Тешка фукара била жена му на Вил Смит, неговава реакција дури и неразбирлива ми е. Ако му го земат оскарот капак ќе му биде.
Прв пат го гледам видеото иако знам за отворениот брак и се тоа. Туѓ срам ме изеде овие четири минути додека го догледав. Жал да те фати за човекот, ова е едно од најголемите понижувања што некој ги има претрпено јавно. Вил Смит генерално ми е океј лик, пошто ми е баш позитивен лик од детството, со Fresh Prince и со веселите рап песнички што ги правеше. А калаштурава отсекогаш ми била одвратна.
Така да со потегот вчера само навлече повеќе зафрканции на своја сметка и сега дефинитивно повеќе ќе бидат зборени со жена му ама од погрешни причини. И Крис претера ама бламажата не му требаше. Можам да замислам колку глупо се осеќал после. Цел живот работиш напорно, доаѓа успех за кој си сонувал цела кариера, и на најважната вечер во животот правиш епска глупост по која ќе те споменуваат со децении.
Оскарот не би требало да му го земат. И нема да биде праведно ако му го земат. Имало и порано скандали. Марлон Брандо воопшто го нема подигнато Оскарот за The Godfather, има пратено некоја актерка облечена како Индијанка да држи говор место него. Па си стои во историјата како победник. На Роман Полански му дадоа Оскар а е осуден педофил. Така да за тоа не треба да има дискусија.