Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.930
Поени од реакции
4.083
Си трам и си уживам, хоби ми е шутирање на религиозни малоумници по форуми. Ништо лично.
Твојот изузетно висок и самоизмерен IQ не соодветствува на празнината од твоите постови.

Заклучок; празно од празно „иде„.
 
Член од
26 февруари 2022
Мислења
72
Поени од реакции
125
Твојот изузетно висок и самоизмерен IQ не соодветствува на празнината од твоите постови.

Заклучок; празно од празно „иде„.
Мики душо мачна, ти ли си? Сега ми е појасно. :D
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.101
Ќе дозволи ли Бог 3 светска војна, што мислите?
Погрешна формулација имаш со прашањето.
Поправило е да прашаш, дали во тоа лудило на убивање ќе се "удават" сите?
Арка требало да изградиш, бидејќи веќе почна да "врне".;)
 
Член од
26 февруари 2022
Мислења
72
Поени од реакции
125
Погрешна формулација имаш со прашањето.
Поправило е да прашаш, дали во тоа лудило на убивање ќе се "удават" сите?
Арка требало да изградиш, бидејќи веќе почна да "врне".;)
Оној момент кога ќе успееш да склопиш неколку реченици кои имаат било каква смисла, ќе го частам цел форум. Значи такви неповрзани бесмислици баботиш, да е тоа напросто загрижувачко.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.101
Оној момент кога ќе успееш да склопиш неколку реченици кои имаат било каква смисла, ќе го частам цел форум. Значи такви неповрзани бесмислици баботиш, да е тоа напросто загрижувачко.
Овде е религија... знаеш она за богови, дедо мразовци, метафори , змии што зборат , ангели и демони.

Ако не ти "никнале" заби за да јадеш цврста храна , оди во политика и храни се со помија.

Ме фати во добрите, па кажи што не разбра од мојот пост да ти преџвакам?
 
Член од
26 февруари 2022
Мислења
72
Поени од реакции
125
Овде е религија... знаеш она за богови, дедо мразовци, метафори , змии што зборат , ангели и демони.

Ако не ти "никнале" заби за да јадеш цврста храна , оди во политика и храни се со помија.

Ме фати во добрите, па кажи што не разбра од мојот пост да ти преџвакам?
Се разбрав, гледаш ти помогнав конечно да напишеш нешто што има смисла. Кажи благодарам.
 
  • Хаха
Reactions: alf

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.753
Поени од реакции
11.821
Хепта, и порано сме дискутирале на оваа тема и постојно се повторувам.
Ништо во духовното не се темели на знаење, туку на обратното исфрлање до момент на празнина, а преку таа празнина се здобива знаење за кое не се врзуваш како сеќавање или го складираш во себе. Ако во истиот момент не го запишеш "знаењето" испарило, толку не постои веќе.
Сме дискутирале кој знае колку пати и воопшто не е така. Вели не се темели на знаење, па потоа празнина, од која се здобива знаење... читани вакви њу еџјерски муабети не само од тебе туку и по мејлови и други форуми. Апсолутно измешани работи од многу учења, кои не ги знаеш бидјеќи... нели, нема потреба од запознавање со човештвото и неговите патишта!

Јас реков:
За да кажеш нешто е погрешно, треба да знаеш што е. Истражувајте се вие себе си и судете си каде сте погрешиле и поправате, тоа е моделот.... но за да велиш за учење дека е погрешно, мора да ги знаеш хиероглифите/симболите. Да си запознаен со нештата....

Не ги мешајте работите со истражување навнатре и нанадвор... Никој насила не ви бара да знаете за другата, но никој не ви ни бара да велите во незнаење што е погрешно што не...
Ќе мора да читате за другоста, себе си се истраживте.
Не може за нештото да велиш дека е погрешно бидејќи не одговара на твојот занес... или не ти се допаѓа оној што го зборува тоа што ти не го знаеш или го разбираш на сосема друг начин, далеку од познавањето на симболите кои се користат...
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.101
Сме дискутирале кој знае колку пати и воопшто не е така. Вели не се темели на знаење, па потоа празнина, од која се здобива знаење... читани вакви њу еџјерски муабети не само од тебе туку и по мејлови и други форуми. Апсолутно измешани работи од многу учења, кои не ги знаеш бидјеќи... нели, нема потреба од запознавање со човештвото и неговите патишта!
Знам што напишав, затоа дополнив дека такво знаење не можеш да го складираш во себе и да го запомниш.
Нешто како гугле, кој е празнен , но за секое прашање ќе ти појави- пренасочи до одредени одговори кој ги пребаруваш.

