FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.294
The Vanishing (1988)

Филмов го доживеав како едно вистинско освежување од клише психолошките трилери. Невообичаен потег за запознавање со сторителот уште на почеток на филмот.
Одлично прикажани емоции на Рекс, тагата, очај, разочарување, нервоза, фрустрација. Рејмонд, одлична глума, језив и морничав. Доловен вистински психопат. Можеше споредните улоги да бидат малку повеќе разработени и изградени.
Ок филм, иако на моменти ми делуваше преспоро, ама во никој случај не ми беше досаден.

Се мислев дали да му дадам 7 или 8, ама ајде нека биде 8/10
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
The Vanishing (1988)

Филмов го доживеав како едно вистинско освежување од клише психолошките трилери. Невообичаен потег за запознавање со сторителот уште на почеток на филмот.
Одлично прикажани емоции на Рекс, тагата, очај, разочарување, нервоза, фрустрација. Рејмонд, одлична глума, језив и морничав. Доловен вистински психопат. Можеше споредните улоги да бидат малку повеќе разработени и изградени.
Ок филм, иако на моменти ми делуваше преспоро, ама во никој случај не ми беше досаден.

Се мислев дали да му дадам 7 или 8, ама ајде нека биде 8/10
на imdb горе долу и другите така мислат за оценка
1652881827632.png
1652881891391.png
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Spoorloos

Гледан пред 8 години, ги памтев главните пресврти и случки и пак исто ме внесе.
Еден од подобрите прикази на психопат, ликов беше "уживање" да се гледа, "семеен" човек кој опседнат со киндапирањето наоѓаше инспирација у секоја ситница. Фацата и глумата исто ептен придонесоа.
Рекс ликов што ја бараше женската, на малку пониско ниво од психопатот у секој поглед, ама пак добро прикажана опседнатост, тага и носење со загубата и ветувањето дека нема никогаш да ја остави сама.
Интересни беа дијалозите меѓу нив двајца зашто на некој начин и двајцата беа опседнати и како да се најдоа во муабет.
На прв поглед може делува на чудна монтажа од аспект на скокање од една во друга временска рамка, ама по мене одлично беше изведено тоа и без разлика што веќе знаеш што и на кого му се случило, прераскажувањето пак си беше напнато.

Јака 8ца
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Spoorloos (1988)

Од самиот наслов веќе знаевме што да очекуваме и беше само прашање кога и како ќе се случи. Така што на два пати не прелажа дека девојката исчезна пред навистина да се случи тоа. Иако беше малку наивно како останаа без бензин во сред тунел, помина затоа што не беше клучно за понатамошниот заплет. А потоа баш си извозе како треба до крај. Феноменални ликови, баш секојдневни, со нормални реакции. Не беа глупави како во мнозинството слични филмови. Одличен и скокот на потрагата по девојката, со оглед на тоа дека исходот беше јасен.

Ја видовме целата приказна и од другата страна, а со тоа и колку голем е хоророт. Затоа што еден обичен и почитуван семеен лик и покрај сето неискуство и трапавост успеа сред бел ден и во најголемата гужва да го направи тоа што го направи. И попатно ни објасни зошто тоа го прави. А го видовме и како без колебање скокна од мост да спаси туѓ живот.

Многу пострашен од модернине филмови со крволочни и садистички сериски убијци.

8/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Spoorloos (1988)

Како нов член на клубот не очекував дека ќе ми дојде ред да предложувам филм толку брзо. Се мислев подолго време и одлучив да предложам филм што ќе биде краток и што ќе држе внимание. Исто така одговараше на временската сезона, овие топли мајски денови совршено одговараат на сезоната во филмот. Се изненадив колку малку луѓе го имаат гледано филмот или не го знаеле, сепак е популарен и е присутен на сите листи за најдобри трилер филмови.

Филмов ме има прогонувано долг период откако го изгледав, еден е од филмовите што ми оставил силен впечаток на прво гледање. Дејството е едноставно, нема некој комплициран заплет, се следи лесно, но тоа не ја намалува тензијата која ја предизвикува. За ликот на Рејмонд претпоставувам дека совршено му одговара одликата на социопат, не би знаел, затоа што немам водено разговор со убијци во реалниот живот а да не биле во психијатриска болница истите. Саскја иако е главен лик, немаше поголема улога од тоа да биде damsel in distress, ама мислам дека кај мене побуди името Саскја да го запамтам за цел живот. Рекс од друга страна ми предизвика најголемо внимание, и најмногу се поврзав со тој лик. Беспомошноста и вината која ја чуствуваше низ целиот филм беа трогателни. Не би сакал да бидам на неговото место, да бараш одговори толку долг период за нешто за кое мислиш дека ти си виновен и на крајот да завршиш како што заврши тој. Искрено не сум толку сигурен дека не би постапил исто како него во ситуација под исти околности.
Музиката одговараше на целата атмосфера на филмот иако ја немаше премногу ама theme-от е одличен. Ми се допадна и setting-от со бензиската пумпа, гужва, толку различни ликови застануват, заминуваат, ме потсети на моите патувања.
Овој филм исто е одличен што единствено одговара само за периодот во кој е снимен, денес со технологијата, ваков заплет би бил невозможен, одма би се разбрало што се случило со лицето.

Се потрудив да ви предложам филм кој лично ме погодил и ми си допаднал премногу, затоа фала на сите што ви се допадна филмот.
Фала и на сите кои не ви се допадна и што објаснивте убаво зошто е тоа така. Штета што не е филм за секого, се извинувам за тоа.

Од мене филмот добива 8.5(што лесно може да биде и 9)/10.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
@The Cooler King бабица уживај, филмов е и повеќе од добар. Се надевам и очекувам дека цело време ќе бидеш присутен тука во филм клубов а и општо во целиов филм и тв подфорум, пошто се гледа дека разбираш филмови. Биди поактивен во генералната тема, се осеќа потенцијал за филмски муабети со тебе.
:smirce:
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
The Vanishing

Му благодарам на предложувачот за новопројавената параноја дека кога и да се качам у такси ќе се разбудам 3 метра под земја, само уште таа параноја ми фалеше во животот :sleep:

Филмот беше сосема солиден, но мене лично на моменти ми беше доста спор. Ликот на убиецот беше доста убаво разработен, но некако на сметка на останатите ликови со кои можеби требаше да се поврзам повеќе, но не успеав. Рандомте скокови низ времето ме губеа доста па не можев баш да фатам ред на настаните и мислам дека многу придонесоа кон тоа да ја убијат тензијата во филмот. При крајот кога можеби требаше да биде најтензичен филмот мене ми беше сасвим сеедно што ќе се случи.

Можеби сум премногу навикната на американски трилери кои ги сметам за експерти во градење тензија, сега брзо гледав и еден корејски трилер и тој нешто слабо допре до мене и тешко ме внесе, а гледам кај другите добро поминал. Се на се, добра идеја и одлично градење на централниот лик во филмот, но самиот тек на настаните и недостатокот на континуитет во дејството ептен ми го затупеа филмот кој поинаку изведен сигурна сум дека ќе поминеше подобро кај мене.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.865
THE VANISHING

The Vanishing (1988)

Досадно. Сценариото во две минути можам да го раскажам. Се обидоа да влечат некои поенти за човековата природа, кај Рекс curiosity killed the cat, а кај негативецот дека не е сѐ како што изгледа, не верувајте во херои, зад нив се кријат социопати бла бла.

Не ме воодушеви ни кинематографијата, ни камерата. Споредните ликови не беа разработени. Новата девојка на Рекс немаше никаква улога, а фамилијата на психопатот служеше само за да ја прикаже неговата двојност. Освен моментот кога го спаси девојчето со куклата и неуспешните обиди да намами девојки во кола не видовме никаква акција. Таквата пасивност кај негативецот придонесе и целиот филм да ми биде пасивен и едвај да чекам да заврши.

Крајот имаше намера да нѐ шокира, ама за мене не го постигна посакуваниот ефект, ми беше онака, знаевме дека е мртва само не знаевме како. За жал само 4/10.
This!

Sorry, ама навистина очајно се обидував да ми се допадне, а се што успеа да направи е да ме вознемири. Плус и ме спојлна @Corvus кога ги внесував оценките (ј*** га, тоа е клетвата на еден модератор во Филм и ТВ, не може да се заштити од спојлери како што можете вие), па така знаев што ќе се случи и ми беше дополнително неинтересно. Чуден филм. Ќе и го пуштам на жена ми некогаш! :pos:
5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.865
Well, that's all folks! Последната анализа:

The Vanishing го гледаа вкупно 14 луѓе и му дадоа средна оценка 6,9. Го испуштија:

@Gazpapir - прв неизгледан
@Комита Ултрас и @__Vita____ - втор неизгледан (жолт картон)
____________________________________________________________
Тука заврши првиот круг по третиот рестарт на клубот. Ви благодарам за учеството на сите, за секој гледан филм, за секоја рецензија, коментар, па дури и за one-liner-ите кои ги пишуваа наместо рецензии некои од старите членови во клубот. Ова беше најдолг круг до сега, со траење од скоро година и пол, што сите знаеме зошто се должи - затоа што им дозволив да предложуваат филмови оние кои изгледале макар и еден филм, иако биле неактивни. Тука должам извинување на @Darklady која се вклучи баш пред крајот на кругов и веќе има гледано два филма, но не можеше да предложува зашто веќе беше договорено дека ќе започне новиот круг, па така, како извинување @Darklady во новиот круг ќе ја убациме погоре на листата предложувачи.

Според некои бројки, кругов изгледаше вака:

Гледавме ВКУПНО 35 ФИЛМА, а вкупно 37 членови учествуваа во кругот. Од филмовите најдобро оценет беше мојот предлог, Soul, со оценка 8,5, пред Sling Blade на @devilko со 7,9, и Savrseni krug на @Shawn Spencer со 7,8. Најслабо оценет пак беше Secret на @bobipp со оценка 5,3, пред 3 филма со 5,4 оценка: 24 Hour Party People на @Васил МКД , Stanje Shoka на @zmija1 и El Bar на @dragonsky .

Вкупно 536 рецензии или коментари (или one-liner-и) беа напишани за сите филмови. Средната оценка за сите филмови е 6,64.

Најактивни гледачи, со сите изгледани филмови беа: @devilko , @Anon , @moongoses , @grande-juve и @Filip Telford - браво дечки!

Најдарежливи членови биле: @DaedaIus со средна 10,00 (од еден изгледан филм :P), @ob1 - 9,00, @Васил МКД - 8,50, @Erich Zann - 8,33 , @Leo Bonnie , @Хефест , @џимеј и @dragonsky - сите по 8,00 .

Ако не ги сметаме сите овие погоре, зашто се дезертери, најдарежлив бил (believe it or not) @wot кој ги оценил филмовите со средна 7,90. Од активните членови највисоко ги оценил @Shutmanga со средна 7,30 оценка.

Најскржав е, веројатно погодувате - @Filip Telford со средна 5,46. А @Imperatorot и @zmija1 дале средна 5,88, обајцата.

Ако ве интересира некоја друга статистика, кажете, ќе пресметаме.

Темава останува отворена за сите коментари до отворањето на новата тема за новиот круг (подоцна истата ќе биде споена со оваа, така правевме за повеќето од круговите до сега). Очекувајте го Film Club 4U наскоро. :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.865
Ностра- @whatto -с еднаш напиша:

Film Club 2

Злате коа искача 3 дел:pos:

Ќе правиш франшиза ко Fast & Furious :pos:
И би така!

И еве не со (на некој начин) четвртото издание (но всушност е директно продолжение на третото) на вашиот омилен FILM CLUB! Не би да должам многу, само за тие што не ја виделе темата што изминативе 6 и пол години наполни 310 страници со 4644 коментари и рецензии за вкупно 149 филма кои сите заедно (околу 50 члена кои продефилираа низ темите) ги гледавме, еве појаснување по четврт пат:

Сега за сега продолжуваме во нова тема, со надеж дека ќе привлечеме и нова, свежа крв, но, по некое време истава ќе биде споена со оригиналната тема на Film Club-от која моментално стои заклучена, и ќе продолжиме таму, за што навремено ќе бидете информирани. За сите оние кои не знаат за што се работи, еве и линк до ПРВИОТ FILM CLUB.

Правилата... :

1. The first rule of Film Club is: you do not talk about Film Club! :P

2. Како клубовите на читатели. Идентично! Сите гледаме еден ист филм (поточно - иста верзија на еден ист филм) и потоа го коментираме истиот.

3. Секој кој сака може да стане член на клубот! Потребно е само да имате волја, и да одвоите по 2 часа време на секои 2 недели за да изгледате еден филм предложен од некој од членовите на Film Club (FC).

4. Да, исто како и во читачките клубови, и тука самите членови на FC ќе ги предложуваат филмовите. Првиот филм во овој трет клуб го предложувам јас. Следните предложувачи се оние кои останале на листата активни членови на Клубот од претходниот круг, ова е листата:

  1. @Zlatikevichius
  2. @devilko
  3. @Setsuko
  4. @Gazpapir
  5. @Corvus
  6. @Anon
  7. @Комита Ултрас
  8. @moongoses
  9. @grande-juve
  10. @Filip Telford
  11. @Darklady
  12. @Violetova
  13. @__Vita____
  14. @zmija1
  15. @Shutmanga
  16. @Dumbledore
  17. @The Cooler King
Следни, по 17 предложувач ќе бидат оние кои први ќе го гледаат мојот филм и ќе напишат кратка рецензија тука, по истиот редослед по кој ќе ги напишете рецензиите. Секако, доколку било кој од предложувачите на оваа листа го прекрши членот 12 (види подолу), му се одзема правото да предложува и се префрла на дното на листата, па доколку се врати во клубот, ќе предложува последен. Листата на членови и редоследот по кој ќе предложуваат филм ќе ја најдете тука: ЛИСТА НА ЧЛЕНОВИ НА FILM CLUB, истата се update-ува по секој предложен филм.
NOTE: Секој предлог за филм ќе биде прво разгледан од моја страна, како креатор на клубот. Ова - со цел да не ни изумрат милиони мозочни клетки ако некој предложи нешто како „Патот на кенгурите“, што еднаш се случи. Доколку некој од предложувачите се обиде да нѐ истрола на таков начин, ќе биде трајно баниран од клубот.

5. Предложениот филм МОРА да може да се најде за download преку некој од тракер сајтовите во минимум 720p. резолуција (HD). Секако, по договор, некои исклучоци може би биле дозволени (пример, ако станува збор за македонски филм (каков што веќе сме имале), или авторски филм кој уште немал премиера (нешто што @Setsuko еднаш ни овозможи) и сл.).

6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!

7. Ова е Letterboxd листата во која еден по еден ќе бидат додавани филмовите за некој кој ќе се вклучи подоцна во клубот да може да нѐ следи што сѐ сме гледале, па ако сака и да изгледа. Тука се веќе ставени претходните 149 предложени филмови. Продолжуваме надолу од 150. Линк до листата: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/

8. Доколку некој веќе го има гледано предложениот филм, препораката е да го репризира додека го гледаме сите, затоа што и репризите се бројат во Moviespotting. :P Но, ако го гледал скоро и се сеќава доволно добро, или не сака да го репризира, а напише рецензија за истиот, нема да има никаков проблем, и истите рецензии ќе се бројат.

9. Што ќе постигнеме со клубов? На вашите изгледани филмови ќе додадете бројка од 26 нови (52 недели во годината = 26 филма), ќе научиме нешто ново за светот на филмот и ќе се дружиме разменувајќи ги нашите ставови за филмовите што ќе ги гледаме.

10. Темава ќе биде spoiler free, што значи не ја отварајте пред да го гледате филмот! ;)

11. Нормално, правилата на форумов важат и во темава, затоа be careful!

12. За еден предложувач да има право да предложува филм следен, кога ќе му дојде редот, мора да има изгледано и напишано рецензија за минимум 1 филм од последните 3 предложени, и минимум 3 од последните 10. Во спротивно, го губи правото да предложува се додека не бидат задоволени овие два услова.

13. Делот од член 12 од претходниот круг со кој на сите кои гледале минимум 1 филм во кругот ќе им се овозможи да предложат филм - СЕ УКИНУВА!

14. Почнуваме ВЕДНАШ!
_____________________________________________________________________________________

150. AMARCORD (1973)
Federico Fellini

1653251605146.png

Долго се мислев кој да биде мојот следен предлог во клубот. Amarcord, да бидам искрен, никогаш не беше на листата мои можни предлози, најмногу зашто има неколкумина кои го имаат гледано. Нo Amarcord на Фелини е филм кој не може да помине само со 1 гледање (јас го имам гледано 4 пати до сега, ова ќе ми биде петто гледање). Плус, јас еднаш веќе предложив филм кој сите членови на клубот го имаа гледано, па сепак помина одлично (се сеќавате на Titanic :P ). Затоа, sorry @Setsuko , @grande-juve и @moongoses (и ако има уште некој кој го гледал), верувам дека нема да ме псуете додека го репризирате. Се погоди да е јубилеен 150 филм во клубот, затоа сметав дека мора да биде некое маркантно дело кое ќе остави силен впечаток. А послилен впечаток од гротескните ликови и апсурдни ситуации во кои се сместени жителите на еден мал италијански крајбрежен град, не верувам дека може да има.

Тука освен тагнатите активни членови на клубот од погоре, ги поканувам и сите оние останати кои сакаат да ни се вратат или придружат, ова е одличен момент за тоа (простете доколку изоставам некого): @Acid , @ob1 , @Васил МКД , @Leo Bonnie , @Tyler Durden , @SK-92 , @wot , @Imperatorot , @Shawn Spencer , @DaedaIus , @Хефест , @santelli , @џимеј , @Хоуп , @ManUtdChampions , @Erich Zann , @ElNinho , @dragonsky , @Hello Kitty , @Viollet , @Saladin , @Vlatko_Gjorce , @Iceboy , @Bojan Van Buuren , @Zarniwoop , @Goodfella , @Scirea , @Донев , @dejan_k , @wicked_1 , @Spiegel , @AceCaleb , @Krk1 , @marinetti , @Hurin , @Carax , @Chovek , @Mark Renton , @Keyser , @Варвара , @reddevil4ever , @faraon и уште еднаш - сите останати, простете ако не сум ве спомнал, и вие сте добредојдени!
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.056
Поени од реакции
6.715
The Vanishing

Единствено нешто што ќе ми остане во меморија од филмов е музиката. Солиден беше од технички аспект.
Се осеќам ко режисеров премногу да сакал, а премалце ни даде. Многу ми беше апсурдна ситуацијава кога Џими Мекнолти му побара на убиецов да се раздвижат малце и фанаа се тегнеа, па и смешки си кажуваа. Како да ја задржам тензијата кога гледам вакви сцени? Како да се сочуствувам со Џими, а да се плашам и да имам морници од убиецов? А баш дијалогот во колата пред оваа сцена ми беше сосема океј и малце ми го враќаше вниманието. Ќе го споредам со Angst, дека ми даваше сличен вајб со запознавањето и навлегувањето во психата на убиецот. Ангст не ме остави да дишам цел филм, дејствието низ цел филм беше едно тензично и морничаво возење. Тука имаше такви моменти и тоа доста добро реализирани, кога се запознававме со Рејмонд, кога навлегувавме во подготовката негова за првото убиство, е да продолжел да црпи режисеров од тука ова ќе беше филмиште, вака за мене само малце над просекот.


6/10
Автоматски споено мислење:

@Zlatikevichius почекај следен пат за следнава тема, отвори ја у понеделник. :D

Нели до недела до 23:59 смееме да гледаме филмови, пред да се расфрлаш со картони
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.865
Нели до недела до 23:59 смееме да гледаме филмови, пред да се расфрлаш со картони
Неее, се договоривме нели до недела 22:00, за да не сте ме чекале до понеделник попладне. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom