Секој може да каже бројка што му одговара или бројка за која се "очекува да биде соодветна" за другата страна, нели? Значи, никој, никогаш не може да знае со сигурност дали таа бројка е реална, намалена или претерана.
Сфаќам што сакаш да кажеш, ама бројката е ирелевантна. Важно е само партнерите да ги согласат своите ставови по тоа прашање, независно какви се истите.
Имаш право за одредени работи. Соодветен број за таква работа е субјективно, за некого може одреден број да е малку и прифатлив, за некој па не. Кога малку ќе застанеме и загледаме, се е субјективно, затоа и е залудно да се расправаме за тоа кој е - а кој не е во право.
Мислам дека сепак е клучно да се познаваме самите себеси, што тражиме и што уствари ни смета, нели? Сепак бирање на партнер со кој би требало да живееме до крај на овој живот не е мала работа, барем не лично за мене, а свесно да сакаме да живееме со нешто што ни смета е парадоксално. Баш тоа живеење со работи кои што ни сметаат, а ги знаеме е причината поради која што бракови и врски завршуваат во разводи и раскинување после двоцифрен број години заеднички живот.
Затоа и нагласив, дека сексуална историја со ОДРЕДЕНИ луѓе ми смета исто како што би ми сметало огромна (според мене) сексуална историја со рандом луѓе. Двата случаеви кажуваат одредени работи за минатото на партнерот, а јас лично сметам дека луѓето не се мењаваат драстично у краток временски период.
"Никад не питајте жену да вам каже нешто од своје прошлости.
Ниједна не воли да има прошлост, нити јој даје какву цену; а ако вам крије прошлост, то није зато да њу сачува за себе, него да вас не изгуби. Ако хоће да прећути прошлост, то је и зато што је жена према прошлости одиста равнодушна, јер жена по природи није романтик. Жена не подноси спомен. Она бездушно све крије јер не жели да има очи ни на чему што није у вези са човеком којег воли у том тренутку. Жена живи с дана на дан." -Јован Дучиќ (Благо цара Радована)
Многу убав цитат.
Факт е дека сите грешиме, како и тоа дека имаме грешки во минатото за кои што не сакаме да зборуваме или избегаваме да зборуваме.
Но, сметам дека при секоја посериозна врска треба да се разговара за минатото. Јас лично верувам дека како што историјата се повторува, така и минатото се повторува, а некој кој што не бил верен во љубовна врска во минатото, нема да биде верен во љубовна врска ниту во иднина, со чест на одредени исклучоци кои што си ја имаат во минатото воочено сопствената грешка.
Дури и статистиката е на моја страна, тие кои што во минатото имале афера во љубовна врска или пак брак, за нив студиите и статистиката вели дека дури три пати е поголема шансата пак да имаат афера во иднина. Што мислиш, каква е статистиката за промискуитетот?
(
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5709195/)
Избегаваме одредени моменти и работи од минатото се со цел да го прикриеме сопствениот срам, затоа на одредени луѓе денес им е екстремно тешко искрено да одговорат на прашањето за тоа колку партнери имале во минатото, кои се тие и зашто тие врски или пак бракови не успеале. Личност која што не се срами од сопствените грешки во минатото, нема проблем да одговори на такво прашање, како што немам ни јас проблем да одговарам на такво прашање, кога во секоја врска сум бил верен и лојален.
btw - одиме во оф-топик, у случај да бидам цитиран ќе ве замолам тоа да биде во друга соодветна тема за овој моабет или по пат на приватна порака во случај да нема таква тема сеуште отворено.