Немам време да сум активен на темата поради преголемите обврски во кои сум вклучен во моментов но на темава тоа што прочитав досега се гледа преголемо навивачко размислување во кое се губи тотален осет на реалнота, посебно кај русофилите.
Најјако ми е колку се заслепени сите од пропагандите на својата страна која ја избрале па не ни даваат да се даде до збор дека и другата страна трпи штети и тоа големи, дека не е се розово за неа, а реалноста е последиците од овој военконфликт само за 10 дена се поголеми на економски план од Ковидот за две години.
Од рускава пропаганда ми се гнаси , тврдат дека не бомбардираат цивилни објкети а има илјадници видеа дека е тоа така, бомбардираа објекти наменети за деца па тоа го негират како пропаганда, а уште погнасно ми е кога некој ктоа го опрадуваат како сега таму немало деца, а кога се ќе заврши децава нема ли да имаат потреба од вакви објекти кои повеќе ќе ги нема, цел свет го виде тоа и пак русиве негираат, од друга страна ми се гади и од целото лицемерие на Западот и начиниот на кој тие се однесуваат кон целиот конфликт.
Првично сите со поддршка за Украина а кога ги допре џебот прекинаа се, не им држи газот една финансиска криза да има кај нив, а не да помогнат на Украина суштински, се испосраа на цело.
Се борат против расизам а сега вршат најголем расизам врз русиве , што е виновен еден обичен руски спортист или било кого што е Русин па да му биде забрането да се бави со спорт, уметничка дејност, да се забрануват дела на уметници само затоа што се Руси, што згрешил некој што е етнички Русин или руски државјанин па да се соочува со вакви репресии и дискриминација, стоп за расизмот и клекнување, а од друга страна вршење на расизам врз цел еден народ поради дејностите на нејзината матична држава и власт.
Западот доживеа дебакл од невидени размери за нивните вредности во овој воен конфликт.
Уште почудни ми се нашиве кои се ситат на Украинциве дека вака ни било нас 2001, па токму оти нас ни беше така ние треба да сме оние кои се солидаризираат први со нив, посебно што тие Украинци беа тие кои и покрај сите последици со кои можеа да се соочат со притисокот и од НАТО и од Русија решија и и помогнаа на Македонија несебично во конфликтот 2001, народ со кој летово у Букурешт сите Македонци беа прегрнати, пиеа ракија , навиваа за Македонија и на крај тука некој им се радуват на нивната смрт, лицемерие рамно па можеби и поголемо од тоа на Западот.
Ако се солидаризираме со други дека им било вака направено, не дава за право сега тоа да се оправдува и обратно, ако претходно си оправдувал кога некој друг го врши тоа преиспити се самиот себе.
Кој што сака може да збори но Украинциве во целиот военконфликт покажаа преголема храброст, пожртвуваност и единствено како народ иако се поделени на многу повеќе основи од нас, а ние како народ и тоа како има што да научиме и треба да учиме од нив за тоа како се сака и треба да се бориш и жртвуваш за својата таковина, а не да си останеме воини само на тастатура.
Без разлика која страна ја бират членовиве на форумот јасно е дека ако оваа војна продолжи на долг временски период за нас како Македонци посебно тие што сме си во Македонија црно ни се пишува на економски план, посебно со оглед каква непособна влада имаме во моментот која буквално не знае кај тераше вака, па сега да не стане ни збор.