Како телото се брани против бактерии... создава антитело,
... се мисли за патогени бактерии кои ги „напаѓаат“ нашите клетки не тие што се нормална бактериска флора што живееме во симбиоза, телото препознава и дозволува присуство во точни граници, ако премине тоа реагира со создавање на антитела дел која ќе ја уништи дел која ќе го штити телото за извесен период.
... да речеме актуелната бактерија Хеликобактер пилори, не дека ја немаме во нашето тело, ама до извесен титар ни е одредена со лабораториска анализа до 0.9 U/ml како нормална антитела на реакција на ХБПилори во граница што таа не ги ,,напаѓа" клетките во желудникот, арно ама ако поради Х фактори таа збувнува и се намножува веќе ќе ни го смени ацидитетот во желудникот што ќе ја разори - разјаде заштитната желудачна слузокожа со што постои опасност од крварење (формирање на чир), па таа сега станува патогена ,,лоша бактерија,,.
... ХБПилори кога веќе толку "збувна,, делува патолошки и телото реагира да ја уништи со создадената ХБП антитела која ние преку лабораториска анализа на серумот ќе ја детектираме како превисока да речеме 4, 5 U/ ml и веднаш ние знаеме дека треба да ја уништиме да не ни направи некоја беља што ќе ни донесе некоја желудачна болест,
...и ние во овој момент делуваме веднаш со тројна терапија што ќе ја уништи ХБПилори бактеријата и тоа еден лек- антибиотик, еден лек што ќе делува на протонска пумпа да го намали ацидитетот на желудникот со што не може да се размножува и уште еден лек антимикробик како метронидазол, една недела сите три лека, втора недела без антибиотик и потоа се проверува во фецес дали сеуште има присуство на ХБПилори,
... често тука грешат сите затоа што ХБП антитела може да биде присутна во крвта повеќе од шест месеци, а ние да сме ја уништиле со прво земање тројна терапија, арно ама поради погрешно толкување на такви резултати на пациентот од крв, а не од фецес, ќе му се ординира уште една тура од две недели тројна терапија со што се доведува телото во друг правец на последици од непотребните лекови токму поради присуство на ХБПилори антитела во крвта, наместо да се испита во утрински измет(фецес).
Како ќе го објасниш фактот кај луѓе кои "имуниот систем им е одличен", па се случува да имаат многу тешки симптоми, а луѓе кај кои се смета дека имуниот систем им е на бандаж, никому ништо
... човекот треба да има нормален имун систем кои ќе реагира „нормално“ , а не ,,одличен,, секоја претерана имуна реакција е од патолошка природа како причинител за проблеми од секундарно ниво при инфекција со патоген, со еден збор човекот се бори и против тој патоген и против својот силен имун одговор на тој патоген (не кај сите луѓе) кој го самоуништува самиот човек,
...голем број пациенти инфицирани со коронавирус починале токму од таа „цитокинска бура“ на претерана имуна реакција, при што цитокините делуваат како посредници помеѓу делови од имунолошкиот систем, лачејќи се од разни клетки - лимфоцити, моноцити, макрофаги, реагира со прекумерно размножување на клетките на имунолошкиот систем што лачат цитокини, што пак ги активира новите клетки на имунолошкиот систем, а не конкретно од коронавирусот.
...таа хиперимуна реакција (не ја имаат сите па и тие со ,,бандаж" имунитет) - би рекле имуна реакција- имунопатолошка со хиперпродукција на цитокини што предизвикува алвеолите да станат ,,затнати" во белите дробови се создава едем (оток) што го спречува влегувањето на кислородот во крвотокот, ги затнува крвните садови во бубрезите и другите органи, а за кратко време доведува до откажување на виталните системи на организмот и тоа во експресен рок од 24 - 48 часа и тука веќе нема спас, затоа пак тој доктор кој ќе реагира правовремено во тие 24ч со лек да го блокира, намали, тој пресилен имун одговор како што ударна доза на кортикостероид, но не да направи таа доза пак други споредни компликации, пациентот ќе се спаси барем во моментот од фатален исход од таа ,,цитокинска бура" до постепено намалување на кортикостероидот и ставање во контрола тој прејак имун одговор за да продолжи потоа посмирено во уништување на коронавирусот и балансирање на несаканите реакции врз целокупното синхронизирано работење на организмот,
... покачена температура која нема да штети на телото затоа што тоа самото ја подига со цел да ги убие патогените ( бактерии, вируси) кои не трпат висока температура, ние од страв дека 38,5 С е опасна за нас веднаш лековите да ја спуштиме, прво 39 С да премине па да се размислува за спуштање со лекови другото истрај и телото ќе ја среди инфекцијата, ние со лекови го зезнуваме сопственото тело оти треба да имаме испод 37 С, а што како да се размисли?
ма јок, тогаш телото ја пали посилно капислата и пак ја подига температурата после земените антипиретици (аспирин, парацетамол) лекови и тоа најчесто уште повисока за да си ја заврши работата на уништување на вирусот/ бактерија, уште несигурни што е ?
.....а ние тогаш бааам антибиотик последен удар на нашиот имунитет да го докрајчиме на почетокот на инфекцијата, затоа што таа покачена температура не е од воспалителната реакција на вирус/бактеријата, па ние да удриме со антибиотик (уште не сме сигурни дали е вопшто вирус а антибиотикот џабе нема да делува) туку покачена темпетатура предизвикана од нашето тело ,,термално оружје,, да се уништи со висока топлина вирусот/актеријата,
... тука веќе телото дига раце си вика ,,крши глава,, кога ја немаш и почнува агонија на болеста и лечење која ќе трае не недела, не две туку месеци со покашлување и други нелагодни симптоми кајо последица од неправилно третирање на предболеста и текот на болеста,
...извините, предолго, ама онака некако да биде разбирливо и разглобено, колку е сложено толку е едноставно кога се бара точниот механизам и одговорот со решението е тука,