Очајна, како жена и како мајка, до некаде те разбирам за стравот кој го имаш за своето дете, ама верувај дека ти е неоснован.
Германија, за разлика од Македонија, кога се работи за заштита на деца, функционира многу добро.
Нека не те вознемируваат разно-разни приказни по форумите, прво, никој реалната ситуација и проблем нема да ги изнесе во целост, второ, не знаеме за каков ментален склоп на луѓе се работи.
Туку така Германија нема да одземе дете на никој, сигурна сум во тоа.
Нашиот балкански менталитет, свест, општо земено, за нормални брачни, фамилијарни, родителски односи и не е баш за пофалба. Чест на исклучоци.
Читајќи те, сфаќам дека и ти не си доволно свесна за ситуацијата во која се наоѓате ти и твоето дете. Додека мислиш дека му правиш добро со тоа што остануваш во брак со нечовек, макар и привремено, а читам дека не е, насилството се случило пред неколку години а веројатно ќе поминат уште додека се одлучиш да го напуштиш, твоето дете расте во средина која никако не е здрава за него.
Ти материјално можеш да го обезбедиш да не му фали ништо, но емоционално, во дисфункционално семејство тоа дете трпи последици кои ништо не може да ги надомести.
Секој поминат ден во таа средина е токсичен за сите, најмногу за него. А што е со твоето здравје?!
Е сега, можеби постои и друга причина која те спречува да заминеш, јазична бариера, страв каде би заминала со детето сама, финансиска состојба итн…
Ако имаш пишувано за ова, се извинувам, не сум во тек

Но, дури и да е така, Германија нема да те остави на улица!
Те молам, имај го ова на ум!
Жено драга, не се осудувај на живот без љубов, внимание, почит. За се постои решение!
Ако веќе стварно не можете да најдете заеднички јазик, разделбата е единствен разумен излаз!
Но, нешто друго ми падна во очи, кај муабетот дека сакаш да помине време пред да бидете повторно интимни со сопругот, да се потруди да те заведе, мене ми изгледа дека ти сепак не си решена дека сакаш животот да го продолжиш без него и оставаш простор нештата да се подобрат. Дали сум во право?

Да бидеме реални, жени кои се решени да заминат, по цена макар и на сопствениот живот, го прават тоа во земји каде се само една безгласна буква, едно големо ништо, речиси сигурни дека ќе платат со глава, а не пак во Германија, каде жената е заштитена со закон! Закон кој функционира на дело!
Седни си сама со себе, со ладна глава и размисли што сакаш. Ако решиш да останеш во тој брак, значи не е се така црно и има простор да се работи за негово задржување. Инатот, во тој случај, не ти е од пријател.
Ако пак си решена да заминеш, нема што да чекаш. Времето само ќе ви ги изгуби годините и здравјето.
Во секој случај, ти посакувам многу среќа и храброст понатаму!