- Член од
- 5 март 2018
- Мислења
- 17.075
- Поени од реакции
- 19.458
Грешно се изразив. Пред двомечот со Сити шансите за пролаз беа поголеми, за нив, ама со овој резултат и не баш, тоа сакав да го напишам.И пак не кажа како со негатива од 1 гол имаат повеќе шанси за пролаз него ли на 0-0 и што мислиш според тебе ќе биде различно во реваншот.
Ако резултатот беше поголем шансите да го поминиме ќе беа сведени скоро на нула, вака резултатот е многу отворен.
Значи вака, на секој навивач уште кога го извлековме Сити ни беше јасно со каков противник треба да играме во двомеч. Без разлика дали ќе хи поминиме Сити или не претходно, пред натпреварот во Манчестер сите се молевме барем резултатот да е отворен и да останеме "живи" за реваншот во Мадрид, тоа и се деси.
Дали ќе успее Чоло во замислата ќе видиме, наше е да се надеваме дека Атлетико ќе изигра подобар фудбал од оној синоќа.
Од играта ич не сум задоволна оти сметам дека овој тим има капацитет повеќе да покажи, овој тим знае да игра фудбал. Ако ги поминиме. Арно ама филозофијата на Чоло е таа, на сите ни беше јасно со каков пристап ќе излези синоќа. Не знам овие како се запрепастени од играта на Атлетико, во ниеден универзум не се надевав дека Атлетико ќе има посед во Манчестер и ќе напаѓа на нивна половина, едноставно таа е тактиката на Симеоне и во изминатите нокаут фаза мечеви се покажала како добитна комбинација.
А на некој ако му смета таквиот фудбал нека смени канал и нека си го гледа другиот меч, многу едноставно е.
Го заболе Чоло левото маде дека пар исфрустрирани ликови на кајгана сметаат дека тоа не е фудбал.
Ама се гледа дека уште ги лути газето, оти баш тој антифудбал ги исфрли од игра, едните уште во групната фаза а другите во 1/8 финале