Соживотот во Македонија

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.055

Претепаното дете е македонец, напаѓачите шпони. Одбран по случаен избор, пошто бил сам. Ниту ги знаел, ниту они него. Му се нафрлиле од позади 5 луѓе и то је то.
Сред плоштад...
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.831
Поени од реакции
40.269

Претепаното дете е македонец, напаѓачите шпони. Одбран по случаен избор, пошто бил сам. Ниту ги знаел, ниту они него. Му се нафрлиле од позади 5 луѓе и то је то.
Сред плоштад...
Ќе иде Таче на посета на детево како што идеше Грујо?
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.484
Поени од реакции
4.323
.
.
.
.
Што по ѓаволите има да направат кога тоа се однесува на пола нивно гласачко тело, финансиери , спонзори и членови?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.175
Поени од реакции
84.041
Они си сакаат да им биде ко у Арабија, или Афганистан, без дрва.
Можда нешто мислат дека така земјава ќе стане помуслиманска.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Во име на "соживотот"

На денешен ден 14.03.2001, точно во 11,42 часот со нападот на Тетово од страна на УЧК терористите започна војната во Македонија.

Како претходник беа масовните демонстрации од страна на албанското население на градскиот плоштад во Тетово, при што беа активно поддржани со пукотници од тетовското Кале кои секако, биле дочекани со овации, извици на воодушевување, радост и одобрување од страна на БОРЦИТЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА присутни на градскиот плоштад.

Истите тие БОРЦИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА, подоцна се маскираа, го грабнаа оружјето, започнаа да палат и протеруваат цивилно МАКЕДОНСКО население, да масакрираат и мачат, да убиваат МАКЕДОНСКИ војници и полицајци во заседи, да сквернарат цркви и гробови.
Оние кои имаат чисто Македонско срце, никогаш нема да ги заборават сликите од Вејце, Карпалак, Мавровските работници, Љуботенски бачила, Чуварите на моделот Бриони, гранатираниот Лешочки манастир и многу, многу други.

Првите неколку дена, полицијата силно притисната на самиот раб, при што МАКЕДОНСКОТО население се исели од Тетово привремено, додека огромен број засекогаш.

Ова темно парче од Македонската историја, нека биде вечен потсетник за едно време кое никогаш нема да биде заборавено. Време кое одзеде многу МАКЕДОНСКИ животи и остави многу МАКЕДОНСКИ семејства завиени во црно.
ВЕЧНА СЛАВА НА ПАДНАТИТЕ ХЕРОИ!

Денеска истите тие УЧК терористи, се мнозинство во власта на ова парче земја.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Многу добро се сеќавам на војничката униформа на дедо ми. Беспоговорно прифати да биде бранител, мораше по еден член од секоја фамилија, а тој беше единствениот кој имаше случено воен рок во својата. Син му сеуште беше на факултет, а ќерка му имаше едномесечно бебе. Дојдоа на врата, го побараа и отиде.

Иако беше релативно млад, немаше ни 50 години, имаше проблеми со срцето и проблеми со крвниот притисок. Во неколку наврати, моравме самите да го реанимираме и два пати го враќавме од мртвите. Беше страстен пушач, пушеше по две кутии на ден, што му предизвикуваше дополнителни проблеми. Без пумпите не можеше да дојде до воздух. Со истите, и со цел ранец апчиња отиде да се бори. За што и за кого? За политичари кои се откажаа од националниот идентитет и од државните интереси.

Не сакаше многу да зборува за војната, трошеле куршуми на празно и држеле некоја линија на фронтот. Ништо спектакуларно, ништо интересно.

Поранешниот претседател на Влада, застанал пред камерите, гледа како теле, и без срам зборуваше за родовиот идентитет и за либерализмот. Ок, ако е либерализам, што е со мојот идентитет? Каде е моето право? Не сакам да сум Македонец/граѓанин на Република Северна Македонија, не се идентификувам со вториот сегмент. Ама мора да ги прифаќаме различностите и да покажеме толерантност кон нив!

Отстапка по отстапка, додека не добивме Влада (и институции) со скоро 50% неписмени кадри од едно наше малцинство. И тоа малцинство има што да понуди, само гласа за радикалната политичка структура, која се трансформираше во таква од терористичко-герилска. Структура која крена пушка на својот народ и држава и структура која поддржува албанизација и радикализација во целото општество, дури и онаму каде нема Албанци. Истата застана зад тероризмот на Смилковското езеро и над тероризмот на Диво Насење.

Во нивните општини владее анархија, не се плаќаат даноци и се киднапираат деца. Сметките за струја и за водоснабдување се табу тема. Полицијата не смее ни да помисли да направи рација. Градиме соживот, но според нивните начела и принципи.

Дедо ми почина пред нешто повеќе од деценија, од рак на бели дробови. Нека му е лесна земјата и на него, и на сите паднати бранители и на сите бранители кои државата ги заборави, а починаа во меѓувреме. Но не ги заборави терористите, им даде директорски и министерски столици, па дури и функција претседател на Собрание, а наскоро и преседател на Влада!

Да не ги заборавиме ни нашите стратешки партнери кои им помагаа на терористите во текот на целата војна, ги кочеа нашите сили и бараа сразмерност на силите при пресметките. Никој не го почитуваше територијалниот интегритет на Македонија и не дозволија системот соодветно да ги санкционира сите терористи кои беа инволвирани во таа војна. А Рамковниот договор беше почетокот на крајот на желбата за продор и успех на просечниот граѓанин. Истите беа заменети со етнички квоти кои се пркосат и со Уставот и со здравиот разум. Се отвора работна позиција само за Албанец или Турчин, тоа го нема никаде!

Соживот на ова парче земја никогаш нема да има. Јавната власт не може да ги имплементира законите кои ќе важат на секоја педа од државата, што истата ја прават само обично парче земја каде може да се тера самоволие.

Излезе дека најголемиот непријател на Македонецот е токму Македонецот. Шака луѓе кои се вистинска анатема. Ако има правда на овој свет, ќе умрат во тешки маки.

Вечна им слава на сите бранители!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.175
Поени од реакции
84.041
Како смеел маска да му бара?
Зарем за тоа се бореа 2001-ва?

 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.724
Поени од реакции
26.666
Берик ме потсети : За тепачката за неносење маска од сабајле од Кам - Буњаковец има некое инфо повеќе за етничката позадина ?!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.175
Поени од реакции
84.041
Берик ме потсети : За тепачката за неносење маска од сабајле од Кам - Буњаковец има некое инфо повеќе за етничката позадина ?!
ja мислев дека у Кам Дебар Маало се десило тоа
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.306
Поени од реакции
8.797
Пајазити: „Национална катастрофа е што ниеден албански универзитет нема меѓу 2000 најдобри во светот за 2021/2022 година“

„Ниеден албански универзитет од Албанија, Косово и Македонија не е на листата на објавените 2 илјади најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година. Тажно е и жално во каква состојба се нашите универзитети. Ова што се случува со нив е национална катастрофа. Универзитети не се прават со татковци, вујковци, со пријатели, со љубовници и швалерки, со незнаење, со полуписмени луѓе, со продавање дипломи и убави титули.“ – вели Насер Пајазити, одговорниот уредник на информативната агенција на албански јазик ИНА, во својата анализа.

Пајазити пишува: „Центарот за рангирање на светските универзитети направи рангирање на 2 илјади најдобри универзитети во светот, опфаќајќи околу 20 илјади универзитети. Ниеден албански универзитет од Албанија, Косово и Македонија не е на листата на објавените 2 илјади најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година.“

„Од Македонија само Универзитетот ‘Светите Кирил и Методиј’ е рангиран на 1944-то место. Универзитетите од државите од поранешна Југославија е рангирани повисоко: Универзитетот во Белград – на 348-ма позиција, Универзитетот во Љубљана – на 374-та позиција и Универзитетот во Загреб – на 525-та позиција меѓу најдобрите 2 илјади светски универзитети. На листата се универзитети од Гана, Гамбија и други африкански земји.“

„Тажно е и жално во каква состојба се нашите универзитети. Ова што се случува со нив е национална катастрофа, нешто што бара итна интервенција. Во спротивно, оваа лоша ситуација ќе не чини многу скапо. Универзитети не се прават со татковци, вујковци, ако некој некому му се допаѓа, за атер, не се прават со незнаење, со пријатели, со љубовници и швалерки, со полуписмени луѓе, со продавање дипломи и разубавени титули, ниту со ‘акшам пазари’. – заклучува Пајазити во својата анализа.“
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.724
Поени од реакции
26.666
ja мислев дека у Кам Дебар Маало се десило тоа
Грешка сум јас. Дебар Маало е. Етничката позадина ме интересираше со оглед на статистиката за неносење маска кај одредена заедница и бурно реагирање на наредбата да носат.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Грешка сум јас. Дебар Маало е. Етничката позадина ме интересираше со оглед на статистиката за неносење маска кај одредена заедница и бурно реагирање на наредбата да носат.
Ti si deçko celiot u velika greshka ... Abe za kakva maskeradë go zboruvash ti more hej kaur kafir gjaur jedan ... :icon_mrgr:
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Совршено место за една огромна зграда, а и една голема џамија. Карпош гласаше за соживот, еу, нато и еден живот за сите. Треба да се изгради со пари од општината за да покаже општина Карпош дека се грижи за сите граѓани вклучувајќи ги и албанците.
Што слушам гласини дека оваа моја прогноза од 2020та година е точна и во ДУП има џамија кај Алумина или фејк вести шират на твитер? :icon_lol:
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.479
Поени од реакции
9.204
Што слушам гласини дека оваа моја прогноза од 2020та година е точна и во ДУП има џамија кај Алумина или фејк вести шират на твитер? :icon_lol:
Kaj da e ke bide, samo neka stavat nekoj pojaki zvucnici.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom