devilko
♆ wicked one ♆
- Член од
- 28 август 2014
- Мислења
- 1.960
- Поени од реакции
- 6.344
Оригинален мислам дека нема. Нешто слична фора имаат направено како Пиратите каде што можат да се направат безброј копии, па секој обид да се уништи една страница, се појавуваат 3 нови.Пак ќе замарам малку за bflix: кој е оригиналниот? Еден куп ги има, bflix.gg, bflix.pro, bflix.watch...
Иначе господ здравје да ви даде што ме просветливте, на другиве канали ем плаќам ем нема филм што ми треба да можам да го најдам, а буквално сите работи што не сакам да ги гледам ги има. Овде се брате мили, што ти душа сака. Не ми е мене за бесплатно, дупло би платил ама да не ме замараат со западњачки фори како еве ти го Ио Back to the Future двојката на Нетфликс, кецот ти е на ХБО а тројката на Амазон...
И сега како што е редот си ископав едно од оние лесни филмчиња од 80-те, Some Kind Of Wonderful (1987), играше на МТВ во 90-те кај нас. Едноставна тинејџерска приказна која ги доловува тие времиња. Милина.![]()
Битно е што нуди скоро цела видеотека на светски филмови со одличен квалитет. Добро, мене ми се случило 2-3 пати да не можам да најдам некој филм таму, посебно од неанглиско говорно подрачје. Но, тоа е реткост.
За сега е најдобар избор за гледање филмови. Нетфликс станува комплетно небитен при овакви можности.
Би сакал и останатите да ве запознаам.



