UEFA Champions League - Season 2021/22

Кој ќе биде шампион на Европа за 2021/2022?

  • Вкупно гласачи
    208
  • Гласањето е завршено на .
C

confusion

Гостин
Ама не Мурињо бил плачко.
Плачко е ама и господин за лиглево. Одличен тренер ама каква нула, фијаско од карактер.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.801
Поени од реакции
1.706
Овој најтежок пат на Реал им се падна откако повторно ја влечеа ждрепката, кога се паднаа во овој дел на ждребот(пошто ги помешаа топчињата). Така да повеќе од заслужено и одмазда за неправдата.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.912
Поени од реакции
19.257
Да не му се сега во кожата на Ливерпулци. Низ прсти во пет минути му избега титулата во Премиер, до бунарче ги донесоја Астон Вила и вода не му дадоја да се напијат, синоќа губат финале. Во една недела два парастоси :icon_lol:
 
D

Deleted member 53418

Продажбата на дијазепами после ова ☝
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Сега за прв пат ја гледам ситуацијата за поништениот гол од друг агол подобро. Чист гол ни поништија, Валверде воопшто не ја допре топката, односно играч на Ливерпул му ја даде на Бензема.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.196
Поени од реакции
25.375
Сега еден пост без курч, откако преспавме.

Нормално е да плаче Клоп, нормално е да ја тргне дистракцијата од неговиот тим после ваков огромен пораз и неуспех во финале. Пред четири години беше повредата над Салах, сега било тоа што Реал имал само еден шут во рамки на гол и како можело голманот да е играч на натпреварот. Фрустрациите се огромни поготово што оваа генерација на Ливерпул, заедно со Клоп имаше шанса да останат запаметени како една од најуспешните во фудбалот, но за жал, во домашното првенство налетаа на Сити, а во ЛШ налетаа на Реал. Сити е причината што Ливерпул има 1 титула на 3 сезони каде што освојува над 90 поени, а Реал е причината што Ливерпул од 3 финалиња има само 1 титула.

Намерно напишав најуспешните тимови, наместо најдобрите. Зашто факт е дека овој тим на Ливерпул и оваа генерација на Ливерпул е еден од најдобрите колективи во спортов, но за разлика од другите вакви колективи (Барса на Пеп, генерацијава на Реал, генерацијата на Ферги, Баерн со Хајнкес и уште еден куп други успешни генерации на тимови што во моментов не ми текнуваат), тимов на Ливерпул нема толку успеси за да го оправда тој статус.

Во врска со финалево, стварно не ми беа јасни некои поедини играчи на Ливерпул, на чело со Салах. Почнувајќи со изјавата "го сакаме Реал во финале" до "едвај чекам да се одмаздам за 2018та." Мислам во ред е тоа да ти е мотивација, ама не е во ред јавно тоа да го кажуваш, зашто си ствараш дополнителен притисок во случај на неуспех. Можеби за ова имаат кривица и медиумите во Англија, бидејќи преголема помпа направија околу Ливерпул оваа сезона, почнувајќи со муабетите за quadruple.

Повторно, како и Сити, Ливерпул буквално направи се што им беше по план натпреваров. Сепак очигледно тоа не е доволно кога станува збор за Реал и финале ЛШ, поготво не кога на голот ќе наидеш на голман кој е тотално мотивиран. Како и во секоја екипа, имаше играчи кои изгореа од притисокот кој го носи финале ЛШ како Луис Диаз, Жота и Кеита, но имаше играчи и кои отскокнуваат кога станува збор за големи натпревари, а тоа беше Конате.
Имаше тука мислења дека Реал не можеле да се состават со топка и дека не знаеле кај тераат. Не би се сложил, Реал можеби изгледаше слаб, но изгледаше така зашто воопшто не ризикуваше во играта. Сите додавања беа измерени, од нога до нога, сите протрчувања и стварања на вишок играч, знаеа дека ако премногу ризикуваат ќе почнат да грешат и ќе остават огромен простор и дека Ливерпул тогаш е најопасен. Премногу искусно го изиграа натпреварот, кога и да почнеа да паничат во одбрана, тука беа Карвахал, Алаба и Касемиро да ги смират и да ја консолидираат одбраната. Кога и да се сочеа со пресинг и притисок од страна на Ливерпул, тука беа Модрич и др. Крос да ја смират играта. Понекогаш, доволно е само 1 шанса за да освоиш титула и тоа го докажа нападот на Реал вчера.

Пак ќе кажам, не е ова курч, али убаво беше да се види за време на тие 90 минути додека траеше натпреварот Клоп малце спуштен на земја. Го немаше неговото вообичаено скокање покрај аут линијата, во лице му се гледаше дека неговиот тим е поразен.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.698
Поени од реакции
115.425

Сега за прв пат ја гледам ситуацијата за поништениот гол од друг агол подобро. Чист гол ни поништија, Валверде воопшто не ја допре топката, односно играч на Ливерпул му ја даде на Бензема.
Ја допре, ама после тоа се одби од Конате па од Конате во Фабињо и дојде кај Бензема. Ова е таква ситуација кај што судиите имаат простор за сопствена интерпретација на ситуацијата, ете некој ко Турпан вчера ќе оцени дека Феде имал влијание врз "пасот" кон Бензема, некој ќе оцени спротивно и така. Ѕирни го голот на Жиру лани против Атлетико, оној со маказите, слична ситуација ко оваа вчера, досуден сосема спротивен исход.

Според мене без оглед на контактот од Валверде голот требаше да биде признаен зашо имаше после дупли контакт од Конате и Фабињо и топката се одби во сосема друг правец зашо реално Феде не ни додаваше до Бензема него шутираше.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Иначе трета елиминација е ова на ливерпулци од страна на Реал од 2018 та наваму. Сезоната кога изби короната 2020/2021 ги избацивме исто така и тоа мислам на нивни терен ги тепавме 3 - 1(1/4 финале и во 1/2 финале изгубивме од Сити), Вини шпринтот кога го укључуваше и задната линија им заостануваше неколку метри позади него на контри. Сега пак он ги реши.
Автоматски споено мислење:

Ја допре, ама после тоа се одби од Конате па од Конате во Фабињо и дојде кај Бензема. Ова е таква ситуација кај што судиите имаат простор за сопствена интерпретација на ситуацијата, ете некој ко Турпан вчера ќе оцени дека Феде имал влијание врз "пасот" кон Бензема, некој ќе оцени спротивно и така. Ѕирни го голот на Жиру лани против Атлетико, оној со маказите, слична ситуација ко оваа вчера, досуден сосема спротивен исход.

Според мене без оглед на контактот од Валверде голот требаше да биде признаен зашо имаше после дупли контакт од Конате и Фабињо и топката се одби во сосема друг правец зашо реално Феде не ни додаваше до Бензема него шутираше.
Ја допре и се одби од Конате, ако од Конате отидеше кај Бензема ќе беше офсајд, вака Фабињо со колено му ја додаде на Бензема. Не може од 5 играчи на Пул топката да стигне до Бензема и да биде офсајд.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.049
Поени од реакции
2.532
Колку немаат среќа Ливерпул страшна работа...Малку ги делеше да ја имаат најуспешната сезона во историјата со 4 титули,на крај завршија со 2 купа што и не е лошо.И Сити и Ливерпул и Челзи играа без класична 9ка и мислам дека поради тоа сите на крај испаднаа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.698
Поени од реакции
115.425
Ја допре и се одби од Конате, ако од Конате отидеше кај Бензема ќе беше офсајд, вака Фабињо со колено му ја додаде на Бензема. Не може од 5 играчи на Пул топката да стигне до Бензема и да биде офсајд.
Па тоа ти го пишав де, прочитај убаво. Те корегирав само пошо си пишал дека Феде воопшто не ја допрел топката што не е точно.

Инаку се слагам со Оби и истовремено не се слагам со Клоп. Да, Реал имаше еден шут во рамки, Ливерпул повеќе шанси и све тоа, ама што требаше да направи Карло, да излезе со 5 напаѓачи и да играат ултра офанзивно само за да му се допадне тоа на Клоп или на икс поединци и притоа да изгубат 100-0? Не бе баце, финале ЛШ е еден ебан меч кај што мораш максимално да се прилагодиш на противникот, да излезеш од својата комфор зона и да направиш се што треба за да го добиеш тој еден ебан меч. Карло знаеше дека нема шанси ако излезе со отворен гард, реално Ливерпул е подобар тим од Реал моментално и во офанзивен фудбал Реал нема што да бара против нив, па затоа и излегоа вчера со Феде на крило а не со Родриго, зашо мораше дефанзивата да биде на ниво. Ова вчера беше тактичка битка на Карло која ја доби по не знам кој пат сезонава против посилни противници.
Така да се на се џабе се буни Клоп, и он освои ЛШ пред некоја година со 2 шута у гол и затоа џабе му е мрчењето.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ја допре, ама после тоа се одби од Конате па од Конате во Фабињо и дојде кај Бензема. Ова е таква ситуација кај што судиите имаат простор за сопствена интерпретација на ситуацијата, ете некој ко Турпан вчера ќе оцени дека Феде имал влијание врз "пасот" кон Бензема, некој ќе оцени спротивно и така. Ѕирни го голот на Жиру лани против Атлетико, оној со маказите, слична ситуација ко оваа вчера, досуден сосема спротивен исход.

Според мене без оглед на контактот од Валверде голот требаше да биде признаен зашо имаше после дупли контакт од Конате и Фабињо и топката се одби во сосема друг правец зашо реално Феде не ни додаваше до Бензема него шутираше.

Најјакото е следново: немал интенција Фабињо. Во ред, што значи интенција? Фабињо, играч на Ливерпул, со намера му ја додава топката на Бензема, играч на Реал, за да постигне гол.
Тоа е интенција, така?

Каква бесмислица. Добро Реал што освои и оваа одлука не ги спречи да ги поразат во финале.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.196
Поени од реакции
25.375
Најјакото е следново: немал интенција Фабињо. Во ред, што значи интенција? Фабињо, играч на Ливерпул, со намера му ја додава топката на Бензема, играч на Реал, за да постигне гол.
Тоа е интенција, така?

Каква бесмислица. Добро Реал што освои и оваа одлука не ги спречи да ги поразат во финале.
Клизачкиот старт не се смета за интенција.
Според објаснувањата под интенција се смета ако Фабињо или Конате обезбедат посед (да ја примат топката, подадат, шутнат или избацат), ако во овој случај стигнеше топката до Бензема тогаш немаше да се активира офсајдот.
Вака бидејќи немаат интенција да обебедат посед, туку само да спречат шут на Валверде нема интенција.
Вака е направено за дефанзивците при блокирање на шутеви не размислуваат дали може да се активира офсајд или не, туку да можат слободно да ги блокираат шутевите на противничките играчи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom