- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 4.986
- Поени од реакции
- 11.350
Народ како народ! Исто сите се затрчаа по тоа пена душеците од топ-шоп. Ако наседнале дека им треба таков душек за “разбудете се наспани”… зошто да не наседнат и на бели клими што греат 40м2?!Па еве 2022 уште грото од народот што на големо купува клима последниве 2-3 години, од познавање за клими.... знае дека треба да е бела, да стои на ѕид и да дува топло... исто така да е поефтинка што може... пошо нели сите се исти.
Туку друго ми беше муабетов…
Да знаеш само колку субвенции истури протекторатов последниве години… нема да ти се верува!
Последниве дестина години беше и дешавката со Топлификација АД, па бар во Ск многу народ избегаа од парно на клими. Мада и некои други градови(битни на избори ахем) ја тераа истата шема… Скоро сите новоградби се без приклучок на БЕГ во Ск!
Масовни кампањи за фрлање ќумбиња со нула научна или практична логика!
За пазарот тоа беа и се клучни моменти! Се створи фама како климата пардон инвертерот е the best next thing!
Ете некои увозници убаво се снајдоа и го искористија моментумот, некои уште дремеа на стара слава, а некои успеаја дури и да ги загубат правата за увоз на некој бренд.
Ја капа им симнувам на Грее како го изведоа тоа, да од нула станат бр.1 кај нас! Може сум реален према нив како бренд, ама за бизнисот свака част! Нема емоции кај што е пара во прашање! Како што мене никој не ме жали на работа, така и јас никој не жалам што го наседнале на маркетинг BS и заработиле на него!
П.С. и да не паметувам многу, и јас сум оФца понекогаш! Човек колку и да пази ќе згреши. Ќе правев фонтана во двор, и нормално си купив кинеска пумпа со 1.20м head и 1400l/m!
Ај погоди што испадна?
Ни 50цм не може да крене, а протокот туга, чемер и јад! 1100ден фрлени во ветар!
Јбг shit happens