Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Супер све, али чувствувам како да му се празни филмовите... и Блејд Ранер и овој. Све му е добро, ама му фали нешто на врвот. Тоа е моето неодрдено чувство за него.

Да го ставам у група со Тарантино - ни од далеку. Трет ешалон на добри режисери, така некако ми е.

Е да, што ќе го ставаш со човек кој у цела кариера има само еден филм снимено, не буквално да ме сфатиш...
 
Супер све, али чувствувам како да му се празни филмовите... и Блејд Ранер и овој. Све му е добро, ама му фали нешто на врвот. Тоа е моето неодредено чувство за него.

Да го ставам у група со Тарантино - ни од далеку. Трет ешалон на добри режисери, така некако ми е.
Никој не го става во таа група.... Тарантино, Нолан, Кјубрик, Копола итн се и режисери и сценаристи, ама тие две работи не мора да идат секогаш заедно.

Скорсезе во глобала не ги пишува/ше неговите филмови, тоа не го прави трет ешалон режисер.
 
FB_IMG_1648916826054.jpg

Оваа најдолу десно, зелената - поим немам која е.

Џејн Кампион ми е многу језива.
 
Никој не го става во таа група.... Тарантино, Нолан, Кјубрик, Копола итн се и режисери и сценаристи, ама тие две работи не мора да идат секогаш заедно.

Скорсезе во глобала не ги пишува/ше неговите филмови, тоа не го прави помалку режисер од овие горе.
Сепак и режисерот сам по себе придонесува многу за сценариото и ако нема заслуга дека работел на него. Не за џабе режисерот се смета за автор на еден филм а не сценаристот.
 
Една од моите најомилени режисерки, а не ја познав. Ама како да ја познаеш, само десната веѓа и се гледа. :pos:

Па уствари испадна ова јака слика - сите се од различна националност (иако верувам некои од нив се сметаат за Американци).
 
Го гледав The Last Duel (2021), не знам како би го опишал. Како фан на историски филмови, едвај чекам да излезе нешто вакво да го изгледам. Обично не сум пребирлив бидејќи не ги прават многу. Тоа што ми се допадна е приказната и сценариото на Бен Афлек и Мет Дајмон, кои да пишуваа повеќе сценарија заедно а да глумеа помалку, сите ќе бевме посреќни. Ми се допадна начинот на кој е раскажана приказната од три различни агли, дијалозите и начинот на изразување од тоа време кој се обиделе да го рекреираат.

Тоа што според мене е промашено, режијата на Ридли Скот, синиот филтер и движењето на камерата од кои очи ме заболеа, изборот на местото за дуел во кој има река народ кој не може да види апсолутно ништо ама сепак ете, дошле, должината на филмот и фризурата на Бен Афлек.

Ми се допадна и како е одработен карактерот на Мет Дајмон и како се менува зависно од тоа кој ја раскажува приказната. Ќе беше подобро филмот да имаше фиктивен крај отколку вистинскиот, и онака не се знае ни ден денес вистината околу се што се случило, со исклучок на исходот од дуелот.

Го гледав и Death on the Nile (2021) и се прашувам, зошто, по ѓаволите, зошто?
 
Нема врска, буџетот е главен проблем секогаш. + многу зависи од кое студио работи на филмовите.

Според Википедија (ок знам дека не е најрелевантен извор) буџетот бил 90 милиони што не е малце, и требало да се снима во Мароко... На крај цел филм бил снимен во Англија.
Ова ми изгледа на чиста мрзеливост, ништо повеќе :toe:
 
Нема врска, буџетот е главен проблем секогаш. + многу зависи од кое студио работи на филмовите.

Без разлика на буџетот, кој освен ако не е неколку милиони ова е премногу очајно.
Во коментар го споредуваат со овој цртан :D

1649235925100.png
 
Според Википедија (ок знам дека не е најрелевантен извор) буџетот бил 90 милиони што не е малце, и требало да се снима во Мароко... На крај цел филм бил снимен во Англија.
Ова ми изгледа на чиста мрзеливост, ништо повеќе :toe:
90 милиони вкупен буџет, прашање е колку биле искористени за VFX. Чисто за споредба Oz The Great and Powerful имаше буџет од 215 милиони од кои 90 беа потрошени на VFX. Филмот сеуште го немам гледано ама се сомневам дека се работи за мрзеливост, бидејќи студиото како што гледам што работело на филмов е DNEG. Топ 3 студија во светов моментално. Освен буџет не гледам што друго било пречка тука.
Без разлика на буџетот, кој освен ако не е неколку милиони ова е премногу очајно.
Во коментар го споредуваат со овој цртан :D

Прегледај го приврзокот 327895
Кадриве што ги постираше се дефинитивно аматерски.


пс. Чисто за споредба fx3x со помалце од 200к евра ги работеа најтешките сцени од нула на The Revenant (околу 20 минути), омилениот филм на @Filip Telford. :D
 
Нема врска, буџетот е главен проблем секогаш. + многу зависи од кое студио работи на филмовите.
Oва ниво на продукција одамна нема вака лоши ефекти.
Вака лоши ефекти на ова ниво на продукција, задњи пут, видов на The Justice League.
 
Позадината во Death on the Nile е како правена во пеинт. Далеку под секое ниво, студенти волонтери за без пари ќе им направеле подобри ефекти. Очобол, ама за среќа филмот е толку лош што CGI е најмалиот проблем во целото тоа епско фијаско.
 
ХБО и Нетфликс да ги спореди човек во фудбалски жаргон се како прва и втора италијанска лига. Се закачив на ХБО деновиве и најдов еден куп стари филмови, денес го гледав In the Heat of the Night (1968), добитник на Оскар за најдобар филм, Златен Глобус за најдобра драма и ред други награди. Утре ќе се почестам со некоја друга класика, ако остане време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom