Secret Movie Santa: Summer Edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Corvus
  • Време на започнување Време на започнување
Имам над 1200 филмови во вочлиста, овој беше еден од нив и фала на @Anon (по пораката мислам ти си) што ми го донираше филмов, место да чека на листа.
Не е.

Прво 10 минути дремев и се чудев што да барам коа видов дека ти ми се падна.
Па уште 10 минути коа видов што имаш у вочлист и го одбрав овој иако имав уште 2 3 за избор ама викам ај нека тера Линч.

Тие данските што ти се ставени од Сузан Биер обавезно да ги глеаш у филмовижн коа ќе дојдат на ред.
 
The Body

Што по ѓаволите гледав? Како може некој вакво нешто да смисли? Ова е болно. Ми влезе во топ 10 филмови и може најдобар крими филм. Не знам како може ваков трилер да има 7ца.

Мистериозен крими трилер со малку хорор елементи, ама мора да кажам таман ми дојдоа. Врнежливи ноќ, мрачна атмосфера и дејства кои те водат цело време да мислиш едно, но се случува сосема друго. Фалеше уште и тука да врне и атмосферата ќе ми беше доволена.

Накратко во мртовечница исчезнува тело на една жена. Доволно ви е, повеќе од ова ќе ви го расипе филмот. Приказна која те вози 2 часа, стани падни, стани падни те држи на прсти цело време. И на крај кога мислев дека го уништија крајот се случува најнчекуваното нешто, никогаш не ми падна на памет дека така би завршил.


За тој што го предложил филмов браво. Не очекував вакво нешто. Во summer movie, од сонце на мрачна врнежлива ноќ. Можам само да кажам за тие што не го гледале слободно, нема да зажалите.

10/10
 
Не е.

Прво 10 минути дремев и се чудев што да барам коа видов дека ти ми се падна.
Па уште 10 минути коа видов што имаш у вочлист и го одбрав овој иако имав уште 2 3 за избор ама викам ај нека тера Линч.

Тие данските што ти се ставени од Сузан Биер обавезно да ги глеаш у филмовижн коа ќе дојдат на ред.
И ти ми беше осомничен, али 6ка му имаш стаено, а у пораката викаш добар филм и викам ваљда не си ти :D
 
И ти ми беше осомничен, али 6ка му имаш стаено, а у пораката викаш добар филм и викам ваљда не си ти :D
Не е валидна оценката пошто тогаш глеав мајндфакс Линч па ваљда очекував хаос.
А го памтам ко добар филм, ми остана во сеќавање.
Треба ривоч за да се поправи оценката.
 
За тој што го предложил филмов браво. Не очекував вакво нешто. Во summer movie, од сонце на мрачна врнежлива ноќ.
Ловев во матно, немав никаква претстава какви филмови сакаш и немав приказ на она што досега го имаш изгледано. Навистина ми е мило што ти се допадна филмот.
 
Bad Santa

Дедо Мраз летно време.
Обичен филм, малце интересен, во голема мера ништо посебно, малце смешен, продуценти се Коеновци па има некоја жичка од нивниот хумор вметнато.
Онака.
 
Не можам да ве тагнам зашто ќе дознаат другите: кој нема испратено филм до своето дете, нека го направи тоа најбрзо што може.
 
Не можам да ве тагнам зашто ќе дознаат другите: кој нема испратено филм до своето дете, нека го направи тоа најбрзо што може.
Јас им пишувам приватни пораки
 
Мене ми се падна

IMDb: : The Elusive Summer of '68
https://www.imdb.com/title/tt0088338/

Претпоставувам немал идеја предлагачот и инспириран од насловот на темата го избрал овој филм.

Југословенска комедија, за авантурите на еден тинејџер во едно врело лето, врело во секој аспект на зборот.

Едно 6/10 доволно.

Сега дознав од каде е цитатот на ,, Меси сине, меси" со кој знаат да го тупат фановите на филмови како ,,Жикина Династија" и слични.
 
Indecent Proposal (1993)

Филмов го знам од одамна, сепак е популарен, само никогаш не ме привлекувал поради познатиот заплет. Се до пред некое време кога го ставив на watchlist како и слични филмови од тој жанр. Добив одлична прилика со тоа што ми го предложија да го изгледам побрзо од очекуваното.
Моите чувства за филмов се опишани во слоганот на една поранешна кампања против злоупотреба на психотропни супстанции: Филмот што ќе сакате да го пропуштите, филмот што ќе сакате да го премотате назад.
Не е лош филм, баш е thought provoking, би можел да дискутирам со некого со часови за дејството на филмот, само би сакал да не го изгледав никогаш. Не им го препорачувам на парови со ниска доверба во партнерот.

Благодарам на предложувачот, одбрал интересен филм за мене.
Од мене добива 6/10, затоа што не можев да се одлучам дали е одличен или ужасен од лични причини, па му ставив средна оцена.
 
