FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.524
Поени од реакции
29.026
The Fisher King

Океј, далеку подобро од претходниот филм, но... филмов почна многу дрско и безобразно со карактерот на Џек ама како тука да ми застана. Приказната беше океј, ликовите и глумата фантастични, ама нешто ко да му фалеше. Робин и Џеф искинаа во улогиве, иако не би издвоил една сцена што би рекол wow ова ќе го памтам. Ана беше исто океј, а нешто што најмногу ми се допадна се кадрите и нивната перспектива. Одличен микс на романса, драма, комедија ама должината на филмов ме уби.

7/10

@Zlatikevichius тргај тоа црвените од листата да не ми бодат очи :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.772
Поени од реакции
36.706
Стигнавме до крајот на првиот круг во клубот. Последниот филм е предлог на @The Cooler King , кој избра еден интересен трилер за кој верувам ќе има одлични коментари. Неговата желба беше јас да презентирам кој ќе биде филмот, но не би сакал да зборувам многу, за да не откријам нешто од дејството, затоа само ќе споделам што рече тој за филмот:

The Cooler King напиша:
Филмот го одбрав уште истиот ден кога ме извести, само не сум сигурен дека ќе им се допадне на сите, или на мнозинството. Ама сепак решив да ризикувам, затоа што е високо оценет и е еден од најквалитетните психолошки трилери според мене во историјата.
Како 149 филм во клубот ќе го гледаме:

149. SPOORLOOS / THE VANISHING (1988)
1652043966369.png

Се надевам ќе уживаме!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
И јас сум го гледал и ми оставил добар впечаток. Ќе го репризирам дефинитивно, нешто имам подзаборавено. Добар трилер у секој случај.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Murder By Death (1976)
Јас овој филм го изгледав од неизгледани, ама не стигнав вчера да пишам. Го избрав посебно затоа што е пародија на роман на Агата Кристи.

Интересно ми беше што мис Марпл и Поаро беа присутни заедно (кои никогаш не биле заедно во ниеден роман на Агата). Смешки од време на време, ама крајот некако без веза ми се виде.

6/10
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
The Vanishing (1988)
Не знам што ви се допадна овде, баш ќе ме интересира да ви ги прочитам пофалбите, мене филмот ми беше глуп.
Филмот прво е бавен, потоа немаше логика дека може да ја најде некој (како кај нас да исчезне човек на Стража, нема од кај да се почне да го бараат), па кога покажаа пресек по 3 години, си реков еве сега ќе има нешто интересно гарант. Ама освен што видовме што се случи со Саскиа, ништо не беше интересно.
Четворка од десет само заради идејата која не сум ја сретнала досега.
4/10
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
The Vanishing
Леле филмоов... :)

Ај вака ќе почнам. Доволно ми беше да прочитам дека се работи за психолошки трилер, па луѓе што го гледале го пофалија, а има и добар рејтинг. Тука ме купуваш инстант со филм. Се хајпнав скрос пред да го пуштам, не очекував дека ќе замине во овој правец и ќе ми остави толку силен впечаток.
Почна бавно и очекував овие двајцата да направат некоја глупост меѓу нив, па потоа приказната да се испреплетува во тој тек. Моментот кога исчезна типката беше пресуден за да ми го добие целосното внимание и се до моментот дури не го претставија Рејмонд, ми се вртеа различни сценарија во главата. Најверодостојно ми беше дека избега, за да му врати поради случката на почетокот во тунелот. Е после ова филмот зема друг тек и длабоко навлегува во психата на Рекс и Рејмонд кој се целосно опседнати само со една работа. Двајцата се спремни да одат до крај и да си го ризикуваат животот за да дојдат до целта.

Многу многуу вознемирувачки филм. Сум гледал гадни трилери и хорори, ама ова ми беше некст левел. Така морничаво беше претставена целата атмосфера низ филмот, што на крајот останав запрепастен и ми остави некое чудно језиво чувство кое уште го иам додека го пишувам ова. Дефинитивно филм кој уште долго ќе ме држи под импресија и кој нема да го заборавам. Good job до предложувачот, овај ми е 9ти филм до сеа во клубов, дефинитивно најдобар. (y)
8/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Прв пат кога го гледав ми остави добар впечаток ама го имав подзаборавено, ама знаев дека има нешто со што ми остана во сеќавање како добар филм.

Коа го видов Рејмонд, одма ми текна дека ја имаше закопано под куќата. Ама сакав да видам што е толку добро во филмов пошто киднаперот/убиецот го дознаваме уште во првата сцена.

Ова не е од оние мистерии каде цел филм не знаеме кој е кривецот, каде цел филм го следиме оштетениот во потрага по исчезнатата за да во последните 15-20 минути ни се открие мистеријата. Знаете, вакви слични филмови каде во тие задњи 15-20 минути ќе ги повторат сцените пред исчезнувањето и уствари ќе ни го покажат Рејмонд дека тука бил цело време. На бензинската, во кафичот таму на плоштадчето, па ќе ни се згрози од приказот на семејниот ручек во куќата на село а под нив закопан жив човек. Пискотниците односно ехото од истите може да биле и од Саскиа. Да го напраеле како таков, би бил још један у низу, вака е на некој начин уникат и редок примерок каде од сам старт го следиме злосторникот. И тоа пази, со едно до максимум 2 перфектни киднапирања и убиства. Пак, не е филм каде одма иаме сериски киднапер/убиец и го глеаме цело време како киднапира и убива за да на крај претера и дозволи да биде фатен од полиција.

Главната цел на филмов е всушност однесувањето на Рејмонд, како профил на социо-психопат кој експериментира со себеси цел живот. Во втор план е исчезнувањето на Саскиа. Затоа и имавме дупка од 3 години. Многу добар и стварно вознемирувачки филм. Знаат европјаните да потрефат ваква атмосфера, ги имаат тие финеси за приказ на вакви монструми. Има и римејк филмов од истиов режисер којшто според рејтингот е далеку од Спурлус.

Многу језив и страшен лик е Рејмонд, каков гад, еден од најдобрите одиграни психопати. Исто и филмов.

8/10.

Иначе актеров што го игра Рекс, после улогата во филмов го земале у Милан да игра фудбал, познат под името Роберто Донадони.
:D
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.505
Поени од реакции
990
The Vanishing 1988

Франција осумдесети европска култура културеан народ , филмот со две различни дејствиа ,прво со пежо 404 си патуват вљубени млад пар еднио личи на жан клод вандам ,и невестата млада наивна холанѓака застанват на бензиска да купат нешто и тика почнува проблемо,друга сецена од убиецо шо лажи девојки и сака да ги као намами в кола а фамилјарен чоек ама психопат шо личи на кралот тут од бетмен ,и жената младата ја киднапира ама не се знај тоа прво го прикажуват тој убиецо претходно дејствие пред да се деси кај бензиската како фамилјарен чоек со фамилиат имат викендица ручеци и има еднсцена пајаци и пискат као дали се слуша а тој со намера го планира злосторсвото цело време планира како ќе ја внеси успие в кола повторува сцени едно друго, мери на сат пулсометар сеико уште тоо време напредна технологиа.па тука има една сцена со ќеркаму кај шо спасва од давење некое дете и му вика да не верува у херои, и сеа се префрла дејствие по 3 години кај шо тој ван дам шо личи ја бара исчезнатата овај нешто му праќа ливче и се најдуват во кафич француски и му кажва какотој ја убил и го вика со него да му раскажи малце необично и се возат во кола и му раскажува и едно време овај нејќи па ака па апчина за спиење у кафе и дури на крај се дозна како ја внесе у кола и ништо не ссе деси немаше сецени кај шо убива и сл,само раскажувањето како се десило киднапирањето ,чудна француско сценарио,ианаче филмо цело време се возат со коли француски пежо toj ima citroen crven bx pa bel ist инако едните збораја холандски другите од кај убиецо француски,интересен француски период осумдесети уба боја камерата и некако невобичаен. Толку. 8.2

не ми е баш корегиран лекториран тексто аматое
Автоматски споено мислење:

The Vanishing
Леле филмоов... :)

Ај вака ќе почнам. Доволно ми беше да прочитам дека се работи за психолошки трилер, па луѓе што го гледале го пофалија, а има и добар рејтинг. Тука ме купуваш инстант со филм. Се хајпнав скрос пред да го пуштам, не очекував дека ќе замине во овој правец и ќе ми остави толку силен впечаток.
Почна бавно и очекував овие двајцата да направат некоја глупост меѓу нив, па потоа приказната да се испреплетува во тој тек. Моментот кога исчезна типката беше пресуден за да ми го добие целосното внимание и се до моментот дури не го претставија Рејмонд, ми се вртеа различни сценарија во главата. Најверодостојно ми беше дека избега, за да му врати поради случката на почетокот во тунелот. Е после ова филмот зема друг тек и длабоко навлегува во психата на Рекс и Рејмонд кој се целосно опседнати само со една работа. Двајцата се спремни да одат до крај и да си го ризикуваат животот за да дојдат до целта.

Многу многуу вознемирувачки филм. Сум гледал гадни трилери и хорори, ама ова ми беше некст левел. Така морничаво беше претставена целата атмосфера низ филмот, што на крајот останав запрепастен и ми остави некое чудно језиво чувство кое уште го иам додека го пишувам ова. Дефинитивно филм кој уште долго ќе ме држи под импресија и кој нема да го заборавам. Good job до предложувачот, овај ми е 9ти филм до сеа во клубов, дефинитивно најдобар. (y)
8/10
не е донадони :) белгиски актер бил како ван дам
 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
The Vanishing (1988)

Ми се допаѓаат трилери каде што го гледаме психолошкиот профил на убиецот и неговите мрачни мисли. Воедно, и добар приказ како всушност овие луѓе се кријат позади семејство, деца, професор по хемија, добар комшија за кој никој не би помислил дека може да убие."Херој" во очите на семејството и општеството, а под него се крие грозен психопат.

Има многу овакви филмови каде што е прикажана страната на психопатите, но сите тие филмови ги прикажуваат еднолично, како личности кои се на маргините на општеството, чудни, мрачни. Додека овде имаме пореална слика на профил на овакви луѓе, како тие се секаде околу нас, а од друга страна колку е лесно да киднапираат и убијат.

Психолошката игра помеѓу Рекс и Рејмонд беше фантастично доловена во периодот од тие 3 години. Како влијае киднапирањето на Саскиа кај Рекс кој не може да продолжи со животот, како и на Рејмонд кој не може да сопре додека не го уништи и неговиот. Крајот, тотално неочекуван и неконвенцијален за денешните филмови.

Она што ми беше замерка е спороста на самиот филм, како можеби и недоволната тензија која некако не ми беше тоа-тоа од страна на сценографија, камера. Се беше некако сончево, свежо, зелено... Како да не се потрудиле од таа страна да створат некое ремек дело. Просто и нередефинирано од денешен поглед. Можеби и затоа пробале да направат римејк подоцна, секако неуспешен.

Се изнасмеав на коментарот на Жан Клод Ван Дам. Стварно личи на него. Дури и кога почнав да го гледам, земав да проверам да не е стварно тој. :D

7.5

***

Добив една идеја листајќи вчера низ Ексел листата...

Поради тоа што повеќето од нас сме овде со години и имаме доста предлози, верувам ќе биде добро со почетокот на новиот круг, после коментарот од изгледаниот филм на предложувачот, да се пише и една реченица кој бил негов најдобар предлог до сега.
Добро ќе биде како едно досегашно сиже и "пофалба" за членот, а воедно ќе послужи и како идеја за "поновите" членови да се навратат на некој постар предлог кој стварно вреди да се изгледа. А има такви многу добри филмови.

И @Zlatikevichius, тргај тоа црвеното квадратче кај мене, го изгледав пропуштениот. :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Сите на кои ви се допаднал филмот зборувате за психолошкиот профил Рејмонд. Тој сам ни раскажува, и јас воопшто не гледам ништо интересно во тоа: постојано се обидува да намами женска во колата (на крајот дознаваме што би правел со неа), и никако не му успева тоа, сè додека Саскиа сама му се намести (во желбата да купи приврзок со буквата Р за дечко ѝ). Значи, гледаме еден умоболен човек, кој постојано и неуспешно се обидува да киднапира жени, а во меѓувреме си живее „нормален“ живот.

Многу е можно дека освен Саскиа и Рекс, тој не киднапирал никого друг, затоа што и нема во филмот приказ дека некого друг киднапирал. Покажани се само сите негови неуспешни обиди.
 
жива е саскиа :)остаре многу а тој глумецо Рејмонд загинал 2010 од рак на простата
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Сите на кои ви се допаднал филмот зборувате за психолошкиот профил Рејмонд. Тој сам ни раскажува, и јас воопшто не гледам ништо интересно во тоа: постојано се обидува да намами женска во колата (на крајот дознаваме што би правел со неа), и никако не му успева тоа, сè додека Саскиа сама му се намести (во желбата да купи приврзок со буквата Р за дечко ѝ). Значи, гледаме еден умоболен човек, кој постојано и неуспешно се обидува да киднапира жени, а во меѓувреме си живее „нормален“ живот.

Многу е можно дека освен Саскиа и Рекс, тој не киднапирал никого друг, затоа што и нема во филмот приказ дека некого друг киднапирал. Покажани се само сите негови неуспешни обиди.
Се сложувам во целост. Досаден филм, многу далеку од добар (психолошки) трилер. Никакво темпо и нула акција. Сѐ што гледаме е неговата припрема за грабнувањето и 15 минути некаква психолошка игра.

4/10
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
The Vanishing (1988)

Досадно. Сценариото во две минути можам да го раскажам. Се обидоа да влечат некои поенти за човековата природа, кај Рекс curiosity killed the cat, а кај негативецот дека не е сѐ како што изгледа, не верувајте во херои, зад нив се кријат социопати бла бла.

Не ме воодушеви ни кинематографијата, ни камерата. Споредните ликови не беа разработени. Новата девојка на Рекс немаше никаква улога, а фамилијата на психопатот служеше само за да ја прикаже неговата двојност. Освен моментот кога го спаси девојчето со куклата и неуспешните обиди да намами девојки во кола не видовме никаква акција. Таквата пасивност кај негативецот придонесе и целиот филм да ми биде пасивен и едвај да чекам да заврши.

Крајот имаше намера да нѐ шокира, ама за мене не го постигна посакуваниот ефект, ми беше онака, знаевме дека е мртва само не знаевме како. За жал само 4/10.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom