FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јас Soul го гледав, конечно. И пак бев на граница да го исклучам откако веќе почна да ми здосадува и видов дека поминале само 40 минути, ама ај убаво си стонирав лежејќи и го догледав до крај.

Мех, ништо посебно, за вакви емотивни филмови што воопшто не допираат до мене стално го користам цитатот на Пикац од вратиче се роде кој гласи вака, Ni da me diwne.
Реално.
Друго нема што да кажам. Ќе му дадам оценка 6, ради квалитетот и Тери како најинтересен лик.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Boy Wonder

Овој ми беше единствениот неизгледан од овој круг па решив да го испочитувам предложувачот.

Филмот беше солиден, на страна сите клише сцени и плитките разговори, без некоја посебна тензија или пак нешто неочекувано.
Ми се чинеше како режисерот да имал добра идеја, но не успеал да ја преточи потполно онака како што му била замислата.

Детективката беше баш згодна, а видов денес се направила целата пластична.

Иако не ме заинтригира подлабоко, сепак ми беше гледлив и ми ги исполни очекувањата.
Добива една 5-ка.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Од пропуштените јас го гледав The Tenant 1976
Мрднат филм. Можеби заслужува и re-watch. Ме напињаше малку, уствари малку повеќе со тоа другарите негови скапани демек галама прават демек се жалат соседите, некако многу акцент се ставеше на тоа а ми беше убер феил. Си почнаа така мрднати ствари да се дешаваат и беше занимливо. Не сум сигурен дека сфатив целосно што се случува освен дека овој е мрднат?
7/10
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Laura

Бидејќи сум кратко во филм клуб, неам пропуштен филм, но пак решив да изгледам нешто од прошлите кругови.
После "Heaven can wait", Gene Tierney ми остаде многу добар впечаток, ја истражив и "Laura" ми заврши во watchlist. Видов дека некој погоре го имаше спомнато па решив да го изгледам сега.
Ако Gene ми остаде многу добар впечаток во прошлиот филм, во овој едноставно ме освои. Со тие невини погледи и ирзари на лицето што ги прави ти доаѓа да ја изедеш како бомбонче. :love:
Во врска со филмот не ми се пишува многу, 10 сабајле е."Трилер" од 1944, со интересна приказна и ликови. Во глобала ми се допадна, особено тоа што беше straight forward, и тие саат и пол ми поминаа одма. Пак ќе напоменам, пишав исто и за "Heaven can wait", глумата од овој период ми е многу чудна, но ни во овој филм не ми сметаше.
7.5/10
P.S ова ми е 5ти црно-бел филм годинава. Најверојатно толку неам во животов изгледано, освен некој партизански или вестерн што сум ги начекувал на ТВ како мал.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не дека има некоја врска пошто е од стар круг ама ај ќе ги пишам тука па нека стојат, пошто сепак се од филм клубов. Со Soul го комплетирав кругов.
Од постарите одбрав 4-5, изгледав 2, до утре може уште еден макс.

Four Lions ќе го цитирам од тука.

А сега дојдов за Night on Earth.
Вчера 3.5 му стаив на летер, денес му ја сменив у 4.

Добар филм, прв пат се среќавам со Џармушнаторот, ако добро памтам и во некои од претходните кругови имаше негов предлог филм и тогаш баталив со гледање, ако повеќето филмови му се вакви лабави може да се позанимавам со него у иднина. Има некои црно бели па тоа ме одвраќа некако. Небитно.

Night on Earth е поделен во 5 приказни, во 5 различни делови од светот, 5 таксисти и нивното патешествие во исто време. Интересен лабав тон со добри поенти, без многу замарање, со добра музика која одговараше на тонот и атмосферата на филмот.

Првиот сегмент - Лос Анџелес, Винона Рајдер иритантно џвака мастики и пуши цигара за цигара. Она е таксистка мушкаданка и се што сака во животот е да биде механичар. Добива понуда да биде филмска ѕвезда на што одговара негативно. Не мора сите исто да сонуваат и мечтаат.

Вториот сегмент - Њу Јорк, гето, Густаво Фринг и еден таксист изгубен германец. Хелмут. Гус не е стереотипен црнец од Бруклин. Не сите ликови од гетото се криминалци и лопови. Има и по некој добар. Заеби ова Густаво Фринг. Јојо се вика. Го дупеше германецов дека се вика Хелмут, го викаше Хелмет и овој му вика а ти бе, Јојо, она играчкана.

Третиот сегмент - Париз. Црнец, вози двајца други црнци кои му се смеат и погодуваат од кај е по потекло. Ги брка од такси и собира една слепа девојка. Слепата девојка низ муабет му докажува дека и покрај тоа што е слепа, не е ништо поразлична од тие што гледаат и дека е скоро иста како и сите други луѓе. Многу убава поента.

Четвртиот сегмент - Рим. Роберто Бењини најиритантното човече на светот. Можеби сум единствен што воопшто не ми е интересен ниту пак смешен како појава. Собира еден поп и го умира од досада и зборење. Мразам луѓе што се вакви хиперактивни и што зборат без престан. Ме фаќа нервоза. Бев ист како попот и јас, ќе избегав од кожа. Ја овој сегмент го сфатив како критика баш на ваквите луѓе, смири се малце и не замарај, смири страсти, никој не е должен да те слуша како замараш со глупости и брзо зборење полно гестикулации и немир, вози такси и не кур умарај.

Петиот сегмент - Хелсинки. Нема боље јазик од финскиот, најинтересен у цел свет.
Мита што личи на морж, собира 3ца пијаници од кои едниот е шлогиран од алкохол и спие, другиве двајца галамат и почнуваат да се жалат за животот на овој што спие, како имал проблеми, избркан од работа бла бла. Мита им раскажува една приказна од лично искуство што ги треска од земја и ги освестува дека има и луѓе со поголеми проблеми од некое си бркање од работа и слично. Не кур се жали на секакви ситници. Биди маж. Биди јак.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Топ филм и сите приказни ми беа погодени.

Во приказната со Роберто Бењини без разлика кој актер и да беше на негово место ќе беше сеедно, зашто самиот текст и карактерот што го имаше беше смешен. Немаше некоја улога кај што треба да биде карикатура па да иритира, така што тука не те контам баш.

Ко почна на попот да му раскажува ако добро памтам како се возбудува од коза или овца, а овој припаѓа... :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не знам што не конташ, убаво ти пишува дека ме нервира Роберто како појава и општо ме нервираат луѓе што брзо зборат и се хиперактивни, што мрдаат со раце и се немирни доека раскажуваат нешто. Ме ствараат немир и нервоза.

Може да ја раскажува најсмешната приказна на светот, ако се понаша ко што се понаша нема да ме насмее ич, туку ќе ме нервира.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.244
Ајде и јас да го фатам последниот воз за

Heaven Can Wait

Романтичен, сентиментален, забавен, комичен, лесен и релакс филм. Вака некако би го опишала филмов со неколку збора. Една одлична и динамична приказна за животот на еден старец.
Ми се допаднаа портите на пеколот, уредени во стилот на хотелска рецепција, пред која стои Екселенција (Крегар) - (посебно делот „притискаш дугме, паѓаш долу“), така некако и јас си го замислувам, во опуштена атмосфера:icon_mrgr:
Иако судејќи според насловов, однапред е предвидлив исходот на филмот, ама филм кој време ми држеше внимание и убаво расположение, а никако досада. Изобилува со суптилен хумор и досетливи дијалози.
Се на се, одлично спакуван филм, прекрасна актерска екипа, интересни споредни улоги. Костимографијата топ:love:.

8/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Reflecting Skin

Едно обично ништо од филм.
На Магнолија му имам намалено оценка ради жабите а не па на овој.
Ќе се заборавеше и таа огромна крастава жаба на почетокот на филмот ако во продолжение ги исполнеше очекувањата а не да ме убие од досада иако трае саат ипол и да не понуди ништо интересно туку нелогични глупости и замарање.

Чист 1.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.524
Поени од реакции
29.026
Broken Circle Breakdown

Лоша музика, лоша глума и ужасна реализација. Не знам зошто има добиено големи оценки ама воопшто не ме допре филмов. Алергичен сум на кантри музика, и сето тоа вергла у позадина на приказна каде што дете боледува од рак и као треба да биде трогателно. Ако кантри музиката ја немаше, можеби и поголема оценка ќе добиеше филмов. Или детето да го немаше, којзнае.
Филмов си тераше напред назад цело време, а ниту ме интересираше што било ниту што ќе биде веројатно затоа што од старт изгубив интерес. Монтажата ми направи само одбивност и едвај чекав да заврши филмов + немаше време за никаква емпатија да се создаде. Многу слични работи доживеав и во реалноста, и последниве 10 години бев на 100 погреби, можеби затоа ми се гадат вакви филмови. Си ветив на почетокот на клубот дека нема да пропуштам филмови и само ради тоа го догледав овој, инаку уште во 5та минута ќе го изгасев.

1/10

Ќе го почнам и The Fisher King малку покасно па ќе пишам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Сменето е, првичната активност стои, не знам зашто и претходно исто вака коа сум мењал рејтинзи стоеле првичните у активност.

Прегледај го приврзокот 331614
Зашто не е сменето само ако на ѕвездите кликнеш. Треба да одиш на Edit entry, смениш и Save, за да биде сменето.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721

Kajgana Shop

На врв Bottom