A Walk in the Woods

Океј филмче за тепање време. Feel good авантура за двајца старци, пријатели од младоста кои прават reunion после 30/40 години. Целта им е да ја поминат рутата "Appalachian Trail" која се простира вертикално по скоро целата територија на САД, односно преку 3500 километри. Исклучиво тешка тура, со тежок и разновиден терен и променливи временски услови која не можат да ја поминат ниту многу искусни алпинисти. Низ целиот филм владее лабава атмосфера, има лесен хумор, но е многу предвидлив, особено во моментите кога се соочуваат со предизвиците на патеката. Некако глумата не ми беше на ниво и на моменти музиката не ми се совпаѓаше, тоа е едино што ми сметаше низ филмот.
Not great, not terrible, за лабаво неделно попладне, 6/10.
Фала на предложувачот, во пораката ми имаше пишано дека целта ти е филм што би ме опуштил, можам да ти кажам не згреши во изборот.
 
Indecent Proposal (1993)

Филмов го знам од одамна, сепак е популарен, само никогаш не ме привлекувал поради познатиот заплет. Се до пред некое време кога го ставив на watchlist како и слични филмови од тој жанр. Добив одлична прилика со тоа што ми го предложија да го изгледам побрзо од очекуваното.
Моите чувства за филмов се опишани во слоганот на една поранешна кампања против злоупотреба на психотропни супстанции: Филмот што ќе сакате да го пропуштите, филмот што ќе сакате да го премотате назад.
Не е лош филм, баш е thought provoking, би можел да дискутирам со некого со часови за дејството на филмот, само би сакал да не го изгледав никогаш. Не им го препорачувам на парови со ниска доверба во партнерот.

Благодарам на предложувачот, одбрал интересен филм за мене.
Од мене добива 6/10, затоа што не можев да се одлучам дали е одличен или ужасен од лични причини, па му ставив средна оцена.
Овој беше еден од тие четирите за кои секогаш имав проблем да расчистам кој е кој, па пред некое време гии гледав еден по друг, ама после неколку месеци еве пак поим немам кој беше кој. :pos: Indecent Proposal, Fatal Attraction, Cruel Intentions и Basic Instinct.

OK, не до толку, сега помнам, овој беше со богаташот што нудеше пари за да спие со туѓа жена.
 
The Spy Who Came in from the Cold (1965)

Шпиунски филм од времето на Студената војна, за Студената војна. Комунизам, социјализам и народот кој страдал од една оваква поделба. Филм за обезличување на шпионите како суперинтелегентни, морални и кул, туку баш онакви какви што се. Подли, злобни, и користољубиви.
Темпото беше споро и на моменти знаеше да ми го изгуби фокусот. Нешто слично на Tinker, Tailor, Soldier, Spy. Но, за среќа не беше до толку долг.
Имаше и одлична актерска екипа собрано, имиња како Ричард Бартон, Оскар Вернер, Клер Блум...

Филмот го опишува една многу убава мисла: " Ова е се што Џејмс Бонд требаше да биде"

Голема благодарност до предложувачот.

8
 
Autumn Sonata 1978

Поприлично досаден филм освен во 2-3 сцени кај што имаше јак излив на емоции и беа кажани многу сериозни нешта.
Уште при доаѓањето на мајката сфаќаш што ќе биде работава, дека ќеркава пати во животот само поради карактерот на мајката, нејзината недоволна грижа и недоволно посветено внимание. И почнуваш да ја сожалуваш ќерката се до моментот кога сфаќаш дека уствари она на 18 се исковала таму со некој Стефан, забременила, и се сакале демек, ама мајкава ја натерала да абортира. Тогаш можела да го сака Стефан и покрај сиот демиџ од мајка и, ама после Виктор не можела да го сака, била incapable of love. Добре.

6/10
 
Го добив *суптилно ќе се погледнам накај @Red John* Hamilton.

Грандиозно отвора и ги удира темелите на американската историја. Кај некого можеби предизвикува некои негативни емоции поради тој факт, мене воопшто не ми беше важно дали наративот веродостојно ја следи историската вистина или не. Го гледав отцепен од историскиот контекст бидејќи само површно сум запознаена со овој период.

Очигледно е дека поминал низ долг процес на адаптација до крајната реализација. И по две недели, сè уште знаат изненадно да ми се свртат низ глава and I am not throwin' away my shot; I wanna be in the room where it happens the room where it happens the room where it happens или that would be enough. Ќе прекине ова? И кога? Зашто малку се мразам за последнава. :sramezliv:

Нема да лажам - не мразам мјузикли, но не ги претпочитам. За да влезам во шема, ден претходно го изгледав и La la land. На крај, Хамилтон испадна доста поразличен од сите мјузикли кои досега сум ги гледала. Не подобар или полош, само поинаков. Фала ти што ме извлече од мојата комфорна зона, веројатно никогаш не би го пуштила сама. Заслужува да биде изгледан, поради првокласната актерска игра и богатиот текст пред сè.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom