Дали би патувале сами?

Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.217
Поени од реакции
941
Имам патувано сам, да.
Неколку пати во Белград и во Солун, на по 3-4 дена, и еднаш во Виена и Братислава на 5 дена.
Ме спукува меланхолија искрено, повеќе од 1-2 дена не би патувал сам сега.
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
384
Поени од реакции
408
Уживам кога патувам сам.

Имаш време за размислување, можности да си го испланираш патувањето по сосема твој ќеиф, нема обврски кон други, нема наметнати мислења и натегања.
Целосна слобода.

Често патувам и неконвенционално (автостоп, шатор, хостели, couchsurfing и слично), каде што има подолги периоди на самотија, па навикнат сум на тишина и моите мисли.

Никогаш не сум патувал со агенција, уплаќање аранжмани или организирани патувања, но знам дека и таму често има луѓе кои патуваат сами, па се здружуваат со сопатниците.

Како што спомнаа и другите, прво треба сам себеси да си доволно друштво.
За дополнително друштво зависи од човек до човек, ако си желен и отворен за муабет може да запознаеш и да се дружиш со луѓе каде и да одиш.

Мој совет е слободно да одиш сам барем еднаш, едно искуство плус, ќе видиш дали ти одговара или не.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.917
Поени од реакции
25.320
Патував сама во последните десетина години, само што за разлика од останатите овде, јас имав друштво на сите дестинации на кои запирав.
И сега без размислување би патувала сама на места кои сакам да ги посетам, знам што сакам да видам и не мора да правам компромис со никој... Уште да ме пуштат од дома. :D
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Безброј пати сум патувал сам, сеуште патувам и ќе патувам.
Работата ми е таква што често, многу често службено сум надвор од државата.

Низ Европа, сум бил скоро во сите држави, секаде сам. Состаноците ми завршуваат, слободното време е пред мене.
Во хотел често сум се спријателувал со други за дружба во слободното време. Но имало и многу ситуации кога сум бил потполно сам (грубо кажано 50-50).
Сем во Берлин, таму имам пријатели, колку што имам и во Македонија. Таму сум си како дома. :)

Во слободното време, како и да е шетам. Посетувам историски знаменитости и се што ме интересира. По втор/трет/четврт итн пат, кога повторно ќе се најдам во истиот град, а веќе сум ги посетил речиси сите познати места, продолжувам да истражувам нови интеренсни места за шетање. Додека оние кои ми оставиле силен впечаток, ги посетувам повторно и повторно. Секогаш се наоѓа по нешто ново.

Во Бангкок сум бил повеќе пати службено, сам.
Два пати временски ми се погоди рана пролет (одличен период за годишен одмор таму), каде што по службените обврски во Бангкок, си уживав по 10тина дена на прекрасните плажи во Патаја и околина. Вториот пат се запознав со Руси таму, па имаше некоја дружба. Цените се сосема солидни на се таму, сем патот што е малку поскап.
На другите континенти сум бил пречекуван како гостин, така да сум имал друштво.

Како човек сум доста комуникативна личност и речиси секогаш се трудам да си најдам друштво таму каде што сум. Ако ептен нема, не ми е никаков проблем буквално сам да уживам каде и да сум.

Совет до сите кои си го поставуваат ова прашање "Дали да патувам сам?"
Мојот одговор е ДА и тоа без двоумење. :)
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.558
... патувањето не ми преставува проблем ќе замижам дури нема да бидам сама со себе, ама престојот на тоа патување и околни кратки релации, најмалку четири, најдобро седум души да се помине топ, да се види све што би било важно за тие места, ноќен живот, глупирање преку ден, ручек итн.
 
Член од
18 март 2022
Мислења
42
Поени од реакции
65

Тројца или 4ица не може? мора 7 за да биде топ?
Автоматски споено мислење:

Он топик. Ако сам со себе си океј, секаде ќе ти биде океј. (сам)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.558
Тројца или 4ица не може? мора 7 за
Он топик. Ако сам со себе си океј, секаде ќе ти биде океј. (сам)
...да, две групи една со три члена друга со четири и секока држи грб и за такси соодветно за хотел...и ресторан,
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.554
Поени од реакции
24.904
...да, две групи една со три члена друга со четири и секока држи грб и за такси соодветно за хотел...и ресторан,
bjons ova mene mi zvuci na haos lol... premnogu zelbi za ostvaruvanje... moze 2 familii da e ok ama 7 poedinki treba da ste stvarno sovrseno bliski za da e toa dobar odmor osven ako ne mislis na da ste u isto mesto a ponataka da si se grupirate po interes. taka mi ima nekoja logika... moe iskustvo e se poveke od 3ca stanuva pretesko, zasto stalno ima nezadovolni...

sam mi e bolje, mene ne mi e tesko bilo kade da najdam drustvo ako sakam od druga strana iskreno odmor mi e i da se odmoram od drustvoto sto go gledam cesto, vreme za novi iskustva...
Автоматски споено мислење:

Безброј пати сум патувал сам, сеуште патувам и ќе патувам.
Работата ми е таква што често, многу често службено сум надвор од државата.

Низ Европа, сум бил скоро во сите држави, секаде сам. Состаноците ми завршуваат, слободното време е пред мене.
Во хотел често сум се спријателувал со други за дружба во слободното време. Но имало и многу ситуации кога сум бил потполно сам (грубо кажано 50-50).
Сем во Берлин, таму имам пријатели, колку што имам и во Македонија. Таму сум си како дома. :)

Во слободното време, како и да е шетам. Посетувам историски знаменитости и се што ме интересира. По втор/трет/четврт итн пат, кога повторно ќе се најдам во истиот град, а веќе сум ги посетил речиси сите познати места, продолжувам да истражувам нови интеренсни места за шетање. Додека оние кои ми оставиле силен впечаток, ги посетувам повторно и повторно. Секогаш се наоѓа по нешто ново.

Во Бангкок сум бил повеќе пати службено, сам.
Два пати временски ми се погоди рана пролет (одличен период за годишен одмор таму), каде што по службените обврски во Бангкок, си уживав по 10тина дена на прекрасните плажи во Патаја и околина. Вториот пат се запознав со Руси таму, па имаше некоја дружба. Цените се сосема солидни на се таму, сем патот што е малку поскап.
На другите континенти сум бил пречекуван како гостин, така да сум имал друштво.

Како човек сум доста комуникативна личност и речиси секогаш се трудам да си најдам друштво таму каде што сум. Ако ептен нема, не ми е никаков проблем буквално сам да уживам каде и да сум.

Совет до сите кои си го поставуваат ова прашање "Дали да патувам сам?"
Мојот одговор е ДА и тоа без двоумење. :)
sleden pat mesto pataya fati voz ili taksi/bus do hua hin na drugata strana od zalivot. toa e gradceto kade letuva kralskoto semejstvo. poeftino i podobro e od pataya mada poslabo stojat so angliski... ima se sto ima u pataya i e poavtenticno iskustvo posto imas mnogu pomalku turisti (mada pak imas iljadnici)...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.558
bjons ova mene mi zvuci na haos lol... premnogu zelbi za ostvaruvanje... moze 2 familii da e ok ama 7 poedinki treba da ste stvarno sovrseno bliski za da e toa dobar odmor osven ako ne mislis na da ste u isto mesto a ponataka da si se grupirate po interes. taka mi ima nekoja logika... moe iskustvo e se poveke od 3ca stanuva pretesko, zasto stalno ima nezadovolni...
sam mi e bolje, mene ne mi e tesko bilo kade da najdam drustvo ako sakam od druga strana iskreno odmor mi e i da se odmoram od drustvoto sto go gledam cesto, vreme za novi iskustva...
sleden pat mesto pataya fati voz ili taksi/bus do hua hin na drugata strana od zalivot. toa e gradceto kade letuva kralskoto semejstvo. poeftino i podobro e od pataya mada poslabo stojat so angliski... ima se sto ima u pataya i e poavtenticno iskustvo posto imas mnogu pomalku turisti (mada pak imas iljadnici)...
...мислам за сингл женско друштво! :P
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.339
Поени од реакции
10.210
Не, никогаш не би имала храброст да отидам негде на пат сама, иако многу пати сум го посакала тоа.
Сакам друштво и сигурност...сама во ресторан, кафич, ноќен клуб ..е не се оди :toe:..а и сама во хотелска соба никако.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.815
Поени од реакции
26.888
..а и сама во хотелска соба никако.
Зашто не ?! Таман ќе си собереш некој од бар или плажа или пак некое тинејџ крцкалче од poolboy, келнерите ,куфероносачите и одморот ќе ти го направи рај.
Твоја генерација гопожи од Англија, Германија, Скандинавија пари плаќаат за ова.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.339
Поени од реакции
10.210
Зашто не ?! Таман ќе си собереш некој од бар или плажа или пак некое тинејџ крцкалче од poolboy, келнерите ,куфероносачите и одморот ќе ти го направи рај.
Твоја генерација гопожи од Англија, Германија, Скандинавија пари плаќаат за ова.
Значи и тебе некоја таква госпожа од незнам само на која генерација мислиш поточно од Англија, Германија или од Скандинавија те собрала од под некоја клупа штом знаеш :P
ЈАС СУМ МАКЕДОНСКА госпожа бе душо и имам маж, а немам стандард како тие твоите дотични фуфи ( бре ама се испофалив):pos:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.717
Поени од реакции
19.017
Немам проблем да патувам сама, сум патувала и ќе патувам се додека ми се можностите.
Иако сум личност која сака друштво позитивното кога патувам сама е што сама си го организирам патувањето без да мора да му угодувам некого, можам да се влечкам на шопинг колку ми душа сака без да ме брзаат.
Со другарка заедно заминавме Мадрид ама често пати ни се деси секоја свој пат да си фати и дури вечерта во хотелот се среќававме.
Ни џи-пи-ес ни ништо, сама препуштена на мојот авантуристички дух цел град го прошетав :)
Си бара некогаш душичката рајат :)
Не гледам проблем во тоа сам да патува човек.
Надвор од државата доволно е барем Англиски да знаеш да гугниш нешто, во случај да се изгубиш, да останиш без интернет или слични ствари.
И да имаш финансиски средства, нормално. :)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Пред пандемијата многу често патував сам. Нема ништо страшно ни срамно во тоа. Некои места кои долго време сонував да ги посетам немаше ни да ги видам да не се решев да отпатувам сам.

Секако треба добра организација. Најпрвин правам план за целото патување, наоѓам превоз и сместување, и планирам кој ден што да посетам. Со мене секогаш телефон и полнач или power bank и нормално, цело време со вклучена офлајн мапа на местото. Во денешно време скоро секаде можеш да се разбереш на англиски јазик, па се информирам на лице место за некои работи.

Секако, некои моменти се поинтересни кога ќе се доживеат со друштво. Но ако во моментот такви се условите, не треба да се пропушти прилика да се посети извонредна дестинација само зашто нема кој да дојде со тебе. Подобро сам отколку со некој/некои со кои однапред знаеш дека нема да ти биде интересно или поради нив ќе пропуштиш да видиш и доживееш работи што ги планираш.
 
Capo Verde

MMA .
Член од
15 март 2022
Мислења
30
Поени од реакции
74
Последно бев Аргентина
убавина
 
Kajgana Shop

На врв Bottom