Луѓето кој доживувале таква состојба во неможност да дадат рационално прифатливо објаснување се повикувале на бог, аиваз или ангел , некакво духовно битие кое им пренесувало одредени знаења или пораки.

И токму на такви пишани пораки биле причина за појавување на религии , догми и филозофски правци.

Се надевам појасен сум сега!
Јас реков:

Не може за нештото да велиш дека е погрешно бидејќи не одговара на твојот занес... или не ти се допаѓа оној што го зборува тоа што ти не го знаеш или го разбираш на сосема друг начин, далеку од познавањето на симболите кои се користат...
Абе Хепта , ваши членови испаднаа тука полни со гнев , тие кој ја прифатиле телема за нивни филозофски правец.
Тие се доволен доказ за она што го зборев дека телема е опасна филозофија каде се чепка во духовноста на човекот и може да направите непоправлива штета.
А ти како нејзин промотер треба да се засрамиш и превземеш одговорност.

Плодовите не ви се добри.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.753
Поени од реакции
11.821
Не си јасен :)
Ти судиш според себе си, и бидејќи тоа е врвот за тебе, мора тоа да е врвот за секој друг. Ако ти не можеш да запаметиш едно свое умирање, твој проблем. Ничиј друг. Не мора да проповедаш христијански догми сеуште и да не враќаш назад.
Може да укажуваш како било и што значело нештото, нормално ако најдеш извори за да го потврдиш тој твој став - инаку е млатење празна слама.

Постојано ти повторувам дека не знаеш ништо за нештата за кои што сакаш да зборуваш или да ги омаловажуваш за да твојата форма на христијанство биде токму тоа што треба на човештвото, и постојано ми велиш „јас со духовното сега се ќе ти кажам како е апсолутно точно чекај само да ти цитирам христијанската света книга“.
Читај си ја библија, таа ти е најблиска бидејќи си роден тука, толкувај си ја, барај скриени пораки таму, применувај и живеј :)
Јас што сум нашол, ете ме, си го туркам патот... ден по ден, час по час...

Пробај со тоа твое зборување меѓу луѓето, не на форум - меѓу луѓето - и ќе знаеш каде се прават и кога се прават грешки. Бидејќи „духовното“ и „материјалното“ не се одвоени со граница. Светлината не прави скокови, ова по 100-ти пат.

Луѓето кои доживуваат било што во врска со суптилното (непристапното) на човекот, не зборуваат по форуми за тоа. Не зборуваат за тоа за да има дискусии. Така никогаш не било ниту ќе биде! Тие кажуваат и толку. Натаму светот се тркала според дадените симболи и зборови.
Види ги старите учења од истокот.

Но, бидејќи некои не може да го поминат сето тоа како што треба, се враќаат тука и егото им заболува и ги претвора во „просветлени“ кои „од ништо научиле се“ и не мора да читаат за да осудуваат и тие создаваат догми и религии, бидејќи сакаат народот да следи, а не да му се дадат алатки секој да напредува според својата можност и разбирање. Има разлики од религија и иницијаторска струја :)

Целта е да има што помалку такви кои ќе создаваат религии и догми! Доста е со тоа.

И ете не...
Пак за О.Т.О. и Кроули, големата твоја болка која никако не можеш да ја смириш.
Извини што постои Телема и О.Т.О. и што ти сметам во твојот чекор и патека која ја одиш.

Ајде пак ќе зборуваме за О.Т.О. :) Мене не ми смета...

Во О.Т.О. постои правило дека секој може да го напушти Редот кога сака. Нема забрани... тоа што некои луѓе не знаат да држат до својот даден збор и зборуваат сешто и што треба и што не треба од нивни причини (оправдани или не) - зборува повеќе за нив колку го разбрале и Законот и Редот, отколку што зборува за самиот Ред.
Јас на пример знам низ светот многумина кои се повлекле... ниту буква немаат кажано ниту напишано. Зошто е тоа така?
Бидејќи сите имаат свој пат за одење.

Како знаеш дека јас не сум еден од оние кои го напуштиле Редот?
Бидејќи не зборувам лошо за Редот?
Што не напаѓам Телемити и нивните патишта и разбирања на нештата? По што судиш кој кај е во однос на било што? Имаш моќ да расудуваш за другиот, без да имаш и најмали допирни точки со неговиот пат или систем кој го користи?
По тоа судиш или поточно мастурбираш кога си го задоволуваш егото? Сигурно ова е Г точката кај тебе!

Не биди толку низок, размислувај за нештата од повисоко, а не да ми зборуваш „не можам да запаметам јас од моите искуства се е празнина и потоа - бам светлина и Христос, друго нема!“ - еми вежбај за да можеш повеќе :)

Како што реков многупати до сега - Телема е за секој. И оној што ја ора нивата може да седи до амбасадорот или принцот во Ложата... тоа се тајни кои такви ко тебе немаат капацитет да ги склопат во умот, не пак да ги разберат.
Алатки има колку сакаш, неограничени... како што велиш ти, тука имало членови полни со гнев... зошто би имале гнев кон надвор? Зошто воопшто гнев? :)
Зошто ти имаш гнев кон Телема без да знаеш што е тоа? Бидејќи не е христијанство, не доаѓа од библијата која ја толкуваш? Тоа е доволно за гнев?
Не мора запознавање со нештото? Не а?

Инаку да, не мора да си иницијант во било кој Ред, за да си Телемит. Некои така велат.
Ако функционира нештото за другите, зошто да не функционира и за мене?

Секој што бара скривница од самиот себе во Телема - нема да ја најде. Нема бегање од себе си. Едноставно.
Така било, така е и така ќе биде. Езотеријата и тајните учења не се повеќе дувло на луѓе кои сакаат да избегаат и да се сокријат во „непознатото“.

Тоа е јасно како ден. Или ќе си ја решиш равенката или ќе си заминеш...
Така е за се во животот нели... или грешам?
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.101
Целта е да има што помалку такви кои ќе создаваат религии и догми! Доста е со тоа.
На кого тоа му е цел да има помалку такви кој ќе создаваат религии и догми? На вас , телемитите?
Постојано се повторуваме за едно исто,така ќе биде и сега.:)

Оваква идеа не е нешто ново,секоја верска-филозофска групација тежнее за некаква промена во општеството.Целата историја е полна со нови или враќање кон стари духовни вредности кој треба да бидат појдовна точка во животот на човекот.
Зошто да менуваш нешто на земјата , кога таму од каде доаѓа човековиот дух е со веќе меморирана "грешка"?
Треба "ресет " на духот да се направи ,за да се отстрани таа "грешка" ,а не промена во животот на човекот во однос тоа како и на кој начин ќе го осознае духовното во текот на животот со еден збор - да бара начин да ја отстрани таа "грешка".Ова може да се нарече..., да го родиш новиот Адам,а не да прешивуваш нови крпчиња на стара облека,ништо не си направил така,пак човек ќе се раѓа со "грешка" во духот и ќе се намножува злото!

Едно е да менуваш во животот,а сосема друго во местото од каде што доаѓа духот!
Треба да владееш со небото и земјата,а не само да имаш желба да менуваш на земјата!Не така.

Види , иако користам така наречени христијански термини од духовна книга, тие се само така именувани , етикетирани и присвоени од одредена група веници, но тие се само духовни книги кој зборуваат во една метафора за човек и тие не можат да се присвојуваат.
Ако јас се прашувам би ги запалил сите до една ,сите духовни книги.Ништо да нема во пишана форма за духовното!
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.753
Поени од реакции
11.821
На човештвото... му е доста. На тебе ти е доста. А не си Телемит. :)
На самите религии им е доста од тоа уште од самиот почеток, но реков, луѓе кои заболуваат, прават проблеми... затоа и реков дека нештата не се расправаат на форуми и не се дискутираат „ако владееш со небото и земјата“ имаш авторитет и тоа е тоа...
Но, ете ние тука дискутираме и философираме за она што ти си толкуваш од христијанската света книга, црквите и авторитет поставен низ вековите за тебе е невалиден кај православните свештеници, и си убеден дека тие не ја разбираат или намерно ја искривуваат „вистината“ во тие свети книги полни со метафори.
Само со метафори се полни? Мислев евреите се поумешни од тоа...
Да им беше до поезија ќе оставеа само Песна над Песните и доста е...

Зарем во новиот завет нема навестување за тоа? Во Куранот?
Тоа барем си читал... потсети се, да не морам јас да бидам поголем христијанин од тебе.

Батали ги Телемитите, не можам јас да зборувам за Телемитите, но за човештвото можам... бидејќи тоа опфаќа се, самиот човек.

Нема разлика надворешното со внатрешното и не знам како го разбираш тоа. Штом така велиш, нека ти биде така.

Добро е што ти не се прашуваш за било што... имавме такви фанатици кои палеа книги за време на нацистичка Германија. Се што не чини по твојот ум, не треба да постои и е погрешно, а умот твој собира по се изгледа малку и филтрирано, христијанска света книга ти е врвот, ништо понатаму, ништо наназад.

Не се „таканаречени“ христијански термини - тоа СЕ христијански термини.

Не дозволувам пред мене да го разводенуваш христијанството со екстра чекори. Едноставно. Христијанството е тоа што е со сета хиерархија и историја што ја носи со себе, добра и лоша - и ниту ти ниту било кој друг со вашите романтични толкувања не дозволувам пред мене да го ублажува тоа, свесно или не...
Или биди христијанин и прифати ја книгата за света и закон за тебе, или барај си или напиши си твоја света книга и предади ја на светот.
Толку е едноставно за „оние кои владеат со небото и Земјата“.

Ете бесплатен совет од мене. Колку е добронамерен, времето ќе покаже.

За владеењето на небото и земјата:

Во Liber XV или Гностичката Миса, централен ритуал на О.Т.О:, Девицата која влегува во Храмот го дава поздравот со „Поздрав до Земјата и Небото“.

Исто во Liber Tzaddi:

„Ви откривам голема мистерија.
Вие стоите помеѓу бездна од висина и бездна од длабочина.
Во која било од нив Ве очекува Сопатник; и тој Сопатник сте вие самите.
Не можете да имате друг Сопатник.

Многумина се воздигнале, бидејќи биле будалести.
Тие кажале
[Спуштете се долу во темниот величествен свет
и бидете венчани со она Слепо Суштество на Слузта.]

Јас кој сум од онаа страна на Мудроста и Лудоста, се воздигнувам и ви велам:
остварете ги и обете венчавки! Соединете се себе си со двете!
Внимавајте, внимавајте ви велам, ако го барате едното и го загубите другото!
Моите посветеници стојат исправено; нивните глави се над небата, нивните стапала се под пеколите.
Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот,
нека првиот ја засили пониската врска, нека вториот се прилепи поцврсто кон повисоката.
Така рамнотежата ќе стане совршена."
- Liber Tzaddi vel Hamus Hermeticus sub figurâ XC, A∴A∴ Publication in Class A (извадок од Магика Книга 4, А. Кроули)
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.753
Поени од реакции
11.821
И не знам што не ти е јасно... или нешто не ти одговара од напишаното па најлесно е вака сврзник и прашалник... со facepalm и „ете не над дискусијата“ :)

Чекам нови толкувања и „напитоци од изворот“ во иднина... и што е Исус и како христијаните лошо го разбрале или не го разбрале „како што треба“, а ти ќе ни кажеш како е навистина напишана и создадена нивната света книга и нормално, што е вистината.

Истото ме потсетува на првите христијански секти со ставот дека евреите не разбрале нешто од нивниот закон и de facto се виновници... сосема иста психологија.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.101
И не знам што не ти е јасно... или нешто не ти одговара од напишаното па најлесно е вака сврзник и прашалник... со facepalm и „ете не над дискусијата“ :)

Чекам нови толкувања и „напитоци од изворот“ во иднина... и што е Исус и како христијаните лошо го разбрале или не го разбрале „како што треба“, а ти ќе ни кажеш како е навистина напишана и создадена нивната света книга и нормално, што е вистината.

Истото ме потсетува на првите христијански секти со ставот дека евреите не разбрале нешто од нивниот закон и de facto се виновници... сосема иста психологија.
Поставив прашање,гледаш има прашалник на крајот.Е ...И ?Првиот дел си вадиш некој бладања од умот кој немам намера да ги коментирам,така мислиш и толку.

За вториот дел!
И? Откако ќе ги направиш двете венчавки?
Позната ти/ви е таа состојба?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom