Не дека има некоја врска пошто е од стар круг ама ај ќе ги пишам тука па нека стојат, пошто сепак се од филм клубов. Со Soul го комплетирав кругов.
Од постарите одбрав 4-5, изгледав 2, до утре може уште еден макс.
Four Lions ќе го цитирам од
тука.
А сега дојдов за Night on Earth.
Вчера 3.5 му стаив на летер, денес му ја сменив у 4.
Добар филм, прв пат се среќавам со Џармушнаторот, ако добро памтам и во некои од претходните кругови имаше негов предлог филм и тогаш баталив со гледање, ако повеќето филмови му се вакви лабави може да се позанимавам со него у иднина. Има некои црно бели па тоа ме одвраќа некако. Небитно.
Night on Earth е поделен во 5 приказни, во 5 различни делови од светот, 5 таксисти и нивното патешествие во исто време. Интересен лабав тон со добри поенти, без многу замарање, со добра музика која одговараше на тонот и атмосферата на филмот.
Првиот сегмент - Лос Анџелес, Винона Рајдер иритантно џвака мастики и пуши цигара за цигара. Она е таксистка мушкаданка и се што сака во животот е да биде механичар. Добива понуда да биде филмска ѕвезда на што одговара негативно. Не мора сите исто да сонуваат и мечтаат.
Вториот сегмент - Њу Јорк, гето, Густаво Фринг и еден таксист изгубен германец. Хелмут. Гус не е стереотипен црнец од Бруклин. Не сите ликови од гетото се криминалци и лопови. Има и по некој добар. Заеби ова Густаво Фринг. Јојо се вика. Го дупеше германецов дека се вика Хелмут, го викаше Хелмет и овој му вика а ти бе, Јојо, она играчкана.
Третиот сегмент - Париз. Црнец, вози двајца други црнци кои му се смеат и погодуваат од кај е по потекло. Ги брка од такси и собира една слепа девојка. Слепата девојка низ муабет му докажува дека и покрај тоа што е слепа, не е ништо поразлична од тие што гледаат и дека е скоро иста како и сите други луѓе. Многу убава поента.
Четвртиот сегмент - Рим. Роберто Бењини најиритантното човече на светот. Можеби сум единствен што воопшто не ми е интересен ниту пак смешен како појава. Собира еден поп и го умира од досада и зборење. Мразам луѓе што се вакви хиперактивни и што зборат без престан. Ме фаќа нервоза. Бев ист како попот и јас, ќе избегав од кожа. Ја овој сегмент го сфатив како критика баш на ваквите луѓе, смири се малце и не замарај, смири страсти, никој не е должен да те слуша како замараш со глупости и брзо зборење полно гестикулации и немир, вози такси и не кур умарај.
Петиот сегмент - Хелсинки. Нема боље јазик од финскиот, најинтересен у цел свет.
Мита што личи на морж, собира 3ца пијаници од кои едниот е шлогиран од алкохол и спие, другиве двајца галамат и почнуваат да се жалат за животот на овој што спие, како имал проблеми, избркан од работа бла бла. Мита им раскажува една приказна од лично искуство што ги треска од земја и ги освестува дека има и луѓе со поголеми проблеми од некое си бркање од работа и слично. Не кур се жали на секакви ситници. Биди маж. Биди јак.