НБА сезона 2021/22

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    75
Не знам само со кој памет упорно ги ставате Бостон како фаворити против Милвоки.
 
MIA 4 - 2 PHI

Иако сум за Фили, реалноста е дека дури и со Џоел тешко би се справиле со компактниот ростер на Мајами, Иако во ситуација кога би бил комплетно здрав, би идел на варијанта дека Фили добија у 7. Следна сезона, со потпис на играчи кои ќе ги попунат квалитетно епизодните улоги покрај Макси, Харден и Џоел би можело нешто повеќе да се очекува. Се надевам на трејд на Тоби и ослободување кап за повеќе 'епизодаши' и ростер шо ќе наликува на оние на Милвоки и Мајами. Со просеци кои секоја утакмица можат да изненадат и да убацат 20.


BOS 4 - 3 MIL

Пред серијата со Бруклин, реално повеќето ги отпишувавме Бостон, дури и многумина сметаа дека ќе биде лесна серија можеби и метла. Импресивно е тоа шо се случи, пред се дефанзивно. Доколку некој сака во иднина да ги победи Бруклин со Дурант и Кајри, треба да учи од она што го направија Бостон. И-М-П-Р-Е-С-И-В-Н-О.
Затоа можеби и малку субјективно, верувам дека можат против актуелните шампиони преку мајсторка до финале. Со здрав Мидлтон веројатно ситуациајта ќе беше поразлична, но вака верувам дека после она шо го прикажаа Бостон, можат пак да 'изненадат'.


PHX 3 - 4 DAL

Иако Фенис е фаворит реално и на хартија, а и по звучност на имиња у ростер, малку навијачки али се надевам дека Лука ќе игра барем конференциско финале. Феникс и лани и годинава се најбоље тим у регулар сезона. Лани дури и можеби како изненадување за сите нас шо забораивме дека PointGod го напраил контендер секој тим во кој што играл. Уз дужно поштовање за него и за Девин, се надевам дека оваа серија иде за Далас.


GSW 4 - 1 MEM

Најдобриот систем против најдобриот млад кор во лигата. Иако со цело срце посакувам резултатот да е обратен т.е. во корист на Мемфис, реално не гледам како истото би се случило. Моментално мојот омилен играч за глеање у лигата - Џа верувам дека во иднина, па можда дури и од следната сезона ќе биде вистински контендер, како за МВП така и за прстен.
 
Не знам само со кој памет упорно ги ставате Бостон како фаворити против Милвоки.
Мидлтон не игра а и Бостон реално повеќе импресионираа од Милвоки засега.. Онаква одбрана на Кајри и Дурант ретко кој играл во плејоф..
 
Мидлтон не игра а и Бостон реално повеќе импресионираа од Милвоки засега.. Онаква одбрана на Кајри и Дурант ретко кој играл во плејоф..
Добро во ред се тоа ама не е Милвоки толку зависен од Мидлтон како што тоа тука се претставува. Актуелни шампиони се, Анте во врвна форма, екипа полна со шутери, искрено не би се осмелил овде да типувам на Бостон. Друг тип на играч е Анте во однос на Дурант, може со 5ца на грб да им дава кошеви така да ќе видиме како ќе биде. Во секој случај топ серија би требало да биде, јас типувам 4-2 за Бакси.

Ако е потврдено за Ембид дека нема да игра тогаш метла ќе јадат Фила, преку сила една да земат али тешко.

ГСВ вс Мемфис би требало исто да е интересна серија иако предноста и искуството е кај Вориорси. Да видиме што може Морант против машинеријата на Кари и компанија. 4-2 за ГСВ.

Најинтересна треба да е Феникс-Далас и тука никако не би ги отпишал Далас ако е здрав Лука. Малце навивачки, 4-3 Далас.
 
MIA PHILA 4 - 2
BOSTON BUCKS 4 - 2
PHX DALAS 3 - 4
GSW MEMPHIS 4 - 1

LETS GO CELTICS !!!!!!!!!!!!
 
Mia Fila 4-1
Bos mil 4-3
Phx dal 4-2
Gsw mem 4-1
 
Премал учинок од Џејлен Баун.
 
Шампионот шампионски. :cool: Јанис колку само положувања промаши, еден од полошите натпревари за него во последно време и пак има 24/13/12. Најдобар играч во лигата моментално.
 
Бостон изгледа се испукаа со Бруклин, денес катастрофа тешка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom