Безброј пати сум патувал сам, сеуште патувам и ќе патувам.
Работата ми е таква што често, многу често службено сум надвор од државата.
Низ Европа, сум бил скоро во сите држави, секаде сам. Состаноците ми завршуваат, слободното време е пред мене.
Во хотел често сум се спријателувал со други за дружба во слободното време. Но имало и многу ситуации кога сум бил потполно сам (грубо кажано 50-50).
Сем во Берлин, таму имам пријатели, колку што имам и во Македонија. Таму сум си како дома.
Во слободното време, како и да е шетам. Посетувам историски знаменитости и се што ме интересира. По втор/трет/четврт итн пат, кога повторно ќе се најдам во истиот град, а веќе сум ги посетил речиси сите познати места, продолжувам да истражувам нови интеренсни места за шетање. Додека оние кои ми оставиле силен впечаток, ги посетувам повторно и повторно. Секогаш се наоѓа по нешто ново.
Во Бангкок сум бил повеќе пати службено, сам.
Два пати временски ми се погоди рана пролет (одличен период за годишен одмор таму), каде што по службените обврски во Бангкок, си уживав по 10тина дена на прекрасните плажи во Патаја и околина. Вториот пат се запознав со Руси таму, па имаше некоја дружба. Цените се сосема солидни на се таму, сем патот што е малку поскап.
На другите континенти сум бил пречекуван како гостин, така да сум имал друштво.
Како човек сум доста комуникативна личност и речиси секогаш се трудам да си најдам друштво таму каде што сум. Ако ептен нема, не ми е никаков проблем буквално сам да уживам каде и да сум.
Совет до сите кои си го поставуваат ова прашање "Дали да патувам сам?"
Мојот одговор е ДА и тоа без двоумење.