го изгледам, ама со мачење. Единствен позитивен впечаток ми остави саундтракот, другото до сабајле ќе го заборавам. Хуморот непостоечки. Приказната со фамилијава ми беше безвезе. Меланхолични филмови ме убиваат. Нешто што нема да прежалам се 2та потрошени часа и 20те гигабајти за филмов.

Тенкс Злате, ама од ланскиот предлог што го даде и овој, небо и земја разлика, бар за мене.

5/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.483
Поени од реакции
7.306
Amarcord

Носталгичен хумор и меланхолија, препознатлив стил на Фелини, после репризирање ми легна можеби и малку подобро.
Уживам во хаотични и полни со урлање сцени... Семејниот ручек беше врв.
САКАМ ЖЕНАААА!!! :pos: .
Супер лабаво хуморче со интересни ликови.
Посериозниот и пократок дел беше со смртта, исто составен дел од животот.

Музиката преубава.

Приказната не мора да е во прв план во секој филм, некои филмови како пример овој, се рссположение/чувства, затоа од тој поглед тука сѐ беше погодено.

Убави и не толку убави настани има кај секого, во секое семејство/град/држава. Времето си врви, ние се менуваме, спомените стојат, цветчињата од тополите на пролет пак ќе летаат...

8/10
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
169
Поени од реакции
776
И јас да го фатам последниот воз :) Филмовите на Фелини ги доживувам на граница помеѓу сонот и јавето. La dolce vita е единствениот негов кој го изгледав без да трепнам, со останатите имам по малку комплициран однос - додека гледам мрчам и превртувам очи. Ме нервира претераната драматичност до изобличување на ликовите, експлицитноста на симболите, похота. Заморна ми е неговата нарцисоидност и потребата да се бави исклучиво со своите нерешени конфликти. На крај, сè се вклопува во чудесна целина и јас како најголем хипокрит се побивам самата себе. Исто беше и овој пат. Како да сум новодојденец во малото гратче, еден чичко ме запознава со него и неговата историја. Сложувалката малку по малку се мести и копнежот по изгубеното време се дофаќа. Делумно и поради нареалната сцена во маглата, од мене Amarcord добива 7.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.772
Поени од реакции
36.707
150. AMARCORD

Намерно оставив за крај. И јас не го сакам Фелини. Едноставно - досаден ми е. Ама Amarcord е филм кој го имам гледано 4 пати (сега ми беше петти) и со секое гледање ми е се подобар и подобар. Нема тука приказна, нема поента, нема никакво скриено значење. Едноставно е: сака да ни ја прикаже едноставноста, обичноста, секојдневието на обичните луѓе во едно мало местенце кое може да биде било чие маало (јас некои елементи богами препознав од моето :P ). Еден од моите омилени писатели е Алесандро Барико, веројатно и врапчињата го знаат тоа. Кога ги читав (поголемиот дел од) неговите романи, во мислите дејството го сместував тука, во ова гратче, и многу од неговите ликови и ситуации ми наликуваа на ликовите и ситуациите од Amarcord. Особено тука мислам на романите „Океан, море“, „Замоци на гневот“ и „Оваа приказна“ (иако други, како „Емаус“, „Мистер Гвин“ или „Новеченто“, ми беа сосема поразлични). Таа една суптилна налудничавост на ликовите што веројатно и во секој од нас ја има, а која Фелини мајсторски ја прикажува на платното / екранот, Барико подеднакво мајсторски ја претставува со зборови во неговите романи. Не знам, очекував на повеќе од вас да ви легне, но за жал сум се излажал. :( Сепак, се надевам дека во некое друго време, на некое друго место, можеби некои од вас ќе му дадат втора шанса. И можеби ќе останат изненадени - ко да не го гледале истиот филм.

Од мене - чиста ко солза 10/10, ова е еден од ретките филмови за кој не се двоумам за оценката.

___________________________________________________________________________________
Инаку, филмот го гледаа 15 души и му дадоа средна оценка 5,8. Го испуштија:

@Setsuko - прв неизгледан филм
@Gazpapir - втор неизгледан филм (жолт картон)
@__Vita____ - трет неизгледан филм (црвен картон, се надевам дека во наредните недели ќе ни се вратиш, за да не го испуштиш местото на листата за предложување :love:)

151 филм во клубот ќе биде предлог на @devilko . Минатиот пат го гледавме одличниот Sling Blade како негов предлог, а не има почестено и со анимето Wolf Children, руските Leto и Spacewalk, одличниот Bitter Moon, Isle of Dogs на Вес Андерсон, The Crow, The Wave и The Trap (Клопка). Јас сум убеден дека повторно ќе уживаме во негов предлог кој ќе ви го каже сам најдоцна до утре, 20:00 часот, а доколку го нема до тогаш, ќе ви го презентирам јас.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Фала @Zlatikevichius на најавата. :D
Следен филм кој ќе го гледаме, е...

About Elly




Скоро сите сте запознаени со ликот и делото на иранскиот режисер Асгар Фархади и неговите хитови како "The Salesman", "A Separation", "The Hero".
Но, пред да успее да ги направи "совршените" морално - социјални драми, има снимено неколку филмови по сличен терк, усовршувајќи го својот жанр.
About Elly, е еден од нив, а по мене е sweet spot каде што може да се види целиот негов талент, а сепак да помине под радарот на популарноста.

Колку што видов, од нашето одбрано активно друштво, само Џонтра го има гледано.
За жал, се потешко е да се најде филм кој го нема никој, ама еве добра прилика за него да го репризира. Можеби ќе му го промени првичниот впечаток. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.772
Поени од реакции
36.707
Прв е Злате, си заборавил да направиш апдејт.
Хммм, сум го испуштил мислењето веројатно, sorry. Ќе го најдам, ќе средиме.
Автоматски споено мислење:

Се враќаме назад на старото место - FC темите се одново споени.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Колку што видов, од нашето одбрано активно друштво, само Џонтра го има гледано.
За жал, се потешко е да се најде филм кој го нема никој, ама еве добра прилика за него да го репризира. Можеби ќе му го промени првичниот впечаток. :D
Истово си го помислив доека го читав постот. Знам дека слаба оценка му имам дадено а воопшто не е лош филмот. Исто и другиот на Фархади, ама тогаш ваљда нешто друго сум очекувал од филмовите.

Дефинитивно ќе го репризирам.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Darbareye Elly (2009)

Филмов почна малку хаотично, многу на изглед слични ликови одеднаш разменуваат по една реченица во кратки крупни и средно крупни планови. Дури вечерта во куќата почнаа да се разјаснуваат. За потоа да видиме една фантастична тензична сцена во водата. Тензијата останува сѐ до крај. Гледаме како секој од ликовите различно реагира под притисок на новонастанатата ситуација, многу реално и секојдневно. Влегуваат од лага во лага, некојпат и сосема непотребно, со цел да избегнат непотребни конфликти.

Филмов не е за Ели, туку за сите други, а најмногу за Сепиде која ја понесе сета вина. Баш кај неа има многу простор на интерпретација на постапките и карактерот. Што всушност беше нејзиниот вистински мотив за да ја покани Ели на излетот? Ако се задржиме на мотивот кој беше прикажан, тогаш има малку недоследност во нејзиниот карактер. Цело време се залагаше да не се извалка честа за Ели, за на крај таа самата да го направи тоа. Дали навистина тоа беше вистината или излажа да се заштити? Дали имаше некој сосема друг мотив што воопшто не беше споменат, што толку ѝ беше важно да ѝ ја зачува честа? Верни се повеќе комбинации, но вака после прво гледање мислам дека во ниедна карактерот на Сепиде нема да е комплетно доследен сам на себе.

Одлична режија, мајсторски одбрани кои моменти да не се прикажат со цел да се држи вниманието, а од друга страна прикажани едноставни банални ситуации со кои прави лажни узбуни и ја крева тензијата насочувајќи нѐ да очекуваме нешто што нема да се случи. Музика немаше, што придонесе кон уште повеќе натуралистички веризам на целото дејствие.

8/10
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Ако може некој да ми посочи линк за About Elly со англиски превод?
На 1377x.to го има, ама ако барам со eng sub, не дава ништо
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.524
Поени од реакции
29.026
Ако може некој да ми посочи линк за About Elly со англиски превод?
На 1377x.to го има, ама ако барам со eng sub, не дава ништо
About Elly 2009 1080p BluRay x264-USURY
На 1337х го има торентов да не се мачиш на други да бараш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom